Природата на свеста како засебен феномен или епифеномен на мозокот

  • Креатор на темата Креатор на темата Andrew
  • Време на започнување Време на започнување

Топло ви го препорачувам на сите, одличен панел ако го игнорирате Чопра.
На Шермер му фали уште рало едно и да се фати да ја копа нивата без да губи време на тупење и филозофирање. :D
 
На Шермер му фали уште рало едно и да се фати да ја копа нивата без да губи време на тупење и филозофирање. :D

Уживај дека памтам шо се дешаа у видеово после година дена xD
 
Уживај дека памтам шо се дешаа у видеово после година дена xD
Шермер комплетно ја утиња поентата со некои муабети у стилот на, „Вие што не знаете дали постои реалноста, рипнете од 10 кат! Хехе, ја сум практичен човек.“ :D
 
Шермер комплетно ја утиња поентата со некои муабети у стилот на, „Вие што не знаете дали постои реалноста, рипнете од 10 кат! Хехе, ја сум практичен човек.“ :D

Нешо ко Докинс и Хокинг коа зборат за Бог :(
 
13557900_508182396039690_2291119338814950022_n.jpg
 
Шермер комплетно ја утиња поентата со некои муабети у стилот на, „Вие што не знаете дали постои реалноста, рипнете од 10 кат! Хехе, ја сум практичен човек.“ :D

Што му фали на аргументов од прагматична персепктива. Како прагматик што самиот тврди дека е, ова е најпрост и најдобар аргуемент воопшто.
Нешо ко Докинс и Хокинг коа зборат за Бог :(
Па да. Со истиот дебилен пристап идат.

Што им фали на пристапите за госпот на докинс и хокинг?
 
Последно уредено:
Што му фали на аргументов од прагматична персепктива. Како прагматик што самиот тврди дека е, ова е најпрост и најдобар аргуемент воопшто.
Од прагматична перспектива ништо не му фали. Од епистемиолошка перспектива, све му фали. Прагматизмот ако уопште може да го сврстиш у епистемиологија, не решава ништо.
Тоа што јас верувам дека реалноста ми дава некој фидбек согласен со моделот што го имам у глава и како резултат на одредени акции, можеби кажува нешто за реалноста, а можеби не кажува ништо за реалноста.
У принцип, никогаш ништо не можеме да знаеме дали кажува нешто за реалноста или сите овие паламудења немаат благе везе со ништо.

Шермер суштински застапува научен материјализам кој се базира на премиси за кои мора да се сложиме и наместо да сфати дека и неговата перспектива е климава, пробува да ја оправда цврстината на верувањето со прагматизам за кој треба пак да се сложиме дека објаснува нешто за реалноста
Со други зборови, Шермер ова го прави:
„Ајде да се согласиме дека физички закони постојат и ние можеме да ги набљудуваме ефектите од истите, а ако не сакате да се согласиме, пробајте да влезете во интеракција со околината и тоа што ќе се случи е резултат на физичките закони за кои се договоривме дека постојат.“
 
У принцип, никогаш ништо не можеме да знаеме дали кажува нешто за реалноста или сите овие паламудења немаат благе везе со ништо.
Точно, ова епистемиолошки најстабилното тврдење. И што правиме ако го земеме здраво за готово?
 
Точно, ова епистемиолошки најстабилното тврдење. И што правиме ако го земеме здраво за готово?
Ама ти сеа влагаш у етика. Ок е све тоа и ја застапувам инструментализам како етичка максима. Шермер е верник, не го осознава проблемот во епистемиологијата и пробува да користи прагматизам за да ја докаже неговата вера во онтолошкиот натурализам кога прагматизмот не ни може да објасни било што за реалноста.
 
Темава е како жива песок.Колку повеќе навлегуваш во неа толку повеќе пропаѓаш во нови прашања без одговор.Да се дефинира свеста е да се дефинира јас.:unsure:
 
Кој од вас го интересира и има време, нека го прочита есејот од Рандал Коен, „Uploading to Substrate-Independent Minds“.
 
Ама ти сеа влагаш у етика. Ок е све тоа и ја застапувам инструментализам како етичка максима. Шермер е верник, не го осознава проблемот во епистемиологијата и пробува да користи прагматизам за да ја докаже неговата вера во онтолошкиот натурализам кога прагматизмот не ни може да објасни било што за реалноста.
Не влегувам во етика зошто ако се држиш до цврстиот епистемиолошки нихилизам, нема етика, нема прашања, нема одговори. Тоа моето прашање погоре е бесмислено, како и секое друго и секој можен одговор.

Прагматизмот има место во онтолошкио материјализам: ако некоја хипотеза врши работа (е доволно точна), науката тера напред.
 
Ова не е точно. Скептицизмот не е тврдење дека нема етика, прашања или одговори, туку дека ултимативно не можеме да знаеме дали има етика, прашања или одговори. Можда има, можда нема. Ако кажеш дека „нема етика, прашања и одговори“ тогаш влагаш во гностицизам и знаеш што има, а што нема. Така да, ја не можам да знам дали твоето прашање погоре е бесмислено или не, но иако не знам, можам да верувам (или што и да е тоа што се случува).

Онтолошкиот натурализам почнува со премиси дека постојат закони и ние можеме да ги набљудуваме и е епистемиолошко стојалиште за реалноста. Прагматизмот не тврди дали ова е точно или не, но тврди дека за све што дава резултати, треба да се однесуваме како да е приказ на вистината иако не знаеме дали постои ултимативна вистина.

Земи ја њутновата механика за пример. Прагмата ни кажува дека ако функционира, за истата можеме да се однесуваме како да е валиден модел за реалноста иако според науката која може да се гледа како десна рака на натурализмот, не е приказ на реалноста. Тој што расправал за проблемот со демаркација и фалификацијата, не би се сложил со тебе за тоа дека науката напредува ако тезите вршат работа или се „доволно точни“, туку дека науката „напредува“ како што тезите имаат поголема објаснувачка моќ и ги заменуваат тезите со помала објаснувачка моќ кои се побиени.

Јас не знам, ама верувам (за да не цепидлачиш) дека ти влагаш во етика од проста причина што индиректно кажуваш дека треба да пристапиме прагматски бидејќи тоа дава резултати и води до напредок, а ние како човечки род, треба да напредуваме, ако добро ти ја разбирам намерата. Не можеш да зборуваш за терање напред, а да не умешаш етика.
 
Што му фали на аргументов од прагматична персепктива. Како прагматик што самиот тврди дека е, ова е најпрост и најдобар аргуемент воопшто.

Што им фали на пристапите за госпот на докинс и хокинг?

Because there is a law such as gravity, the universe can and will create itself from nothing.

Пред да ја прочитам реченицава не ни знаев дека моеш три нивоа на контрадикција да имаш у една реченица.

1. Затоа што имаме Нешто, универзумот ќе се створи себе си од Ништо.
2. Универзумот ќе се створи себе си? Ако кажам X креира Y, го претпоставувам постоењето на X за да можам од него да дојдам до постоењето на Y. Aко кажам Х го креира Х, го претпоставувам постоењето на Х за од него да дојдам до постоењето на Х, шо е очигледна контрадикција.
3. Да претпоставиш дека Закон на природата, кој постои затоа што природата веќе мора да постои за тој да биде Закон на природата, е причина за постоењето на природата е исто така блатантна контрадикција.

И сеа... шо понатака?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom