Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Грешката е личен акт, не е пренослив и не може да стане туѓ. За моите грешки, јас сум одговорен, не е дедо ми покоен.
Тогаш зошто ги крштевате новороденчињата? Нели грешката не се пренесува?
 
Тогаш зошто ги крштевате новороденчињата? Нели грешката не се пренесува?
Тие се крстат да се здобијат со даровите на Светиот Дух!
 
Не, затоа што часовникот не е разумен и не е слободно волен, ама саатчијата кој го створил саатот, е и разумен и слободно волен па само кај/од него може да биде грешката во саатот...[DOUBLEPOST=1469403525][/DOUBLEPOST]

Е оти си стипса па нејќиш да ни кажиш за будуќноста? Светла ли е, мрачна ли е, розева ли е...:(

Особина на немоќниот е да лаже за иднината, јас искрено признавам дека неможам да ја знам истата, но сум доволно способен да видам дека постојат и такви кои што лажат за истата. Пример Јован во Откровението хахаха.
 
Разумност, слободоволност и слично се особини! Како што часовникот има особини - аларми, водоотпорност и слично! Какви особини ќе има креацијата, зависи од креаторот! Ако креацијата има грешка, тогаш за тоа е одговорен креаторот, не креацијата.

Часовникот е створен, не е творец. Особините кај луѓето се вродени, не се створени. Чавовникот не е жив и не е разумен, нема свесност, нема совест, не делува сам од себе и не може да згреши. Човекот е спротивно од сето наведеново...
 
Примерот со чевлите значи априорно поставена можност за избор, иста како што им беше посочена на Адам и Ева. Тие не бираа според своите „особини„, туку слободно волно.
Адам и Ева немале сознание за добро и зло, што значи неможе да ги сметаш за одговорни! Ако мекој нема сознание што е добро а што зло, тогаш неможе да знае дали постапката што ја прави е добра или не.
 
Ја не сум на ЛСД и опојни дроги! Сори! Вие?

Тогаш зошто го трипаш Исус цело време?
Тие се крстат да се здобијат со даровите на Светиот Дух!

Тие беа лекување лепорозни, лекување слепи и ивалиди, а јас не видов некое новороденче да шета по патот да зборува чудни јазици од царството небесно, да лекува слепци и лепорозни ниту да фаќа покемони во името на Исус. :D
 
Адам и Ева немале сознание за добро и зло, што значи неможе да ги сметаш за одговорни! Ако мекој нема сознание што е добро а што зло, тогаш неможе да знае дали постапката што ја прави е добра или не.
Знаеле што е смрт и кои се последиците. Затоа и се криеле после тоа, наместо да ја признаат грешката. Знаеле и за добро и за зло, но немале вкусено зло. Само знаеле!
 
Адам и Ева немале сознание за добро и зло, што значи неможе да ги сметаш за одговорни! Ако мекој нема сознание што е добро а што зло, тогаш неможе да знае дали постапката што ја прави е добра или не.

На Адам и Ева Бог им посочи можност и им укажа на последиците од истата. Кој вели дека не знаеле, кога им било укажано? Да, не знаеле искуствено, но знаеле „теоретски„ според она кое Бог веќе им го посочил.

Така, Адам и Ева немаа можност за самоамнестија, иако Бог на Адама му даде временска „фора„ за покајание, кое Адам го претвори во самооправдување и осудување.

Значи Адам и тоа како знаел дека веќе згрешил, иако бил навремено од Бога предупреден...
 
Знаеле што е смрт и кои се последиците. Затоа и се криеле после тоа, наместо да ја признаат грешката.

Јако е тоа што сеприсутноста на госпот не е потврдена таму туку тој отишол да шета, па после дошол да ги види Адам и Ева, а овие му се криеле. Леле човече во какви сказни веруваш... не си нормален. :D
 
Тие се крстат да се здобијат со даровите на Светиот Дух!
Демек немаше крштевањето ништо со ,,првобитниот грев"?
Часовникот е створен, не е творец. Особините кај луѓето се вродени, не се створени. Чавовникот не е жив и не е разумен, нема свесност, нема совест, не делува сам од себе и не може да згреши. Човекот е спротивно од сето наведеново...
Ако човекот е креација, тогаш и неговите особини се креирани, промислени, предвидени од неговиот креатор! Принципот е ист - Креатор и креација. Ако креаторот тврди дека не направил грешки, тогаш неможе да тврди ни дека креацијата е грешна.[DOUBLEPOST=1469404508][/DOUBLEPOST]
На Адам и Ева Бог им посочи можност и им укажа на последиците од истата. Кој вели дека не знаеле, кога им било укажано? Да, не знаеле искуствено, но знаеле „теоретски„ според она кое Бог веќе им го посочил.

Така, Адам и Ева немаа можност за самоамнестија, иако Бог на Адама му даде временска „фора„ за покајание, кое Адам го претвори во самооправдување и осудување.

Значи Адам и тоа како знаел дека веќе згрешил, иако бил навремено од Бога предупреден...
Ако Адам и Ева можеле да разликуваат добро од зло, која е поентата да им биде забрането сознанието за добро и зло? Тоа е исто како да забраниш некому да научи да чита и да пишува, и забраната да му ја врачиш во пишана форма.
 
Ако човекот е креација, тогаш и неговите особини се креирани, промислени, предвидени од неговиот креатор! Принципот е ист - Креатор и креација. Ако креаторот тврди дека не направил грешки, тогаш неможе да тврди ни дека креацијата е грешна.

Може; креацијата не би згрешила само ако истата биде механички уред, кој се движи во строго зададени насоки и не може да избере ниту една од нив, туку делува по нужност и по принуда.

Адам и Ева на ништо не беа принудени, туку имаа оставена можност.
 
Може; креацијата не би згрешила само ако истата биде механички уред, кој се движи во строго зададени насоки и не може да избере ниту една од нив, туку делува по нужност и по принуда.

Адам и Ева на ништо не беа принудени, туку имаа остабена можност.

Едноствно е тогаш. Госпот реши да создаде креација на која што ќе и даде можност, но едната од тие можности ќе биде полесна, во едно госпот го создаде човекот немоќен до степен да се спротиви на тешкотиите и искушенијата, госпот знаеше дека човекот ќе падне и дека сите негови чеда после ќе бидат грешници поради нивните пра баба и дедо Адам и Ева. Госпот има сериозен проблем, а како негов следбеник и ти исто!
 
Ако Адам и Ева можеле да разликуваат добро од зло, која е поентата да им биде забрането сознанието за добро и зло?

Тоа е нивната духовна неподготвеност и духовна недораснатост за да ги дознаат тие нешта. Според Божјата промисла, Адам и Ева би дознале многу нешта од Божјата се‘ знајност, но Ева не покажа никакво трпение и сакаше да дознае „преку трупа„.
 
Знаеле што е смрт и кои се последиците. Затоа и се криеле после тоа, наместо да ја признаат грешката. Знаеле и за добро и за зло, но немале вкусено зло. Само знаеле!
Па самиот си напишал - после тоа! Пред тоа немале сознание за добро и зло! Без тоа сознание, како ќе знаат дали е добро или не ако послушаат или не послушаат некого?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom