Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
заљубен сум до уши
но проблемот е тоа што женската има дечко
и нема шанси некогаш да е со мене
некое чаре за ова?
Не прави ништо. Никогаш не пробувај ништо со некоја во врска. Не си заљубен. Само си малку повеќе затрескан. Не можеш да ја сакаш, кога не си бил со неа. Се кладам дека онака од гледање си се попалил по нејзините атрибути и апозиции. Ти се допаѓа да се замараш со некоја, да си го пополнуваш времето. Been there, done that... Затоа, рестартирај се. Отвори очите и миокардот, девојки - колку сакаш.:smir:
 
заљубен сум до уши
но проблемот е тоа што женската има дечко
и нема шанси некогаш да е со мене
некое чаре за ова?

Чаре за ова...Едноставно остави ја да биде среќна со тој што го сака. А ти да засакаш така некоја (не само ти, сите), нема шанси, затоа што љубовта не доаѓа така брзо...НАјди си друга окупација некое време и ќе вииш како полека ќе почнеш да ја забораваш. Едноставно малку си опседнат со неа...
ќе помине...но немој да пробуваш да ги разделиш или на било кој начин да делуваш врз нивната врска...
 
заљубен сум до уши
но проблемот е тоа што женската има дечко
и нема шанси некогаш да е со мене
некое чаре за ова?
ако се тазе почекај, може нема да потрае. До 6 месеци врската не е и баш ,,сериозна ". Ако е подолго, биди реален и барај си чарето настрана
поздрав:smir:

Не прави ништо. Никогаш не пробувај ништо со некоја во врска. Не си заљубен. Само си малку повеќе затрескан. Не можеш да ја сакаш, кога не си бил со неа. Се кладам дека онака од гледање си се попалил по нејзините атрибути и апозиции. Ти се допаѓа да се замараш со некоја, да си го пополнуваш времето. Been there, done that... Затоа, рестартирај се. Отвори очите и миокардот, девојки - колку сакаш.:smir:
во ова мими не се согласува ама баш ич. Земи ме мене за пример еве....
Дотичната особа ми кажа дека ме сака три години, а идеме скоро 2. Не верувам дека ме лажел:smir:
 
ако се тазе почекај, може нема да потрае. До 6 месеци врската не е и баш ,,сериозна ". Ако е подолго, биди реален и барај си чарето настрана
поздрав:smir:
од кога 6 месеци е границата и показател за сериозност или несериозност на една врска? :uvo:
 
6 месеци е повеќе од доволно сериозна врска барем за мене. На 6 месеци се си знаеш за партнерот. Најреално границата за зрела врска не постои. Временски неможе да се определи зашто најважно е искреноста и колку се кажува во врската.
 
во ова мими не се согласува ама баш ич. Земи ме мене за пример еве....
Дотичната особа ми кажа дека ме сака три години, а идеме скоро 2. Не верувам дека ме лажел:smir:
За мене љубовта меѓу машко и женско во адолесцентен период, не постои надвор од границите на меѓусебно познавање и егзистирање во блиска корелација. Во периодот кога не си била во врска со дотичниот, ти не си имала чувства за него, колку што знам. Едностраната љубов, не е љубов. Треба запознавање, разгледување од сите агли и страни на психата и перцепцијата, та дури потоа можеме да зборуваме за љубов. Се` останато е сексуалност.:back:
 
Мене ми треба повторно предлог за поклон. :) Минатиот пат кога побарав помош од вас за иста работа ми помогнавте многу, посебно Фантом ох , но од сите предлози склопив нешто и излезе многу убаво. Е сеа пошто е Валентајн, не би требало да има коментари од типот ,,ти си знаеш шо треба да и купиш , знаеш што сака а што не,, пошто е таков празникот и.. а и подобро би било предлози за начинот на подарување и така натаму. Сакам убави предлози, а тоа за вас не претставува проблем зошто сте многу креативни и изобилувате со идеи. Фала кајганџии , чекам предлози. :)
 
Ај за поклон ќе ти опишам нешто мене ептен слатко што ми делува и како пооригинална ствар ми се сврте мене во глава сеа..
Особено вака Валентајнски ама штознам може и покомплицирано задоволство е..
Напрви сам :pipi:..
Меченце некое само без срце без тоа..
А ти да му стајш ако ги знаеш оние табличките што се ко со фломастер со такво нешто што се пишува со напишана некоја Love Message..
Или па уште боље да речеме она ко пано што е со пораки да го наџиџаш и слики од вас..
мм :pipi:
 
Мене ми треба повторно предлог за поклон. :) Минатиот пат кога побарав помош од вас за иста работа ми помогнавте многу, посебно Фантом ох , но од сите предлози склопив нешто и излезе многу убаво. Е сеа пошто е Валентајн, не би требало да има коментари од типот ,,ти си знаеш шо треба да и купиш , знаеш што сака а што не,, пошто е таков празникот и.. а и подобро би било предлози за начинот на подарување и така натаму. Сакам убави предлози, а тоа за вас не претставува проблем зошто сте многу креативни и изобилувате со идеи. Фала кајганџии , чекам предлози. :)

Купи му сине едно цвеќе , и едно трендовско шалче ! :)
 
Потребно ми е љубовно писмо а не ме бива за такви работи ај ве премолувам некој ако има нешто да ми дај
 
Потребно ми е љубовно писмо а не ме бива за такви работи ај ве премолувам некој ако има нешто да ми дај

Отвори си бе на нет побарај скрои нешто , смисли не е фер да дадеш не некого љубовно писмо ако самиот не си го напишал па колку и да е лошо напишано битно да се потрудиш
 
лол...џабе ти е тебе љубовно писмо ако незнаеш да се изразиш како се чуствуваш...писмото колку и да го “кроиш“ нема да биде тоа вистинското ме сваќаш? мораш сам да пишеш...затоа многу често има љубовни писма кои почнуваат со
пр.
_____________________________
“Драга........
стварно незнам како да ти кажам, и мислам дека е ова единствениот начин...кога ке те видам чуствувам нешто кое не се опишува со зборови....итн итн..“
_____________________________
познато ти е ова??
 
Потребно ми е љубовно писмо а не ме бива за такви работи ај ве премолувам некој ако има нешто да ми дај

Ја имам ...:pipi:

Ама и мене брат не ме бидуе за тоа, но се потрудив, и не е нешто мн топ писмово ама лично мое е, ги изразуе мојте чуства и тоа е најважно... а и најдобро сам да го напишеш бидејќи на личноста што ќе и го напишеш сигурно се знаете подолго време и те знае каков си и ќе знае дали си го нaпишал ти или не ...:)
 
Потребно ми е љубовно писмо а не ме бива за такви работи ај ве премолувам некој ако има нешто да ми дај

Знаеш кога пишуваш љубовно писмо, не е битното дали те бива или не. Не е поентата да земеш од некој друг кога се работи за твои чувства. Пиши она што го осеќаш искрено и тоа е она што е битно, она ќе го сака затоа што е од тебе. Битна е намерата, сепак.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom