Не можам а да не ти реплицирам, си пишал бааги
Види вака друже. Јас не сум експерт (ако такво нешто "експерт" постои), пошо фактите и околностите се менуваат на дневна база. Берзата се менува во наносекунди. Така да, најблиску до експерт би бил некој што прави доживотен и константен апгрејд на информациите (24/7), пример (NSA) и врз основа на тоа констатира некакви заклучоци. Што повеќе материјал за обработка, тоа пологичен заклучок. Не викам праведен, туку логичен. Во тој булк на податоци, јас си гледам низ мојата призма на интереси, ти низ твојата. Затоа сме различни и добро е да има таков баланс.
Знаеме за американското влијание, ЦИА, исламизацијата на Европа, ИСИС, Путин, мосад, С.Кореја, итн итн итн. Но да се запрашаме што е тоа што го читаме и слушаме? Чии се тоа "заклучоци" и зошто ние треба да веруваме или неверуваме во нив?

Океј те разбирам, си читнал нешто лево десно, си видел на јутуб, сте врзале муабет со пријатели, и? Ти од твоето искуство и истражување се определи да си ВМРО или СОРОС? Не. Зошто непостои такво нешто - политичко и геополитичко искуство за навек. Си има рок на траење.
Јас искрено ОСВЕН идеолошки, не знам на која друга основа би го фаворизирале ова што денес се нарекува ВМРО. Катастрофа се.
Е сега во контекст на горенапишаното, бомбите на Заев беа само дополнителни информации на кои се изгради нова идеа. Нов заклучок. Нова (р)еволуција.
Јас ниту се чувствувам како платеник на СОРОС, ниту ми треба да ме плаќа СОРОС. Боли ме курац за СОРОС.
Единствено нешто што имаме заедничко (ако стварно им е таква намерата), тоа е:
правдата за прв пат во македонската историја да ги стигне и воедно најголемите криминалци - политичарите. И тоа да го видиме сите, јавно и транспарентно. Да го видат и тие што претендираат во иднина за владини фотелји. ДА СЕ ЗНЕ БРЕ, кој сакаш биди, ако крадиш ќе лежиш. Тоа да се знае. И само тоа ме интересира. И само тогаш и тогаш ќе имаме шанса да изградиме држава, нација и единство.
Е тука ти стапуваш на сцена. Тоа што за мене е иднина, за тебе е сценарио на ЦИА и масоните во кое Зоран Ал Заеви кога ќе дојде на власт ќе го стави името и државата на продажба и ќе јаде живи луѓе. И на крај ќе изврши самоубиствен напад. Се поставува прашањето, дали јас да трошам од мојов драгоцен живот и да верувам во твоите убедувања, или да ги зграпчам годините што ми преостанале и да ги проживеам во некој помодерен свет.
Шо имам јас да се замарам со тоа кој ќе дојде на власт. Нека има фер избори, да знаат луѓето дека нивниот глас вреди.
Но ите како се замарам на таа новата власт да им се вртат пред очи слики кај што се уапсени Груевски, Мијалков, Миле, Горде и компанија.
Зошто ако им се вртат слики кај што Грујо (и покрај 5,5 милијарди украдени) се шета слободно, тогаш бато...
најубо е ние 2 милиони доброволно да се пријавиме за гасна комора, и нека донесат 2 милиони јапонци да напрает држава за 2 недели.