Македонска Друштвена Мрежа - pravoslavna.mk

Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
pravoslavna.mk - Македонска Друштвена Мрежа. Нешто како македонски фејсбук.

МДМ - Православна Македонија
Македонска друштвена мрежа за замена на Facebook и слични друштвени мрежи со цел избегнување на злоупотребите во приватноста како и од присуството на голем број душевно штетни содржини. Водејќи се по моралните правила засновани на православно-христијанските вредности оваа друштвена мрежа ви стои на располагање за Вие, Вашето семејство, посебно помладите членови да ги искористите придобивките од друштвените мрежи како: поврзување, дружење, соработка, размена на мислења..., избегнувајќи ги штетните тежнеења произлезени од користољубиви намери.

и неколку други услуги:
Збировесник - На едно место збирно повлекување на најновите објави кои ги засегнуваат православните и македонските теми.
Ворум - Простор за разговарање по одделни теми.
 
R

Ranta

Гостин

злоупотреби во приватноста... зарем, откако ќе внесам податоци за тоа кога сум роден, никој нема да ги гледа и да прави што сака со нив? или ај од црквата е ќе се тешиме.. и зошто би одел да правам нова корисничка сметка на нешто што наликува на фејсбук, има налик на нешто православно (никој не гарантира дека е така/ можи да се секташираме) и истовремено, која сигурност ја нудите? Пред се' имајќи го фактот пред нас дека на интернет нема приватност? Берите податоци, можда? Како да бидам сигурен дека некој нема да ми ги собери податоците и да си ги има некаде, за нешто или некаква цел? Убо е то кога привлекуваме луѓе кон бог, ама на интернетот не се верува.
И фејсбук е добар ако го користиш внимателно, се разбира.. А овде имаме сигурна заштита? Како тоа? Објанување молам
 
Член од
16 септември 2013
Мислења
687
Поени од реакции
514
Отвараш, гледаш прв пост некојси Мите победил во Пинк/Гранд, затвараш.

Честито Мите, ама шоута ми се срање.
 
Член од
23 октомври 2011
Мислења
887
Поени од реакции
2.207
Колкав е соодносот на машки вс женски корисници? Нешто освен православие има ли друго како родољубност, национализам? За другар прашувам.
 
Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032
Се зачлениф. Кога давате порничи?
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Крштеница требит за членство или има и гостинска сметка?
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.513
Осеќа црквата дека го губи влијанието, па мора да навлезе во помодерниов свет со ѓаолски вражулиња.
Напрајте една промоција за женење на старите ергени со православни моми, ќе ви се зголеми членството и рејтингот, ќе има со што да се фалите т.е со новите чуда „ Се деси чудо, црквата успеа да го вдоми 52 годишниот Миајле ерген од Вашерејца со 45 годишната мома Душанка од Рилево“, госпо е голем и далечината помеѓу овие две села воопшто не беше проблем да се најдат овие чеда божји, после новите реформи неговото кралство се прошири и на интернет, овие две рисјански православни души знаеја уште од раѓање дека се еден за друг, затоа чекаа да се отвори оваа мрежа и да се спојат довека, вака нешто ќе ви биде еден од воведните постови и реклами, има да фрчат лајкови (моја препорака е место лајк да биде крст, демек се крсти за чудото), плус и влегувате во шема со рекламите на владата и можи да ве субвенционира за секој споен пар.
Вака ќе може да се праи и анкета за рејтингот на Ристета, пожелно е да не ги одбирате испитаниците туку да биде по рандом избор.
 
Т

Триптико

Гостин
Terms of Service
This page will contain the terms of service of your choice.

Е, ај да ве видам? Можеш да си бираш terms of services :ROFLMAO:

Privacy Statement
This page will contain the privacy statement of your choice.

Ова сега го видов.:confused:
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Како за македонска православна мрежа, многу вести од националистички српски сајтови имате бре, Шешељ да не администратор на странава?
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
злоупотреби во приватноста... зарем, откако ќе внесам податоци за тоа кога сум роден, никој нема да ги гледа и да прави што сака со нив? или ај од црквата е ќе се тешиме.. и зошто би одел да правам нова корисничка сметка на нешто што наликува на фејсбук, има налик на нешто православно (никој не гарантира дека е така/ можи да се секташираме) и истовремено, која сигурност ја нудите? Пред се' имајќи го фактот пред нас дека на интернет нема приватност? Берите податоци, можда? Како да бидам сигурен дека некој нема да ми ги собери податоците и да си ги има некаде, за нешто или некаква цел? Убо е то кога привлекуваме луѓе кон бог, ама на интернетот не се верува.
И фејсбук е добар ако го користиш внимателно, се разбира.. А овде имаме сигурна заштита? Како тоа? Објанување молам
Довербата се утврдува врз основа на постоење на суштински дела. Гледаш ветувања, договори печати и пак ги злоупотребуваат приватните податоци и ги користат за свои цели. Колку и да ти ветува, да ти потпишува, ова погоре во првата реченица е единствен начин за да знаеш дали си на добро место/во добро друштво. Ако некој некого заведува за нешто, тврди нешто лажно, може да прави лажни (формални) дела во правецот на заведувањето, но не може да прави дела кои суштински одат во правецот во кој сака луѓето да ги заведи. Ако прави суштински дела во правецот за кој објавува дека се застапува тогаш можеш да веруваш, барем се додека такви суштински дела се вршат. Ако прекинат можеш да преиспиташ.
Оваа мудрост може да се научи од Библијата од одговорот на Господ Христос кога е обвинет дека сите дела ги врши со силата на ѓаволот.
Ти види ги сите симболики на страната која е претставена, види ги сликите, темите и би требало да сфатиш. А ако се сомневаш и тогаш кога сѐ е во ред, тогаш ти си имаш проблем. Со таков скептицизам ќе бидеш неспособен за било какво блиско и верно дружење со било кого. Скептицизмот денес тоа е веќе поопшто раширена комуникациска болест.[DOUBLEPOST=1467400306][/DOUBLEPOST]
Колкав е соодносот на машки вс женски корисницити? Нешто освен православие има ли друго како родољубност, национализам? За другар прашувам.
Зачлени се и можеш да ги видиш сите членови иако не разбирам зошто ти е битен односот машки женски? Родољубност и Национализам може, зависно од корисниците, само треба да биде на повисоки морални рамки. Примитивизам и Неморалност нема да биде дозволувани.[DOUBLEPOST=1467400825][/DOUBLEPOST]
Како за македонска православна мрежа, многу вести од националистички српски сајтови имате бре, Шешељ да не администратор на странава?
Има и руски и бугарски. Сите тие се православни. Да имаше повеќе бугарски и грчки ќе ти беше уште помило :) Српски најдобро разбираме, а се најажурни во објавување на разни вести. Грчки ретко кој разбира, може и англиски во иднина ако се наиде на квалитетни страни. Тие српските се добри, покрај православни изнесуваат и антиглобалистички гледишта.[DOUBLEPOST=1467401024][/DOUBLEPOST]
Осеќа црквата дека го губи влијанието, па мора да навлезе во помодерниов свет со ѓаолски вражулиња.
Напрајте една промоција за женење на старите ергени со православни моми, ќе ви се зголеми членството и рејтингот, ќе има со што да се фалите т.е со новите чуда „ Се деси чудо, црквата успеа да го вдоми 52 годишниот Миајле ерген од Вашерејца со 45 годишната мома Душанка од Рилево“, госпо е голем и далечината помеѓу овие две села воопшто не беше проблем да се најдат овие чеда божји, после новите реформи неговото кралство се прошири и на интернет, овие две рисјански православни души знаеја уште од раѓање дека се еден за друг, затоа чекаа да се отвори оваа мрежа и да се спојат довека, вака нешто ќе ви биде еден од воведните постови и реклами, има да фрчат лајкови (моја препорака е место лајк да биде крст, демек се крсти за чудото), плус и влегувате во шема со рекламите на владата и можи да ве субвенционира за секој споен пар.
Вака ќе може да се праи и анкета за рејтингот на Ристета, пожелно е да не ги одбирате испитаниците туку да биде по рандом избор.
ха ха добра идеја :angel:[DOUBLEPOST=1467401323][/DOUBLEPOST]
Terms of Service
This page will contain the terms of service of your choice.

Е, ај да ве видам? Можеш да си бираш terms of services :ROFLMAO:

Privacy Statement
This page will contain the privacy statement of your choice.

Ова сега го видов.:confused:
Не се пополнети има уште многу за доработка. Она кажаното на почетокот од темава се условите.[DOUBLEPOST=1467401634][/DOUBLEPOST]
Крштеница требит за членство или има и гостинска сметка?
Ќе бидат добредојдени некрстените за да бидат вратени на правиот пат.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Обратно може? Како дете ме крстеле, не сум знаел дека ќе ме зезнат тогаш.
Ти дале, не ти земале. Кога се добива можиш да го користиш и да не го користиш. Така што ништо не си изгубил, само ти било дадена можност, ако сакаш, можеш да ги користиш даровите на Светиот Дух.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ќе бидат добредојдени некрстените за да бидат вратени на правиот пат.
Koј сака да се врати на вистинскиот пат, ќе се обрежи, ќе си ја почитува Саботата како ден божји и нема да му се клања на кипови знаци и слики.
 
Член од
14 април 2008
Мислења
1.257
Поени од реакции
914
Koј сака да се врати на вистинскиот пат, ќе се обрежи, ќе си ја почитува Саботата како ден божји и нема да му се клања на кипови знаци и слики.
Се кажуваше за атеист, па беше за римокатолиците, сега си за евреите. Let нема граница на твојот хаос, но Господ е моќен да те оправи.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom