Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.317
Поени од реакции
15.488

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Уште не е пронајден круцијалниот доказ што го поддржува постоењето на ВМРОНИТЕ. Нивното постоење се коси со дарвиновата теорија - уште научно не е докажано како може толку ретардирани створови да егзистираат напоредно во еден општествен систем со нормални луѓе, да оправдуваат насилство врз сограѓани и студенти и да поддржуваат криминална власт од што ни тие самите не гледаат никакво фајде.

Просечна шугава хиена еволутивно е многу скалила погоре од еден форумски лешинар како вас. Посебно ти, што улетуваш со некоја ваква „досетка“, па после секое малку покомплицирано прашање, испаруваш ко п***а некоја.
 
M

Moon Child

Гостин
За домашна задача да си го научите ова;

1Владејачката ВМРО-ДПМНЕ на сите ни одржа одржа воспитна лекција, преку акцијата што ја изведе против Универзитетот. Како по книга.

Прво, тешко вооружени маскирани полициски единици небаре бркаат терористи на ИСИС, пред две недели упаднаа на Универзитетот за да приведат седум професори за сомнеж за мито. Потоа, на професорите и на студентите им избраа ректор со сила и со турканици. Потоа преку ноќ, без опозиција, изгласаа закон за нов државен универзитет кој ќе го урива монополот на најголемиот и најпрестижен универзитет „Св. Кирил и Методиј“. Потоа, организираа избори на Студентски парламент по принцип на гласачи од Пустец со носење нарачани студенти, на 30 јуни кога се завршени и предавањата и сесиите, за да им биде поедноставна операцијата за полнење на кутиите. Кога видоа дека Студентскиот пленум се буни, ги украдоа гласачките кутии и избегаа со нив, за да се скријат во своите простории за тајно да си ги бројат гласовите. И на крај, ги натепаа студентите од Студентски пленум што се спротивставија на таквиот начин на гласање за студентски лидер и пријавиле во полиција кражба на избори.

Да погодуваме што ќе биде следното? Следни се поканите за информативни разговори во полициски станици за попречување кражба на избори.

Не ќе да е дека полицијата се исплаши од силата на Студентски пленум. Не ќе да е дека се исплашија од насилство на голораките студенти кои протестираа со седење на земја со кренати раце и викање Уа!, па мораше да интервенираат елитни полициски сили. Дури и водените топови на Ердоган беа спремни за бранење на четирите украдени гласачки кутии.

Надвор од памет е дека скапи елитни единици ќе се трошат на улица за четири украдени гласачки кутии на студентски избори. И дека баш мораше единици за брза интервенција да го бранат редот и мирот од бунтовни студенти.

Ова беше класична показна вежба на ВМРО-ДПМНЕ за тоа што ќе ги снајде сите што ќе се обидат да го спречат Груевски да се спаси од тоа што ја киднапирал државата. Ако вака бранат фалсификат на студентски избори, како ли ќе бранат фалсификат на нормални избори?

Кога гледаш како и полицијата ја користат за да бранат апаши, јасно ти е дека ја грабнале силата и ќе ја користат до крај. Како ли ќе го бранат Груевски ако СЈО побара притвор за него?

2Не верувам дека некому не му е јасно на што сè е спремен Груевски. Ама, ме интересира како разни Ќосевци ќе најдат оправдание и ќе го бранат ова што го прави владејачката партија. Еве го одговорот. По бурната ноќ, дојде соопштение од СПУКМ во кое се вели дека „изборниот процес се одвиваше во фер и демократска атмосфера, каде што можност имаа студентите да го дадат својот глас и достојно да го изберат својот нов лидер“.

Да бев во Центарот за комуникации, зборот „достојно“, би го напишал со големи букви. И би го поцрнил.

Они ќе продолжат да глумат лудило. И тоа лудило да ни го продаваат како нормалност. Црното ќе биде бело. И ништо не ни можете. А ако се обидете да ни можете, нам ни се може Чавков.

Впрочем, она што го видовме со специјалците што ги влечеа по земја студентите е логично продолжение на тоа што почна на 24 декември, 2012 кога беше повикана полиција да ги исфрли како партали опозициските пратеници и новинарите од Собранието.

Во други земји, граѓаните излегуваат на улица и седат додека не падне власта што тепа народ. Кај нас, ни родителите на студентите не излегоа. А камоли професорите.

3Ај да го видиме сега новиот ректор на УКИМ, Никола Јанкуловски, угледен професор, почитуван хирург, што спасил стотици животи, кого пациентите и нивните фамилии го гледаат како Господ. Дали ги видел снимките од кои се гледа како неговите студенти ги влечат како партали. За почеток, решил да не го коментира настанот. Дали и тој ќе продолжи да се прави нормален, глумејќи лудило?

4Исто како што и министерот за внатрешни работи Митко Чавков глумеше нормалност за време на приемот на Американската амбасада, и од Кале командуваше со акцијата на специјалците за одбрана на украдените избори. Додека во телефон викаше „Ебр за спукм, ебр за спукм!“, сите мислеле дека лошо збори англиски, а тој всушност командувал: „ЕБР за СПУКМ“.

Во исто време, домаќинот Џес Бејли раскажуваше за нивниот влог за владеење на правото во Македонија.

Бејли малку зборуваше за политика. Раскажуваше за националните паркови во Америка. И за убавината на природата во Македонија. Го слушаа градоначалниците што се прославија со тоа што со интервенција на полиција ги сечеа дрвата низ парковите во Скопје и низ Македонија. Од алчност го разораа Водно и ги бетонираа природните плажи. Парковите што Отоманците ни ги оставиле во наследство, а нашите родители плаќаа самопридонес да се направат во урбаните средини, од корумпираност ги претворија во бетонски плочи.

Многумина беа разочарани што американскиот амбасадор не упати остра политичка порака. Рече дека Македонија не е само насловите во вестите, туку и природните убавини.

Појака порака здравје: Природата ви е убава, ама општеството ви е за никаде.

5Ден пред одбележувањето на 95-годишнината од убиството на Ѓорче Петров, наредено од Тодор Александров, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ изгласаа нов универзитет „Дамјан Груев“ во кој што ќе има нов институт за командни и штабни функции со име „Тодор Александров“.

Убиецот на Ѓорче Петров покрај тоа што има улица, мост, споменик и катна гаража, сега ќе има и институт за лидерство. Како истакнат лидер во ликвидација на лидери.

Тие што ќе завршат лидерство на институтот „Тодор Александров“ ќе одат на летната школа за млади лидери на Ѓорге Иванов.

Е па, ај честито лидерство.

Среќа барем природата ни е убава.

6Како што отвараат нови универзитети, за да имаат нови студенти да ги тепаат со лидерска командно штабна доктрина ала Тодор Александров, така секој ден за време на фудбалот пуштаат реклами за трето дете за да има кој да умира на државната клиника за гинекологија.

На власта не ѝ беше толку страшна веста дека 80 деца умреле за шест месеци, од кои дваесет умреле во последните две недели, колку што им беше страшно што новинарите прашуваа за тоа. Па уште и лекарот им се закануваше пред камери мавтајќи со прстот.

Ни кажуваат дека децата се нашето најголемо богатство. Ако бебињата ја преживеат бактеријата клебсиела при раѓање во државна болница, сите ќе бидеме побогати. Ќе пораснат во бунтовни студенти, за да има власта кого да тепа на улица. Ако им збоктиса да бидат тепани, ќе си одат во некое убаво општество. Каде што природата е исто така убава.

Природата ви е убава, ама општеството ви е за никаде.

http://sdk.mk/index.php/sakam_da_kazam/ebr-za-spukm/
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Ако СДСМ успеат да се откачат од Сорос, и почнат да работат за интересите на граѓаните, наместо за интересите на "граѓанските организации",
ќе се зголемат шансите за да го бутнат ВМРО.

Абе глуп си ко пикавец од Rodeo Slims.
Гнидо една мрсна:D
Што врска има Сдсм со Сорос ? Премногу ги мешаш работиве
 
Последно уредено:
Член од
14 август 2006
Мислења
45.473
Поени од реакции
84.894
Албанците во опасност да паднат под 20% !!!!!!
И сега шу праиме, Дуи и Дпа се здружија да ги заштитат правата на фантомските гласачи.. Ало Зајко, кај се криеш, излези објасни му на Бејли :mad:
Можат ДУИ и ДПА што кур сакаат да праат. Со само еден телефонски повик, господинот Груевски, нашиот премиер, све тоа ќе амнестира, што и да напраиле.
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503




КРАДЦИТЕ НА КУТИИТЕ СО НИВНИОТ МЕНТОР
Чекај сеа малку, нели овие Студентскиот пленум се прикажуваат како "независни" непартиски револтирани здруженија. Овие горе што ја земаа кутијата се знае дека се УМС, на крајот од едно видео на едниот му звони телефонот со химната на ДПМНЕ.

Него овие Студентскиов Пленум беа непартиски.

Поракава испратена од некојси потпретседател на СДММ Дарко Каевски






ПС: Ти се плукнам во државата каде се протестира по директива од партии, а не од свое убедување и размислување. А овие сите од двете партии да ги е**т ако не им кажат од партија ќе си трпат.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
lreal и Ѓоко,
може вие двајца да ни објасните што има Заев врска со тоа што не е спроведен попис до 2012 година, ако паторот бил на власт? Македонија и Сомалија се единствени две земји на планетава што не праат попис. Ние имаме школство, здравство, инфраструктура, економија исто како Сомалија - е сега, Сомалија има граѓанска војна едно 30-тина години, а ние го имаме паторот цели 10.
Ај да ве чујам, која е реалната врска меѓу Заев и пописот! Дај, просветлете не! Па уште и Бејли нешто го спомнуваш, не можам да сконтам у кој контекст.

Ако пре-великиот патор е толку голем патриот, ќе го спроведе и ќе докаже дека албанците се под 20%. Да не беше мафијаш во коалиција со дуи и да не работеше на распад на оваа држава во име на Бугарија, Грција или кој веќе не - ќе направеше тоа смрдле попис, па ќе видевме:
- колку сме,
- кои сме,
- кој све е избеган од земјава заради неговиот режим,
- како манипулира со економски податоци и лаже дека економски сме Јапан, а сме Сомалија,
- колку фирми имаат рикосано во периодот на неговото владеење,
- колкава е вистински таа армија од невработени што ја лажира цело време онаа несреќна агенција со свиња-директор,
- колку државен имот е исподрпан,
- колку пари се заглавени во празни станови, градени само за перење пари,
- кој треба да гласа, а кој не...
...и многу, многу од неговите говна ќе требаа да бидат аминувани од ДЗС и да станат официјални, а со тоа и црно на бело да влезе како еден и единствен гробар на земја Еден нормален пост нема од вас да се прочита. Срам да му е на човек да ве чита.
 
Последно уредено од модератор:
M

Moon Child

Гостин
Само за споредба колку сме мизерни. Пред 3 дена во Босна и Херцеговина беа објавени резултатите од пописот.
Босна успеа попис да направи, Македонија не успеа.
Заев е крив. :tapp:
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.508
Поени од реакции
24.286
Само за споредба колку сме мизерни. Пред 3 дена во Босна и Херцеговина беа објавени резултатите од пописот.
Босна успеа попис да направи, Македонија не успеа.
Заев е крив. :tapp:
Дали воопшто имаш претстава зошто не успеа пописот во Македонија и нема да успее уште долго долго време? Еве ти мала помош, не е ради Заев.
 
M

Moon Child

Гостин
Дали воопшто имаш претстава зошто не успеа пописот во Македонија и нема да успее уште долго долго време? Еве ти мала помош, не е ради Заев.
Еве ти мала помош, го исмејував дебилон горе кој рече дека Заев е крив што пописот не успеал.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Дали воопшто имаш претстава зошто не успеа пописот во Македонија и нема да успее уште долго долго време? Еве ти мала помош, не е ради Заев.
Ах штом не е Заев тогаш мора да е Бранко. :)
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.367
Поени од реакции
7.137

ПС: Ти се плукнам во државата каде се протестира по директива од
мафија, а не од свое убедување и размислување. А овие сите од двете партии да ги е**т ако не им кажат од партија ќе си трпат.
поправено
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom