Не ми се верува што прочитав на темава.Расфрлање со цифри од ракав, плати за бегалците од 700 евра, демек живееме во тегло, па не ги знаеме состојбите.Во кој штаб на АКП ви го соопштија ова?! Јас како што знам, а добро знам, бидејќи и чичко ми имаше своја компанија во Мерсин до скоро,а и јас често патував натаму, овие бројки не се ни оддалеку точни за тој регион.Од друга страна пак, читам и гледам за злоупотреба на
детскиот труд за минимална добивка. Што се однесува до економскиот раст од 12% на годишно ниво, тоа се случуваше до пред пет години, оттогаш е во опаѓање и стагнација, и достигнува до 4.5%.Истотака и невработеноста е во пораст, веројатно е качена над 10%. Со кризата и речиси секојдневните терористичи напади на клучни места бројот на туристи е повеќе од преполовен, и таа тенденција ќе продолжи.Овој сектор доживува страшна криза.
Значи се шират неколку сценарија за пучот, од ѓуленисти, остатокот од секуларисти во армијата, од самите ердоганисти.Не би прејудицирал кој и што го исценирал, настаните сами покажуваат. Факт е оти, Ердоган веќе долго време силно гази врз основните принципи на турската држава, особено секуларноста и демократијата, нарушување на човековите права.Како курд и атеист, не ги поддржувам ниту кемалистите, кои во минатото имаат извршено огромни геноциди, ама не можам да премолчам покрај страшната
деструкција која
ја прави власта во курдскиот југоисток.Буквално цели градови и населби се уништени, над 350 илјади луѓе се раселени, постои целосен медиумски мрак за настаниве,со исклучок на неколку медиуми кои повремено известуваат.Тие кои пробуваат, често се и
апсени и малтретирани, како и многу други кои се наоѓаат по
турските затвори.Не треба да се замиже ниту на симнувањето на имунитетот на пратениците, се со цел да се апсат неистомисленици особено од ХДП, неаргументирано обвинувајќи ги оти работат за терористичка организација, како и апсењето на дузина
курдски градоначалници и полициските часови низ населените места, како и убивањето на
безброј курдски цивили. Патем речено, сите Вие кои се повикувате на народ и избори, зарем овие градоначалници и пратеници не се избрани од народот, исто како Ердоган?! Зар тој што поддржуваше терористи на самиот зачеток од сириската војна, кој шверцуваше нафта добиена по багателни цени од терористички групи, е помал терорист од другиве?! Тој што беше логистичка поддршка на ал-Нусра, на Ахрар ал-Шам, што им пружаше медицинска заштита кога овие бегаа од курдските налети во Сереканије и Кобани, после извршувањето на страшни злодела, не е исламски екстремист и злосторник?! Тој што им
дава закрила, не е нивен соучесник?! Зарем заштитникот на егзекуторот на рускиот пилот не е терорист?!
Некако може да ги сварам исламистичките ѓубриња на форумов, ликувајќи за Ердоган и неговиот султанат.Ама ѓоамти патриотите никако. Се радуваат за Ердоган, споредувајќи го со овдешниов негов пандан.Демек се работи за истиот случај, политичкава криза тука со ситуацијата таму.Јаничари сте, пар екселанс.