Z
zmej gorjanin
Гостин
Тоа е зачаран круг. Власта е таа која што го креира БДП то во Македонија, не пазарот. Ние сме командитна економија. Види го буџетскиот дефицит, кој е проектиран на 300 милиони евра за цела година, а го исполнија за еден квартал. И јасно е зошто Ставрески дал оставка. Јас се надевам дека сумата од 650.000.000 нема да ја достигнат, пошто овие пари ќе бидат наменети за пред избори. Пастирот веќе најави дека од септември ќе ги накачувал пензиите. Смешно е држава ко Македонија да има повисоки пензии од Бугарија и Србија а генерира помало БДП по глава на жител. Очекувам да има милион мали и големи проектчиња, каде копукот ќе се фали дека со дела се сака државата.Задолжувањето е уште еден начин како да те контролира некој.
Мислам дека моментално на Мк не и треба задолжување, туку чистење од непотребни трошоци и вработени.
Да одговорам на прашањево на насловот на темата.
Како прво глупаво е што задолженоста се покажува како % од БДПто.
Ако БДП-то почне да ни паѓа тогаш дали ќе го имате истото мислење за истата сума пари? Не нели?
Јас би поддржал задолжување само во случај на војна или во случај на голем глад, се друго може да се реши доколку сме сложни.
Ама кога не сме сложни, ќе не е дупу кој му дојде ред.
Инаку најубаво им е на овие банки што даваат заеми на држави. Ризикот е најмал. А те оценуваат со некои си букви и плусови и минуси оти ќе ти стават.