- Член од
- 28 јули 2016
- Мислења
- 57
- Поени од реакции
- 76
Здраво на сите Кајгана форумџии...
Нова сум на форумов, често го посетувам и знам да си се пронајдам во некои теми , па си реков ајде и јас да се зачленам да се помогне со некоја сугестија, совет, мислење и сл.
Да се навратам на темава...
Во последно време социјалните мрежи станаа дел од нашето секојдневие, нивната претераната употреба доведува до недоразбирање помеѓу партнерите, кои на крајот може да завршат со раскинување на врската. Запоставувањето на партнерот поради предолго дремење на фб и појавата на љубомора поради комуникација со други лица се едни од причините.
Темава ја отворам зошто пред некое време раскинав 2 годишна врска, а една од причините беше и фб. Сеуште неможам да се помирам дека типот стави крај за глупост после се што поминавме.
Уште на почетокот имаше навика да ми чепка по телефон, да истражува кој ми бил другар кој ми бил бивши дечко, од кого имам најмногу лајкови по слики, зашто некои од пријателите ми биле избришани па после пак додадени, вршеше детално истражување со кого сум била за времето кога јас воопшто не сум го ни познавала. Се распрашуваше по луѓе за моето минато... Многу пати разговаравме да се престане со таа фарса да се посветиме на врската, таман ќе тргне, па пак се враќа на старото и така си се вртевме во круг. Кога го прашав зашто го прави тоа ми кажа дека многу тешко е да се изгради доверба кај него бидејќи во минатото многу го повредувале. И така никогаш немаше доверба и секогаш нешто му беше сомнително.
Направив многу работи, барав решенија да се среди, да профункционира ама сама во врска не се може. Не ја гледаше сегашноста, си ја тупеше главата со минатото.
Почнав да наликувам на него, не за џабе рекле ским си такав си... па се осмелив да чепнам на кратко што има кај него на фб и кога што да видам... БУМ !!! Флерт со други жени во време додека е со мене, барање резерви, што ли беше тоа незнам. Бев во шок ама ајде пак се за љубов... поминав низ тоа.
И покрај тоа што му беше дозволено се, си се опушти уште малце па ми го проби фб без мое знаење. Почнал да чита муабети со некои фаци со кои сум правела муабет уште пред 3-4 години, да им пишува, да си ствара свои филмови во глава како сите тие луѓе мене ми биле бивши, по незнам кој пат почна да прави скандали, да вреѓа, пцуе, колне... Немал доверба во мене, јас не сум била искрена и крај... раскина.
Дали според Вас е нормално ваквото однесување?
Се извинувам за рефератов