Во албанскиот град Саранда поставен споменик на Хилари Клинтон

  • Креатор на темата Креатор на темата Не-го-знам
  • Време на започнување Време на започнување

Не-го-знам

svetac ivan iscelitel
Член од
3 мај 2015
Мислења
613
Поени од реакции
454
Во албанскиот град Саранда во четвртокот е поставен споменик на кандидатот за претседателски избори во САД и поранешен државен секретар Хилари Клинтон, пренесува АР.



Според локалните власти, Клинтон го добила споменикот поради придонесот за афирмацијата на Албанија на меѓународната сцена. Градските власти пред повеќе од еден месец соопштија дека преку споменикот на Хилари Клинтон се оддава признание на пријателството помеѓу Албанија и САД и нејзиниот придонес кон албанскиот народ во различни историски моменти.

Авторот на споменикот, Идриз Балани изјавил дека откривањето на споменикот нема никаква врска со претседателските избори. Инаку ова е втор споменик на еден член од семејството Клинтон на овие простори, откако во Приштина во 2009-та беше поставен споменик на поранешниот американски претседател и сопруг на Хилари, Бил Клинтон.

Извор:
http://makfax.com.mk/svet/region/vo-albanskiot-grad-saranda-postaven-spomenik-na-hilari-klinton

:popce::popce::popce:
 
А сеа шу прајме?
 
Има инфо за контрапротести?
 
Во Македонија тепаат студенти и нелегитимно крадат гласачки кутии, клошари од дебреште вработени по партиска линија во полиција.
Глејте си го дворот прво.
 
Голем напредок за нив, со оглед на тоа што ништо не им е доградено како што треба, ама важно споменик ќе имаат.
Не знам дали бил некој во Саранда, ама јас не му препорачувам на никој да оди. За да стигниш до таа градската мала плажа треба да одиш многу, ништо не е веднаш до плажите. Во тек е изградба на хотели, погнасно е и од Македонија. Никој не знае англиски, едвај едно кафе може да си порачаш на плажа. Еднаш бев и никогаш веќе.
 
barem staile spomenik na nekoj ziv...vidi go skopjevo grobista...
 
ако победи Трамп треба да му напраиме во Градски Парк, може и во улицата на Бушавиот
 
ако победи Трамп треба да му напраиме во Градски Парк, може и во улицата на Бушавиот
Владата се преорјентира кон Русија, на Јелцин и Путин ќе им правиме споменици
 
Голем напредок за нив, со оглед на тоа што ништо не им е доградено како што треба, ама важно споменик ќе имаат.
Не знам дали бил некој во Саранда, ама јас не му препорачувам на никој да оди. За да стигниш до таа градската мала плажа треба да одиш многу, ништо не е веднаш до плажите. Во тек е изградба на хотели, погнасно е и од Македонија. Никој не знае англиски, едвај едно кафе може да си порачаш на плажа. Еднаш бев и никогаш веќе.
Еднаш влегов во Елбасан (на поминување) да купам нешто за пиење од продавница и не знаеја ни ЕДЕН збор англиски.
 
Еднаш влегов во Елбасан (на поминување) да купам нешто за пиење од продавница и не знаеја ни ЕДЕН збор англиски.

Само образование за нив, ништо друго не треба :):)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom