Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Продолжуваш со телесното мудрување...

Бог створи разумни битија: ангели и луѓе, за да бидат блиски до Него и да ги восприемаат Божјата добрина и бесконечно знаење.

Ако Бог сака(ше) да створи роботи, Он ќе си ги створеше и тие ќе беа безумни/бесловесни творби, кои не ќе подлежена на суд и казна/награда. Воедно, таквите безумни битија би биле апсурдни во своето постоење а за Бога, бескорисни и беспредметни.

Така, наместо да запаѓаш од еден во друг апсурд, обидувајќи се да го оправдаш своето неверие со наоѓање на Божите „грешки„, тргни од својата грешност и непознавање на нештата кои ги коментираш.

Адам веќе Го обвини Бога (и жена си) за својата грешка, а ти само ја преповторуваш истата.
Апсолутно е небитно што и како створил, ако дел од тоа што го створил или допуштил го смета за погрешно, тогаш тој е несовршено битие, демијург.
 
Адам веќе Го обвини Бога (и жена си) за својата грешка, а ти само ја преповторуваш истата.
Адам и Ева беа невини, нив госпот ги осуди оти одбраа злло иако не распознаваа добро од зло ниту знаеа шо е добро и зло - а такви лично госпот ги направил.
Тоа е чисто госпотова грешка која ја направи брзоплето и во состојба на бес
 
Хммм, да...
Како ти текна пак да напишеш грешка?[DOUBLEPOST=1469397291][/DOUBLEPOST]
Апсолутно е небитно што и како створил, ако дел од тоа што го створил или допуштил го смета за погрешно, тогаш тој е несовршено битие, демијург.

Зашто го користиш изразот „погрешно„ наместо „зло„? Го препиша од другар ти @SpaceTraveler ?

И тоа како е битно она кое е створено, оти веќе е створено, и, како очигледно, постои.

Ако Бог створеше безумни битија, тогаш нивното постоење би било бесмислено и бесцелно: механички битија кои механички би се самоповторувале, без да чинат „добро„ или „зло„.

Творењето разумни битија има за цел, истите да бидат во заедница со Бога, врз/со кои (битија) Бог ја дели добрината и се‘ знајноста.

Разликата е очигледна.
 
Хммм, да...
Како ти текна пак да напишеш грешка?
He e грешка, Адам и Ева живееле во градината без да знат добо или зло и да ги разликуваат, шетале голи а не знаеле дека тоа не е добро, не биле свесни, и кога ја послушале змијата - не знаеле дека прават зло, а заради тоа госпот ги казнил иако самиот тој ги лишил од познавањето на доброто и злото, и сега цело човештво иљадници години е под таа неправедна кзна на госпот
 
Зашто го користиш изразот „погрешно„ наместо „зло„? Го препиша од другар ти @SpaceTraveler ?

И тоа како е битно она кое е створено, оти веќе е створено, и, како очигледно, постои.

Ако Бог створеше безумни битија, тогаш нивното постоење би било бесмислено и бесцелно: механички битија кои механички би се самоповторувале, без да чинат „добро„ или „зло„.

Творењето разумни битија има за цел, истите да бидат во заедница со Бога, врз/со кои (битија) Бог ја дели добрината и се‘ знајноста.

Разликата е очигледна.
Поентата е дека ако има само еден креатор и се е според неговата промисла, тогаш апсурдно е истиот тој Бог да прогласува за зло или за погрешно, дел од неговата сопствена креација!
Тоа би значело дека направил превид - грешка! Дека постои нешто што не било дел од неговиот план. Такво битие е далеку од совршено и не е господ.
 
... Ти најде за безобразлук и дрскост да зборуваш?! Ти што секој пост ти е исмевање и напаѓање на се што не е православно?!
Изгледа ги заборави пораките што ми ги прати пред некое време на ПП, ти најде да зборуваш за безобразлук измевање и напаѓање? Со кое лице, хипокриту фарисеју!!!?[DOUBLEPOST=1469398499][/DOUBLEPOST]
Нели господ е сезнаен и семоќен, зошто допуштил постоење на битие како ѓаволот?
Зошто не е робот и ја цени слободата на секоја твар.
 
Со кое лице, хипокриту фарисеју!!!?
Исусовите ставови и идеи беа блиски до фарисејските, дури и некои изреки кои му се припишуваат на Исус се изреки на познати фарисејски учители. Идеите на фарисеите и Исус за реформи во високото свештенство и храмот - се поклопуваат
Исус беше профарисејски орјентиран
 
Изгледа ги заборави пораките што ми ги прати пред некое време на ПП, ти најде да зборуваш за безобразлук измевање и напаѓање? Со кое лице, хипокриту фарисеју!!!?
Кога некој ме исмева, клевети, нарекува телетабис, секташ и што уште не, како треба да постапувам?
Сигурно не сум навредил некој онака без причина, затоа што така ми текнало. Ти се декларираш дека си христијанин, еве што ти е порачано како да се однесуваат другите кон тебе:

Лука 6:
31.Постапувајте со луѓето онака, како што сакате тие да постапуваат со вас![DOUBLEPOST=1469398940][/DOUBLEPOST]
Зошто не е робот и ја цени слободата на секоја твар.
Ако ја цени слободата, тогаш зошто би казнувал кога некој ќе ја искористи таа слобода?
 
...ако се самооценуваш...:icon_lol:
не, ја оценуваме библијата, во неа убаво стои дека ни Адам ни Ева не разликувале добро од зло а госпот ги казнил и нив и сите човечки поколениа оти одбрале зло наместо добро шо е погрешна, апсурдна и неправедна казна
 
Поентата е дека ако има само еден креатор и се е според неговата промисла, тогаш апсурдно е истиот тој Бог да прогласува за зло или за погрешно, дел од неговата сопствена креација!

Нит‘ е апсурдно, нит‘ е погрешно; прочитај во Постанокот и ќе видиш дека после секој завршен ден, Бог (пр)оценува дека створеното од Него „...е добро...„. Едноставно (нели...): добар Бог твори добри нешта.

Злото никаде не е наведено како створена категорија, која има своја природа.

Бог ги задава Заповедите, како дистинкција за „добро„ и „зло„ после едно пар илјади години по Адама, и тоа им го дава само на Израилот, а не на сите луѓе.[DOUBLEPOST=1469399970][/DOUBLEPOST]
Тоа би значело дека направил превид - грешка! Дека постои нешто што не било дел од неговиот план. Такво битие е далеку од совршено и не е господ.

Соврешно и нестворено битие, како Бог, не може да згреши: греши само несовршено и створено битие, како човекот.[DOUBLEPOST=1469400039][/DOUBLEPOST]
не, ја оценуваме библијата, во неа убаво стои дека ни Адам ни Ева не разликувале добро од зло а госпот ги казнил

Дај потсети не‘, кај е ова напишано...
 
Нит‘ е апсурдно, нит‘ е погрешно; прочитај во Постанокот и ќе видиш дека после секој завршен ден, Бог (пр)оценува дека створеното од Него „...е добро...„. Едноставно (нели...): добар Бог твори добри нешта.

Злото никаде не е наведено како створена категорија, која има своја природа.

Бог ги задава Заповедите, како дистинкција за „добро„ и „зло„ после едно пар илјади години по Адама, и тоа им го дава само на Израилот, а не на сите луѓе.
Ако Бог кажал дека створеното од него е добро, тогаш од кого е тоа што ќе го прогласи за зло или за погрешно? Двајца господи има?
 
Ако Бог кажал дека створеното од него е добро, тогаш од кого е тоа што ќе го прогласи за зло или за погрешно? Двајца господи има?

Веќе одговорено; од првиот Божји противник.

И, нема „двајца„, туку „тројца„; Света Троица, една Божја природа во три ликови.
Лукавиот само сакаше да стане бог.
 
Соврешно и нестворено битие, како Бог, не може да згреши: греши само несовршено и створено битие, како човекот.
Тогаш како може да постои било што кое не е дел од неговата волја? Ако вие тврдите дека Бог е судија, тогаш тоа значи дека треба нештата да ги дели на добри и зли, погрешни и исправни, соодветни и несоодветни! Ако Бог не прави грешки, а се потекнува од него, тогаш од каде дошло тоа што тој ќе го прогласи за зло, погрешно, несоодветно?[DOUBLEPOST=1469400398][/DOUBLEPOST]
Веќе одговорено; од првиот Божји противник.

И, нема „двајца„, туку „тројца„; Света Троица, една Божја природа во три ликови.
Лукавиот само сакаше да стане бог.
Значи Бог допуштил или создал противник, некој што е причина за зло. Тогаш таквиот "бог" не е безгрешен, направил превид, допуштил да постојат зли, непотребни нешта.
 
Апсолутно е небитно што и како створил, ако дел од тоа што го створил или допуштил го смета за погрешно, тогаш тој е несовршено битие, демијург.
Бог сѐ створил совршено. Правото на избор на секоја единка е правото на избор меѓу доброто и ложото. Инаку изборот не би бил избор. Бог не е нсамо Создател, Отец, Оној кој го надгледува созданието, кое не е препуштено само на себе.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom