- Член од
- 9 јули 2016
- Мислења
- 17
- Поени од реакции
- 11
Темава е стринктно за ЛГБТ лица, нивни пријатели и роднини кои поминале или ќе поминат низ она за што ќе зборувам. Секој оној што ЛИЧНО не го засега оваа тема и мисли дека никогаш нема да помине низ вакво нешто, го замолувам да се воздржи од коментирање.
Здраво,
Пред повеќе од една година „се отворив“ (не баш по моја волја) кај моите дома дека сум геј и се уште тие се единствените што знаат за тоа. Мојот личен изглед и однесувањето се „во склоп на она што традиционално се очекува од еден 22 годишен маж“ и ни во најмала рака некој може да се посомнева дека всушност ме привлекуваат мажи - поради што шокот предизвикан кај моите беше голем. (Јас сум жив пример дека изгледот и однесувањето не се никаков индикатор за нечија сексуална ориентација.)
Го сакам моето семејство, дури и повеќе од што треба, и ме боли тоа што се наоѓаа5 во непријатна ситуација. На една страна крајно хомофобичните традиционални убедувања со кои пораснале, а на друга - синот во кого инвестирале толку време, љубов и средства за да го изнесат на „вистинскиот“ пат. Секое нивно убедување вели нивниот син не е човек... Ги разбирам и им имам речено се што мислат да кажат - да не го држат тоа во себе, оти неизустените мисли секогаш стануваат позаплеткани во умот. Сакам да им помогнам во маката...
Но, она што ме плаши е нивниот молк. Во периодот што помина само неколкупати мајка ми ми пристапи со цел да разговара, но најчесто завршуваше на под липтајќи и убедувајќи ме дека сум во забуна. А, татко ми... хмм... со него комуникацијата оди преку мајка ми. Само еднаш ми има пријдено и речено дека треба отворено да разговараме за проблемите... Но, иако реченицата ја почна во иста соба со мене, ја заврши во најоддалечената соба во станот. Ситуацијата не е променета нималку иако поминаа година и нешто дена. Тапкање во место, времето не е решение.
Не сум човек што може да е среќен кога луѓето околу него патат, па да беше избор - сигурно немаше да изберам да бидам геј. Исто така не сакам лаги, та не е ни хумано да фатам женска и да ја лажам цел живот, да ја жртвувам нејзината среќа, поради среќата на моите. Од друга страна, не сакам да сум сам - претпочитам стабилна врска со некој со кого можам да градам иднина, што значи нетајна врска. Прилично зафркнато...
За да го постигнам сето ова, треба да ги подучам родителите како да се „одбранат“ или како да не дозволат зборовите од луѓето да допрат до нив - како да живеат без општеството негативно да влијае врз нив поради нешто за што немаат вина.
Ок, не баш едноставна тема и долга објава - но отприлика ги отсликува нештата низ кои поминувам сега.
Ме интересираат ваши искуства, како се аутиравте или од што се плашите да се отворите пред родителите/блиските, колку време поминало откако дознале за вас - додека најнормално сте почнале да зборувате на вакви теми, како реагирале во случај да сте ги запознале со ваш дечко/девојка и сл. Ако сте родител или познаник - како реагиравте и низ што поминавте по аутирањето. Секој совет или објава се добродојдени, било на форумов, било во приватна порака.
Па, повелете.