Интернет и мрежи помош (прашања, совети, трикови)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
Зошто кога отварам видео на јутубе после 10-15 минути закочува видеото и горе ми покажува стрелка за вчитување и додека не го исклуќам на икс несака да продолжи тоа се случува веќе 2-3 дена ?
 
Дома вчера ставив интернет од Телекабел, интернетот функционира кога директно од Thomson-от ќе се конектирам на компјутер, меѓутоа кога интернетот го поврзувам на Tenda рутер кој е сетиран за DHCP и не сака да ја прочита IP адресата од провајдерот, туку постојано е со статyс Connecting. Направив клонерање на MAC адресата, но без успех. Денеска го донесов рутерот на работа и тука истиот рутер без никакви конфигурации се поврза на интернет од Телекабел. Единствената разлика е во тоа што на работа имаме статичка IP адреса.

Дали има некој кој се соочил со сличен проблем?
 
@^RedDragon^ исклучи dhcp на вториот.

Пробав и така, тогаш веќе добивам интернет но брзината е премногу мала, или страните воопшто не се вчитуваат, или се вчитуваат многу бавно и на крај не се целосно отворени.
 
Пробав и така, тогаш веќе добивам интернет но брзината е премногу мала, или страните воопшто не се вчитуваат, или се вчитуваат многу бавно и на крај не се целосно отворени.
Кој модел е Tenda-та? Да не е до квалитетот на сигналот од рутерот, или баш е проблемот до протокот на податоци преку ТК?

На пример, јас имам еден од послабите, Tenda N3, поврзан исто преку Thomson модем од ТК (моделот не знам да ти го кажам моментално) за домашна употреба.
Во просторијата каде е рутерот брзината е отприлика колку што треба, ама колку подалеку и преку колку повеќе врати и sидови, сигналот е се послаб и интернетот е поспор.
 
И јас истиот Tenda модел го имам, денеска ќе пробам со TP-LINK рутер па ќе видам дали е во ред. Ако повторно има проблеми тогаш ќе дојдат од ТК да го проверат модемот.
 
Дали ако на моја страница копирам текст од друга и назначам од која страница е превземен постот како што е по пропис, има некој последици, различности, предности или загуби во споредба со тоа кога постот не е копиран ? И по конкретни страници на форумов за работа со интернет страници ако може да ми кажете дечки ? Благодарам однапред.
 
И јас истиот Tenda модел го имам, денеска ќе пробам со TP-LINK рутер па ќе видам дали е во ред. Ако повторно има проблеми тогаш ќе дојдат од ТК да го проверат модемот.
Ако имаш нормална брзина на кабел и на wifi на првиот рутер, а немаш на втор, нема да чепнат. Ставаш втор за да зголемиш простор за wifi, најверојатно. Помеѓу двата можеш да ставиш кабел 50-70м. Првиот остави го каде што е, вториот стави го најдалеку што можеш. На двата вклучи wifi, на различни канали. Исклучи DHCP, верувај дека не ти треба. Од оператор ти е важна IP адресата. Дома може да ти биде каква сакаш, само да не е иста со прв или втор рутер.

Едит: не видов дека е пробано на статичка. Значи вака, за да работи DHCP МОРА ДА ИМАШ излезна/влезна од оператор статичка. Затоа што дома не е, никогаш нема да проработи. Барем не со таков рутер. Рутерот во тој момент глуми DHCP сервер и мора да биде "познат во светот" преку една адреса. И, не ставај распон од 1 до 100. Колку уреди имаш дома, додај уште 10 адреси. Доволно е.
 
Последно уредено од модератор:
момци неодамна инсталл window 10 на лаптопот и сеа кажи речи преку ден интернет конекцијата ми паѓа и не сака да се конектире на мрежата а мобилниот си фаќа интернет без проблем до што можи да му е проблемот ?
 
Драјвер. Пробај со win или последен од официјална страница.
 
момци неодамна инсталл window 10 на лаптопот и сеа кажи речи преку ден интернет конекцијата ми паѓа и не сака да се конектире на мрежата а мобилниот си фаќа интернет без проблем до што можи да му е проблемот ?
драјвер, ако од windows update не ти понуди нов драјвер, побарај на сајтот од поризводителот на wifi адаптерот.
 
Имам моторола модем и на секои 2-3 минути се гаси онлајн ламбичката и паѓа интернетот, вифи има ама интернет нема, се јавив да прашам ми викаат дека не е до нив проблем демек кабелот ми бил измесетн ау, а уствари јас сите кабли ги извадив/ставив и пак ништо, чаре некое?
 
модемот е расипан, нека не замараат и нека ти донесат нов
 
Користам два рутера дома. Едниот модел го заменив со нов и сега кога го инсталирав новиот(и двата ми се ТП-Линк) кога се конектирам на мрежата(wi-fi), лаптопот+неколку телефони имаат интернет, но друг телефон пак нема воопшто иако е конектиран на мрежата. Некое решение? На другиот рутер го немам тој проблем.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom