Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
А што бида со референцатата? Кај ти отиде? Не функционисаТ или што?...
Е кај отиде де? На ниедно прашање не видов одговор? Што е разликата помеѓу вашата и ,,објавената" вистина на другите? И тие и вие на жими мајка се повикувате. Вашиот збор против нивниот. Кое е тоа едно православие? Твоето? Од Берик? Од Невски? Од Зоте? Од спирос?
Се што може да се види од тебе е бесконечно дебилно тролање и спамирање.
Почни сега да верглаш, бррррм, врррр и слично. Уште тоа ти остана од репертоарот.
 
... ќе го викнеше Ристос да дојде со труби и архангели и веселби и плач на племињата ќе нарпавеше македонска крвава свадба на нас безбожниците и амин оче. ...
Вистинскиот Бог, оној кој упорно го отфрлате, не е никаков диктатор! Дал секому слободна ВОЉА и по неа, како и по нејзините дела, ќе му се суди на секого - сакале вие или не, верувале вие или не, очекувале вие или не. Таков е хепи ендот, што да се праи. Сега хепи енд или нешто друго че бидне, тоа од секого зависи. Затоа Бог остава да се случуваат неправди на овој свет, а секого кој е онеправдан на овој, че биде оправдан во Царството Небесно. Занчи, пошто некој овде упорно користи (неуспешно) некакви стихови од Нов Завет, би требало да знае дека истиот Нов Завет пишува дека Христос ВОСКРЕСНАЛ на 3от ден, како што кажал, и дека на секого кој че поверува во Него и биде крстен во името на Отецот и Синот и Светиот Дух (оние вистинските од Света Тројца, не некои измислени ЛСД халуцинирачки ликови, од марвел) ќе биде спасен, бидејчи че биде дел од Црквата Христова.
п.с. Мики, немора на секое трол питање да им одговараш, кој што дробел тоа че си срка.[DOUBLEPOST=1469393352][/DOUBLEPOST]
Која православна? Онаа на @Beric Dondarrion според која кабалата не е во спротивност со православието? Твојата и на Невски според која кабалата е демонска? Онаа на спирос според која Исус проповедал ислам? Онаа на Зоте според која земјата е плоча?
Берик е православен колку што јас се викам Херман Хесе, спирос НЕ Е православен, и.т.н. И ја можам да отворам пеес акаунти и да тролам па да се повикувам на истите ама џабе... некад се смеам на бесмисленоста во која што се впуштате така смело и дрско, да не речам БЕЗОБРАЗНО понашање, ама нека ви е на чест. Се надевам има нормални читали кои би ја уочиле разликата без никаква потешкотија!
 
Вистинскиот Бог, оној кој упорно го отфрлате, не е никаков диктатор! Дал секому слободна ВОЉА и по неа, како и по нејзините дела, ќе му се суди на секого - сакале вие или не, верувале вие или не, очекувале вие или не.
Сакале вие или не, останува фактот дека апсолутно битие од кое потекнува се и се е според негова промисла, е апсурдно да се става себе си во улога на судија! Бидејќи со тоа самиот себе си ќе пресуди дека не е апсолутен, дека не е сезнаен, дека не е семоќен, дека не е господ!
Судењето подразбира подредување на нештата на погрешни и исправни, на добри и зли. Ако се е креирано и допуштено од господ, тогаш од кого е тоа што тој ќе го прогласи за погрешно? За непотребно? Колку сакате рипајте, ова е аргументот што го руши како кула од карти вашиот концепт за Бог.
 
За некој да воскресне - треба да биди мртов, а кај исус има голема веројатност дека не умрел на крстот:

римјаните распнувале на прометни места покрај пат или пред градски порти со маса луѓе која ќе го гледала примерот на казнувањето
Исус е распнат во приватна градина далеку од луѓето

распнатите обично умирале по неколку дена а има случаеви да преживееле и дестина дена на крст
Исус “умира“ после 2-3 сати

Римјаните секој распнат го оставале на крст се додека не почне мртвото тело да се распаѓа и да го јадат мршојадци
Телото на Исус е симнато од крст штом некој рекол дека е мртов

Римјаните телата на распнати ги фрлале во масовни гробници и не го давале ниту на роднините да го закопаат
На исус телото му е дадено на човек кој не беше ниту роднина со него

Сето ова дава оправдано сомнение дека распнувањето повеќе служело како обмана или претставва и дека никој смртно не страдал во тој чин.
 
Берик е православен колку што јас се викам Херман Хесе, спирос НЕ Е православен, и.т.н. И ја можам да отворам пеес акаунти и да тролам па да се повикувам на истите ама џабе... некад се смеам на бесмисленоста во која што се впуштате така смело и дрско, да не речам БЕЗОБРАЗНО понашање, ама нека ви е на чест. Се надевам има нормални читали кои би ја уочиле разликата без никаква потешкотија!
Ма секако! Никој не е православен освен тебе и Мики научникот.
Ем шуто ем боде. Ти најде за безобразлук и дрскост да зборуваш?! Ти што секој пост ти е исмевање и напаѓање на се што не е православно?!
 
Сакале вие или не, останува фактот дека апсолутно битие од кое потекнува се и се е според негова промисла, е апсурдно да се става себе си во улога на судија!

Кажувајќи го ова, се обидуваш со текст (не со дела!) да се самоамнестираш себе си, воедно, негирајќи ја Божјата улога на праведен Судија. Просто кажано, смртно битие негира бесмртен Бог.

Што друго имаш освен зборот Богоборски?
 
Ако се потекнува од Господ, од кого потекнува тоа што тој ќе го прогласи за погрешно, за зло?
 
Судењето подразбира подредување на нештата на погрешни и исправни, на добри и зли. Ако се е креирано и допуштено од господ, тогаш од кого е тоа што тој ќе го прогласи за погрешно? За непотребно?

„Креирани„ и „допуштени„ се дбе битно различни нешта.

Дали нештата се „потребни„ или „непотребни„ во човековиот живот, тоа Бог јасно го разграничил во Заповедите.
 
„Креирани„ и „допуштени„ се дбе битно различни нешта.

Дали нештата се „потребни„ или „непотребни„ во човековиот живот, тоа Бог јасно го разграничил во Заповедите.
Ако се потекнува од Господ, од кого потекнува тоа што тој ќе го прогласи за погрешно, за зло?
 
Ако се потекнува од Господ, од кого потекнува тоа што тој ќе го прогласи за погрешно, за зло?

Ако се‘ потекнува од Господа (што не е православен, туку твој став...), тогаш „погрешното„ потекнува од првиот Божји противник.

„Ѓавол-клеветник„
„Сатана-противник„.
 
Ако се‘ потекнува од Господа (што не е православен, туку твој став...), тогаш „погрешното„ потекнува од првиот Божји противник.

„Ѓавол-клеветник„
„Сатана-противник„.
Нели господ е сезнаен и семоќен, зошто допуштил постоење на битие како ѓаволот?
 
Нели господ е сезнаен и семоќен, зошто допуштил постоење на битие како ѓаволот?

Господ не го „допиштил„ ѓаволот; ѓаволот е „створен„ а не „допуштен„, а створен е како слободно волен.

Можел а и не морал да биде Божји прв непријател.

Слободноволноста кај разумните битија воедно е еден вид ускушение за нив самите: дали ќе бидат „со„ или „против„ Бога, како што тоа им се случи на Адама и Ева.
 
Тогаш вие верувате во демијург, во битие што не е сезнајно, што не е семоќно. Ако Бог перцепира било што како непотребно или зло, тогаш или немал моќ да создаде свет каде се ќе биде според неговата промисла, или не е единствен што создава. Ако не е единствен, тогаш тоа значи дека не станува збор за монотеизам, тоа значи дека верувате во повеќе од еден бог, во повеќе од еден креатор.
 
Не ги плаши луѓето, ѓаоло е врзан во пеколот и така врзан ќе седи до судниот ден
Се шо се случува во светот, и добро и лошо и арно и зло е од госпот кој шета слободен и прави шо сака
 
Последно уредено:

Продолжуваш со телесното мудрување...

Бог створи разумни битија: ангели и луѓе, за да бидат блиски до Него и да ги восприемаат Божјата добрина и бесконечно знаење.

Ако Бог сака(ше) да створи роботи, Он ќе си ги створеше и тие ќе беа безумни/бесловесни творби, кои не ќе подлежена на суд и казна/награда. Воедно, таквите безумни битија би биле апсурдни во своето постоење а за Бога, бескорисни и беспредметни.

Така, наместо да запаѓаш од еден во друг апсурд, обидувајќи се да го оправдаш своето неверие со наоѓање на Божите „грешки„, тргни од својата грешност и непознавање на нештата кои ги коментираш.

Адам веќе Го обвини Бога (и жена си) за својата грешка, а ти само ја преповторуваш истата.[DOUBLEPOST=1469396071][/DOUBLEPOST]
Не ги плаши луѓето, ѓаоло е врзан во пеколот и така врзан ќе седи до судниот ден
Се шо се случува во светот, и добро и лошо и арно и зло е од госпот кој шета слободен и прави шо сака

И то‘ ш‘о викаш..
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom