Windfucker
Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
- Член од
- 30 април 2010
- Мислења
- 8.459
- Поени од реакции
- 15.326
- Возраст
- 122
- Локација
- Wolfpack Reproducing Area
- Веб-сајт
- dangerousminds.net
Не да го проба, туку требаше да го игра од старт на онакава формација од Велс наместо Караско...Со двајца сидраши од старт ќе му ја начукаа цела формација од пет назад и ќе му ги неутрализираше Тејлор и Гантер, ако од една страна можеше да покрива Бејл како што го правеше тоа на утакмицата вчера, од другата ќе дуваше промаја и прашање на време само кога некој од крилата што би играле ДеБруне, Азар или Караско(еден ќе требаше да испадни од формација) ќе ги погодеше или сидрашите или тие со соло нешто ќе направеа сами.Требаше и Ориги да го проба...
Во одбрана Ориги лесно ќе го маркираше Ален со оглед на конституцијата и така ќе му го скинеа протокот на топка и за дефанзивци како Витсел и Раџа ќе беше мачкина кашлица да соберат и неутрализираат топка испратена во поле.
Со формацијата што излезе вчера Вилмотс му дозволи да си маркираат бековите на Велс и лесно да му одземаат топки од причина што во средината Честер му го маркираше креативецот Караско со оглед дека ротираше и остана на решението играчи како Раџа или Витсел по вокација дефанзивци од кои едниот беше залепен до Бејл да креираат напад и направат акција.
Се случи на стартот таков блиц крик на Раџа со шутот и тоа беше единственото што го изигра Белгија.
На сметка на тоа што жртвуваше дефанзивец за напад Ремзи си беше слободен и изигра како што изигра вчера.
Наместо да ја увиди грешката на полувреме тој направи поголема глупост што го внеси Фелаини наместо Караско и изгуби скроз од креативност нападот на Белгија и само малку се ослободи од Ремзи,
После кога колата тргна низбрдо нешто се обиде нешто со Мертенс да направи, ама пак упорно не стави двајца напаѓачи туку играше со лажни деветки некоја игра која што беше пичкин дим за маркација на дефанзивци како Честер и Ален.
На крај капак беше кога го извади Лукаку и го стави Батцуани, магаре да беше ќе сфатеше дека не може онака никако да ги добие репрезентација од типот на Велс која што се базира на сирува снага и дуел игра.