Ipod Nano 5th generation промена на батерија

Член од
3 март 2010
Мислења
633
Поени од реакции
359
Дали некој е известен за сервис што би ми ја променил батеријата на ајподот зашто веќе 5 години драстично е намален капацитет за 20 ПАТИ, јас имам купено резервна, ама страв ми е да го размонтирам следејќи видео на јутуб и да го заебам
 
Член од
17 септември 2008
Мислења
642
Поени од реакции
485
Види слушни се со @krale дали може...
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.231
Поени од реакции
4.102
Дали некој е известен за сервис што би ми ја променил батеријата на ајподот зашто веќе 5 години драстично е намален капацитет за 20 ПАТИ, јас имам купено резервна, ама страв ми е да го размонтирам следејќи видео на јутуб и да го заебам
Јас самиот го размонтирав и му ја менив ама е доста заебано и сака ептен внимавање.
Проблемот е што во премал простор се многу компоненти набутани и нема простор ич за маневри. Јас на пример ко пробував да го извлечам екранот, го изгребав на металната ивица од куќиштето и сега има една убава гребаница вдолж. Ама па за 6 години стар ајпод, не му ја секирам многу, одамна си го има отслужено своето и сега ми стои везден в'кола приклучен, не го ни гледам.
Иначе таа батерија што му ја сменив, ја порачав од Амазон, заедно со некаков си алат за размонтирање во пакет (тотално бескорисен, освен едно минијатурно штрафцигерче) и новата батеријата во споредба со оригиналната која веќе на умирање беше, имаше во старт доста подобрување, ама ни одблиску како оригиналната кога беше нова. Сега после година ипол со оваа батерија можам да ти кажам оти е на исто ниво како оригиналната што беше ко ја сменив.
Штета што не можи веќе да се купи нов тој модел. Ги има по интернет, ама само на старо се продаваат по некои нереални цени. А според мене еден од, ако не и најдобриот модел воопшто на ајпод што е направен. Шестата генерација - тотално срање. Седмава незнам каква е, се думав едно време да го купам, ама сега скоро и да не слушам музика од ајпод и се откажав од таа идеја.
 
Член од
3 март 2010
Мислења
633
Поени од реакции
359
вистина најдобар Ipod произведен досега, штета само што камерата нема опција за сликање, инаку имаше на ebay батерија од англија за 700 денари со достава, и од кина за 350, и јас не ми се фрлаа пари ја купив таа од 350 нормално, ама ете после 3-4 години уште ја немам сменато, инаку мене после 15 месеци користење се изгуби капацитетот на батеријата и остана таков ден денес
 
krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254

3-4 години ти стои батеријата што си ја нарачал од ибеј?

Батерија надвор од употреба 6 месеци обично веќе за ништо не ја бива.
 
Член од
3 март 2010
Мислења
633
Поени од реакции
359
3-4 години ти стои батеријата што си ја нарачал од ибеј?

Батерија надвор од употреба 6 месеци обично веќе за ништо не ја бива.
а дали знајш дека во продажба по продавниците батериите за телефоните стојат и по 10 години дури да му притреба замена на муштерија, за секој модел еднаш се произведва количина батерии и тоа е, нема трц мрц на секое
Батерија неактивирана-неупотребена можи сто години да тера без проблем
Тоа ти што кажуваш е после активација
 
krale

iFrit
Член од
30 јули 2011
Мислења
803
Поени од реакции
254
а дали знајш дека во продажба по продавниците батериите за телефоните стојат и по 10 години дури да му притреба замена на муштерија, за секој модел еднаш се произведва количина батерии и тоа е, нема трц мрц на секое
Батерија неактивирана-неупотребена можи сто години да тера без проблем
Тоа ти што кажуваш е после активација
Не може неактиврана батерија да тера сто години да не се расправам ама трескаш глупости.

Инаку и обични батерии АА или ААА имаат најчесто на пакувањето датум на рок на траење (обично 3-4 години). Исто е и со останатите батерии, како овие за телефони. Во нив освен што ослабува киселината која треба да држи електрицитет, со тек на време се нагризува и пластиката, металот или од што и да направено куќиштето на батеријата. Полнење на батерија што е пример 10 години стара за прв пат (значи неактивирана), отвора куп ризици истата да се надуе, истече или не дај боже запали.

Кај литиумските батерии при подолго чување особено е важно да не се остават да се испразнат, односно треба да се надополнуваат редовно. Во спротивно катодите и анодите особено се разградуваат при неполнење на батеријата подолго време и дозволување волтажата на истата да падне под минималното ниво. Дури може и спој да настане во батеријата од ова.

Инаку не, продавниците не држат залихи за 100 години, туку редовно нарачуваат залихи кои им се потребни, најчесто за неколку месеци однапред, а не сум чул некој да нарачува за повеќе од 1 година унапред. Ова се прави од повеќе причини, меѓу кои економската логика најповеќе, но и од други причини. (каде ќе се чуваат, зошто да се вложува во нешто што ќе се продаде за 5 години, зошто да се плаќа сега 20евра, кога истата за 3 години ќе биде 5евра итн.).
 
Kajgana Shop

На врв Bottom