Неможеме да мериме курови од очигледни причини , тоа како прво.
Приказната со таму и тука ти е безпредметна затоа што ситуацијата е друга.
И една Сомалија и некоја си пичке материне земја ке направи попис но ние пак нема да направиме веродостоен попис. За попис колку да се речи не е проблем, ако беше за така и тогаш ке се завршеше. Ако ти е за утеха и Косово утре да реши да прави попис ке го направи.
И мене ми е криво за многу работи, дури и за повеќе од тебе и
да мене повеќе ме боли, јас тука живеам, не се имам одселено и да продавам муда за бубрези од таму некаде. Ти тоа го читаш по весници или портали, јас го живеам тоа. Знаеш како велат 100 стапа по туѓ грб ич неболат. Тоа што решението го гледаме на поинаков начин е сосем друга приказна. Ти конкретно сметаш дека со ова сега што се случува работите ке станат подобри, јас не мислам така. Како што одминува времето работите не стануваат подобри туку се влошуваат и затоа немој да се чудиш зошто не третираат како мало дете седнато во ќош. Оти сме недораснати.
Но една работа би требало да ти биди јасна, неспроведувањето на пописот нема ама никаква врска со ова денес што се случува, политичката криза, шарени реоволуции, имање и немање избори. Така си надробивме така ке си сркаме години години пред ова денес што се случува. Кој и да беше на власт ако имаше барем малце малце осет ке постапеше исто или ке направеше попис онака колку да се речи. Според мене ова е побезболната варијанта отколку невалиден попис. Се друго би испаднало дека си ја бараме бељата со боринче и ќе си ја најдевме и тоа со амин на западните демократии кои и ни ја смислија целата работа во која пописот или бројноста игра многу важна улога во секојдневниот живот на граѓаните. Така да правењето попис или негово неправење не е дека толку сме или не сме способни како една Босна туку влечи други корени за кои во моментот не се во наша моќ да ги промениме или преиначиме без притоа да платиме голема цена.
Се извинувам што малку покасно ти реплицирам.
Ситуацијата не е многу друга од двете држави, двете се поранешни југословенски, во двете живеат два или повеќе народа кои меѓусебе не се можат. Единствената разлика е што БиХ после распадот на СФРЈ доби војна, етнички чистења, милиони расселени лица, стотици иљади мртви и Х се водат како исчезнати. Како што напишав, знам каков е животот и во Македонија, знам каков е во БИХ, затоа што во двете имам живеено, во едната живеам сеуште, а знам и каков бил животот. Затоа и споредувам, затоа што една таква Босна која имаше во блиското минато војни, расселени лица, етнички чистења и стотици иљади мртви, не претрка. Ние немавме таква катастрофа, добивме средена држава после 1990 година, со инфраструктура, индустрија, водовод, канализација, струја, хидроелектрани, школи, болници и тако даље. Бевме на рамниште со Хрватска, сега можеме да се рамниме со Косово кое стана држава и тоа на стаклени нозе, завчера. Затоа јас секогаш ја споредувам Македонија со утепаните земји, затоа што во се не поминаа.
А грешиш ако мислиш дека нас исселените кур не боли, па одстрана само делиме правда. Сега ќе ти кажам и зошто. Мене може кур да ме боли за Македонија ако со мене ја исселив сестра ми, мајка ми, татко ми, и двете мои живи баби. Тогаш можам да кажам не се замарам друже, нека гори ако сака. Јас се исселив сама, пред не повеќе од 10 години па за да незнам што се случува таму, туку пред 3 години, совршено ми е јасно каква е ситуацијата. Друго беше кога луѓето порано се селеа па единствен извор на информации што им се случува во татковината беше исселенички џубокс и тоа што вртеа на фиксен телефон кај роднините еднаш во 4 месеци.
А знаеш зошто се исселив? За тебе многу смешната причина, да мијам чаши во Црна Гора и да си заработам за колку толку пристоен живот. Затоа што во родниот Велес, во кој живеев 23 години неможев да најдам работа ни во фаст фуд. Тебе тоа ти е смешно, мене ми е трагично, и трагична ми е сечија таква судбина, каде си приморан да отидеш за да си створиш услови за живот. Јас сум рекла и предходно, ич не ми е срам што работев 2 години во кафич во туѓа земја, јас да можев во Велес да се вработам исто, ќе се вработев за да ми тропка џебот. Ама во Велес се што успеав да најдам беше работа за 5000 денари, без платено прекувремено и двократно, со два слободна дена ако и тие успеам да ги добијам.
Мислиш оти е лесно да се крене раце и да се отиде? Да ги гледаш мајка ти и татко ти на Скајп само? Да ти се јавува баба ти по телефон и да ти вика ќе умрам а нема да те видам? Ама мораме да останеме каде и да сме отишле, затоа што иднината во Македонија не е црна, туку не постои. Ја нема.
Еве јас повеќе не живеам во Црна Гора, решивме дека сакаме да се вратиме дома. Во која дома? Јас од Македонија, сопругот од БИХ? Во која дома ќе одиме? Во која од двете ќе преживееме? Јас му реков, оти незнам каква е ситуацијата во бих, ама знам дека во Македонија нема да можеме да преживееме. Затоа што работа нема за Македонци, а камо ли за други државјани. И јас пак избрав да живеам далеку од моите. Знаеш зошто? Затоа што сега чекам да ми се родат две деца, а да ја изберев Македонија, ќе се подразмислев малку повеќе дали воопшто да ги створам. Ете таква е ситуацијата таму. Болна. За врштење и пиштење е ситуацијата.
Јас кога одам во Македонија паѓам во депресија од околината и опкружувањето. Од неуспехот и од тоа што народот е вратен во 18 век. Да го заостанеа само може немаше да биде толку трагично, но го однесоа во 18 век. А тоа многу го забележуваме ние кои ретко доаѓаме. Затоа што знаеш што си оставил, а знаеш што си нашол. Напишав и предходно, ама не образложив, не нема на никакво ниво, ни на културно, ни на политичко ни на спортско.
По телевизиите 24/7 само турски серии синхронизирани на сељачки јазик за да ја затупи рајата уште толку, квизови на Драган Вучиќ, врвот е Лила филиповска со отварањето кутии каде ништо ново нема да научиш, Јанко бурекот, Миленко и пропаганда 24/7. Немаме ниеден филм од наше производство во последните неколку години, и тоа што го има е со сомнителна содржина во која се вметнува пропаганда, класни разлики, раѓање деца и послушност. Нема ниедна детска програма како што имаше на времето Ѕвон, Дајте музика, Сител Бамбини итд. Утринските програми се сведени на политички препуцавања измеѓу поединци на кои од штабовите им ставиле кредит да се јавуваат. И да не набројувам повеќе... Зборот ми е дека во последните неколку години се случи таква пропаганда сервирана од медиумите која неможе да биде ништо друго него намерно осмислен концепт за оглупавување на народот.
Во спортот сме очајни, неморам ни да образложувам.
Во политиката сме изолирани и од комшиите. За се ни се сите криви, неможеме да воспоставиме нормални односи со ниедна соседна држава, на меѓународно ниво ни да не зборувам.
Целосната слика е дека во Македонија владее депресија и тага. Ниеден позитивен настан се нема случено години уназад. Еве ти ако знаеш повеќе, кажи што позитивно се има случено во Македонија, нешто што ја придвижило напред во последните години.
Друго. Грешиш ако мислиш дека јас ја поддржувам Шарената револуција. Јас одамна напишав овде во темата дека со боење нема ништо да се случи и дека ова повеќе ми личи на инстаграм револуција од поединци. Ама, добро што и нешто се случува. Затоа што вака повеќе неможе. Секој кој мисли дека во Македонија не треба да има било каква суштинска промена е луд. Секој што мисли дека моментално вака е добро, и покрај се што слушнавме во телефонските разговори, треба да се запраша која му е дијагнозата.
Не јас несакам да продолжи револуцијата шарена да бои згради. Несакам ни Никола Груевски да оди во затвор, заедно со неговите другарчиња. Јас сакам Никола Груевски да моли и преколнува за својот живот додека гори жив во пламен, заедно со неговите другарчиња. За него имам такви мисли. И мислам дека многу порано требаше да се случи тоа.