Воен Удар во Турција

Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
http://vecer.mk/balkan/pilotot-koj-go-sobori-ruskiot-avion-uchestvuval-vo-drzhavniot-udar

Опааа турскиот херој пилот што го урна рускиот авион да ми ти бил пучист. Ај тоа али искочи дека кључевите од авионот на привезок со кључеви од дома ги носи и кога сака лета и гаѓа. Он бил крив за све тоа со русите : )))) Веќе преоѓа целиов театар во нискобуџетен филм со второкласни глумци и сценристи. Ама еј кога публиката (народот) се бави со убавата селанка и фатмаѓул, зарем битен е квалитетот.
Веста е или шпекулација или сценарио на Ердоган. Па Ердоган самиот тогаш изјави дека тој лично му дал наредба на пилотот да се собори рускиот авион.
 
S

silmarillion

Гостин
Јас само го цитирам светото перо латасово. Кој сум јас да противречам на веродостојноста?
 

Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
7.127
Поени од реакции
8.877
Племенски водач може да се утврди само во племе, а не во цивилизирано општество.

Подобар пастир од ердоган за примитивните турци и нема во моментов.
 
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
748
Племенски водач може да се утврди само во племе, а не во цивилизирано општество.

Подобар пастир од ердоган за примитивните турци и нема во моментов.
Зборот пастир е наменето исклучиво за Грујо.:icon_lol:
 

Zoran MKD

Мијак на квадрат.
Член од
11 септември 2010
Мислења
2.021
Поени од реакции
1.018
Пастир е збор за секаде кај што има овци.[DOUBLEPOST=1468756930][/DOUBLEPOST]Чувар на стадото!
 
Член од
28 ноември 2014
Мислења
155
Поени од реакции
46
Факт е дека Ердоган е авторитарен лидер и диктатор. Но тој без разлика каков е по карактер сепак е избран од народот. Заради тоа има поддршка и од Западот без разлика колку е критикуван. И интересно е фактот што тој прв пат во историјата од како што е дојден на власт доби апсолутна поддршка и од опозицијата.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.354
Поени од реакции
7.116
муриканците преголема доверба имаа покажано во Турција (и Ердо) , ова на цел свет може да им се удри од глава доколку исчезнат неколку нуклеарки од базата Инџирлик

BREAKING: Access Blocked, Power Cut to Turkish Base Holding 80 US Nukes — During Military Coup
Read more at http://thefreethoughtproject.com/nato-incirlik-airbase-us-nukes/#2yLUL2Z40xP7dOOK.99
https://www.rt.com/news/351694-incirlik-base-commender-detained/

турски командант ја држи базата Инџирлик во заложништво заедно со нуклеарките на САД во неа.....................
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.937
Врска немаш од ситуацијава во Турција, и си продаваш магла на форумов, за некаква си демократија. Но прост од што си, не ќе да разбереш нешто едноставно, ти и сите овие кои се радуваа на некаков пуч.

Работата е многу јасна: Обид за пуч и Демократија која ти и многу други тука се обидете да ги поврзате не одат во иста реченица.
Имаш влада во Турција која е резултат на регуларни ДЕМОКРАТСКИ ИЗБОРИ, призната од сите држави во светот, што е најважно признато и од самата опозицијата во Турција, и сега од нигде никаде 4-5 генерали во армијата си зимат за право да организират пуч против владата која е избрано од народот.Сега каде е демократијата овде кога некој на своја глава и за свои или нечии надворешни интереси, си зима за право да ја зема власта во свои раце, со војска?! со кое право и лице вие се обидувате тој пуч да го преставите како нешто добро за Турција, кога самите граѓани во таа држава не ја подржаа. Па и да успееше што мислите вие тоа ќе било добро за Турција?! Не бе другар тоа ќе беше катастрофа за Турција, ситуација која земјата ќе ја претвораше во бојно поле, и катастрофа, економијата буквално ќе кракнеше.

Инаку во таа држава си има закони, кој ќе ги прекрши постоечки закони во таа држава се знае кај му е местото, тоа е правило кое важи во сите држави во светот. И нека разреши и 30илјади судии ако треба, ако нечинат и не си работеле како што треба. Заман е медиумска куќа финансирана директно до Фетулах, така да не збори многу кога не ги знаеш работите. Ако незнаеш кој е човекот малце распрашај се, па се ќе ти стане јасно. Инаку не верувај многу што ќе пишуваат странските медиуми бидејќи сведоци бевме на тоа кога си пишуваа вчера дека Ердоган си побарал азил во Германија, па Англија и така натака за на крајот да излезе дека ќе си слета во аеродромот во Инстанбул од Мармарис каде бил на одмор...

Ердоган покажа дека не е лесeн плен, и дека на непријателите ќе им треба многу повеќе ресурси и моќ за да го тргнат од тронот, но се додека го има турскиот народ покрај себе нема гајле човекот.
Е арно де, и Хитлер беше избран на регуларни избори, даде ветување дека ќе ги избрка сите евреи и нечисти раси и народот гласаше за него со 99% од гласовите.
Кој кур се буните тогаш за легитимно и демократски избор на Германија.

А ова со Фетулах Ѓулен во Турција ми е како приказната со Сорос во Македонија.

Секој диктатор има по една мрачна надворешна сила што сака да ја уништи државата. За Хоџа беше целиот свет па градеше бункери, за Груевски е Сорос а Ердоган секое апсење му е поради Ѓулен. Човек да се зачуди како некој пребеган пред 20 години во Америка ја држи цела Турција.
 
K

kaiser soze

Гостин
Не ми се верува што прочитав на темава.Расфрлање со цифри од ракав, плати за бегалците од 700 евра, демек живееме во тегло, па не ги знаеме состојбите.Во кој штаб на АКП ви го соопштија ова?! Јас како што знам, а добро знам, бидејќи и чичко ми имаше своја компанија во Мерсин до скоро,а и јас често патував натаму, овие бројки не се ни оддалеку точни за тој регион.Од друга страна пак, читам и гледам за злоупотреба на детскиот труд за минимална добивка. Што се однесува до економскиот раст од 12% на годишно ниво, тоа се случуваше до пред пет години, оттогаш е во опаѓање и стагнација, и достигнува до 4.5%.Истотака и невработеноста е во пораст, веројатно е качена над 10%. Со кризата и речиси секојдневните терористичи напади на клучни места бројот на туристи е повеќе од преполовен, и таа тенденција ќе продолжи.Овој сектор доживува страшна криза.
Значи се шират неколку сценарија за пучот, од ѓуленисти, остатокот од секуларисти во армијата, од самите ердоганисти.Не би прејудицирал кој и што го исценирал, настаните сами покажуваат. Факт е оти, Ердоган веќе долго време силно гази врз основните принципи на турската држава, особено секуларноста и демократијата, нарушување на човековите права.Како курд и атеист, не ги поддржувам ниту кемалистите, кои во минатото имаат извршено огромни геноциди, ама не можам да премолчам покрај страшната деструкција која ја прави власта во курдскиот југоисток.Буквално цели градови и населби се уништени, над 350 илјади луѓе се раселени, постои целосен медиумски мрак за настаниве,со исклучок на неколку медиуми кои повремено известуваат.Тие кои пробуваат, често се и апсени и малтретирани, како и многу други кои се наоѓаат по турските затвори.Не треба да се замиже ниту на симнувањето на имунитетот на пратениците, се со цел да се апсат неистомисленици особено од ХДП, неаргументирано обвинувајќи ги оти работат за терористичка организација, како и апсењето на дузина курдски градоначалници и полициските часови низ населените места, како и убивањето на безброј курдски цивили. Патем речено, сите Вие кои се повикувате на народ и избори, зарем овие градоначалници и пратеници не се избрани од народот, исто како Ердоган?! Зар тој што поддржуваше терористи на самиот зачеток од сириската војна, кој шверцуваше нафта добиена по багателни цени од терористички групи, е помал терорист од другиве?! Тој што беше логистичка поддршка на ал-Нусра, на Ахрар ал-Шам, што им пружаше медицинска заштита кога овие бегаа од курдските налети во Сереканије и Кобани, после извршувањето на страшни злодела, не е исламски екстремист и злосторник?! Тој што им дава закрила, не е нивен соучесник?! Зарем заштитникот на егзекуторот на рускиот пилот не е терорист?!

Некако може да ги сварам исламистичките ѓубриња на форумов, ликувајќи за Ердоган и неговиот султанат.Ама ѓоамти патриотите никако. Се радуваат за Ердоган, споредувајќи го со овдешниов негов пандан.Демек се работи за истиот случај, политичкава криза тука со ситуацијата таму.Јаничари сте, пар екселанс.
 
G

Goldie

Гостин
Јаничари сте, пар екселанс.
500 години ропство не е мала работа мора да остават некаков белег:D
Инаку се е точно што напиша само би додал дека Ердоган сеуште им помага на терористите во Сирија заедно со Саудиска Арабија и Катар, од оружје до слободен влез/излез во Турција па дури имаше и случаеви каде што Сиријската војска беше гаѓања со артилерија од Турска страна откако го освоија градот Кинсиба пред еден месец одприлика. Инаку квази патриотите го бранат Ердоган оти Груевски е негов чирак и користи исти методи на владеење како него - јака административна армија, превзема медиуми, судство и полиција под негова директна контрола и сл.
 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.852
Нешто се многу нервозни господарите од другата страна на океанот. Казахстан, петок Турска и денеска Ерменија, таму слично но во помали размери некое генералче, сорос медии и останата пета колон прават пуч, го заземале генералниот штаб на армијата.
Сигурно САД плачат за тоа што златото расте и доларот девалвира и насекаде кадешто имаат создадено пета колона пробуваат да ги запалат државите.
Ердоган притворил 6000 души сврзани со пучот, се разбира дека секој од нив не бил запознат со планот за пуч, но реално тие ќе беа новата власт после пучот доколку успееше, особено судии и обвинители. Како што во Македонија знаеме која е петата колона , Сорос, USAID, шарени, НВО-та, медии, тролови, во турска Ердоган исто така ги знае кој се.
Реално планот на шарените им беше да ја убијат целата власт, влада, сите пратеници вклучително и опозицијата, така да сега Ердоган и опозицијата сега ќе ги бесат сите пучисти под ред.
Многу интересно е тоа што сите овие војни старешини пучисти биле на обука во Вест Поинт во САД, дури и главниот генерал што ги пазел нуклеарните бомби на САД во Инџирлик бил дел од пучот, така да е јасно кој е организаторот на пучот, особено по изјавите на Кери и ЕУ ноќта по време на пучот кога според неутралниот дипломатски речник го поддржаа пучот, "да има мир, се надеваме дека Турска ќе го запази курсот на Ататурк", ниту еднаш не кажаа дека го осудуваат пучот и го поддржуваат Ердоган, се разбира после неуспехот на пучот дадоа подршка на Ердоган но секому е јасно дека ако загубеше Ердоган ќе ги поддржаа пучистите, има многу аналог со пучот во Киев.
Во моментов Ердоган по секоја цена ќе ја ликвидира петата колона, после тоа ќе излезе од НАТО, асоцијацијата со ЕУ паѓа, ќе има економска криза пошто во моментов е планска економика на НСР, едни ништо не произведуваат и се богати, други произведуваат и се бедни а Турска или Полска беа привилегирани да развиваат производство за ЕУ пазарот, но и Русија е добар и реален пазар за Турска и Евроазискиот сојуз не прави пучеви на партнерите.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.449
Поени од реакции
5.134
Владее тотално непознавање на ситуацијата од голем број членови тука, кои и патем коментираат колку да коментираат.

Како прво, демократски избрана партија или лидер не значи дека практикува демократија, што е баш случај со Ердоган.

Плата од 700-900 евра за таксисти немаат ни Германците. Камоли Турците што имаат нешто повисок стандард од нашиот и тоа ако се земе предвид фактот што делови од Турција се многу побогати од други, ќе стани јасно колку е плата на просечен Турчин некаде таму после Анкара...

Како и колку е организиран пучот е непознато, но сигурно не е дело на Ердоган, бидејќи постојат други начини да се пресмета со преостанатите противници, начини кои би одзеле повеќе време, но би ја постигнале целта. Дали е избрзана организацијата, дали се пучистите намерно хранети (саботирани) со погрешни информации и дали во игра се и надворешни фактори ќе покажи времето.

Патем, нуклеарките дури и да дојдат во раце на терористи, не постои никаков начин истите да ги активираат.

Глобално гледано, ова е добро за Русија, која ќе го искористи Ердоган како чекан против НАТО, САД. Ако дозволи САД. Што е малку веројатно. Ако погледнеме наназад, пред некоја година имаше масовни протести за отфрлање на Ердоган, сега пучот, голема е веројатноста за обид за атентат во блиска иднина. Сепак се тоа зависи каква насока ќе фати Ердо...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom