Модерна Турција веќе станува оксиморон, односно знчително се менува значењето на тој поим, затоа што тоа веќе не е Ататуркова Турција ниту секуларна република, туку има тенденција да стане исламска република чив татко ќе биде Ердо. Навистина не верував дека Ердо ќе догура волку далеку и ќе стане врховен господар на се што е турско, а тоа не е само Турција туку се што се протега од Балканот до Азија. Долго време се пишува за воен удар во Турција и еве веќе конечно се случи и веќе после ова се е јасно и нема повеќе надеж за онаа шака напредни либерални Турчиња кои протестираат на Таксим, затоа што модерниот Турчин сонува за нова Отоманска Империја а не за дрвцата на плоштадот. И не ме ни чуди исходот на пучов со оглед на тоа дека Ердоган добар дел од армијата и генералите способни да му направат преврат ги исчисти и прати во затвор. Уште повеќе плаши фактот што Ердо сосема веројатно ќе му рипне во прегратка на Путин а тоа може да значи и компромис и целосно препуштање на Балканот на турското влијание. Тек допрва и ќе ја осетиме после ова бегалската криза.
Сега е време за сите турски синови и потурици да го слават раѓањето на новата Империја со боза и баклава такозвана торбешка закуска.
Целосно се сложувам со текстов. Само би додал едно огромно жалење, што не само во време на овие настани, туку од осамостојувањето ние како држава немаме ниту фиксен став, ниту некакви дипломатски џокери во ракавот, туку лутаме у магла. Балканот можеби не во целост, ама во добар дел преку наша територија ги оцртува повторно старите османлиски граници. Им дадовме аеродроми, инвестираат во болници, школи, џамии и тоа многу интензивно во последниве 10-тина години. Од дебилни, лабилни политичари што само гледаат да си го сместат шупчето поудобно, ние најбрзо од сите ќе влеземе во новото османлиско царство. Уште пожално е овде кога ќе прочиташ коментари од типот „ме боли к кој е на власт у Турска“ и уште поидиотско „ете шарените и таму не успеаа“.
Турција одамна не е во секуларна форма како што беше. Опозицијата и левичарските движења им се под силен притисок, им се разнесуваат бомбаши на собири, се апсат, се приведуваат под присила.
Да се надеваме дека после оваа монтирана бламажа, нема да бидат обесхрабрени во армијата да изведат вистински пуч и конечно ова говно да биде фрлено во Босфор. Самиот факт што Курдите и ИСИЛ (иако вториве му се дефакто сојузници на идиотов), не реагираа по-екстремно во овие моменти на ослабен одбранбен систем - кажува дека ова е една лошо одиграна претстава со која ќе прати порака до воените власти да не се обидуваат вистински да му го направат тоа. Вистински пуч, овој немаше никогаш да преживее.[DOUBLEPOST=1468662234][/DOUBLEPOST]
Полесно им е да веруваат во тоа, а не им се верува дека помеѓу 25м гласа и 10м члена ќе се најдат барем 500.000 кои би излегле во одбрана на демократијата и луѓето кои ги избрале да ги водат.
Точно, голема демократија, поголема здравје.