а дали знајш дека во продажба по продавниците батериите за телефоните стојат и по 10 години дури да му притреба замена на муштерија, за секој модел еднаш се произведва количина батерии и тоа е, нема трц мрц на секое
Батерија неактивирана-неупотребена можи сто години да тера без проблем
Тоа ти што кажуваш е после активација
Не може неактиврана батерија да тера сто години да не се расправам ама трескаш глупости.
Инаку и обични батерии АА или ААА имаат најчесто на пакувањето датум на рок на траење (обично 3-4 години). Исто е и со останатите батерии, како овие за телефони. Во нив освен што ослабува киселината која треба да држи електрицитет, со тек на време се нагризува и пластиката, металот или од што и да направено куќиштето на батеријата. Полнење на батерија што е пример 10 години стара за прв пат (значи неактивирана), отвора куп ризици истата да се надуе, истече или не дај боже запали.
Кај литиумските батерии при подолго чување особено е важно да не се остават да се испразнат, односно треба да се надополнуваат редовно. Во спротивно катодите и анодите особено се разградуваат при неполнење на батеријата подолго време и дозволување волтажата на истата да падне под минималното ниво. Дури може и спој да настане во батеријата од ова.
Инаку не, продавниците не држат залихи за 100 години, туку редовно нарачуваат залихи кои им се потребни, најчесто за неколку месеци однапред, а не сум чул некој да нарачува за повеќе од 1 година унапред. Ова се прави од повеќе причини, меѓу кои економската логика најповеќе, но и од други причини. (каде ќе се чуваат, зошто да се вложува во нешто што ќе се продаде за 5 години, зошто да се плаќа сега 20евра, кога истата за 3 години ќе биде 5евра итн.).