W
whatever1
Гостин
Нигде не најдов низ форумов нешто повеќе за европски универзитет. (графички дизајн)
Ако знаете нешто повеќе, пишете обавезно.

Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Знам какви смерови има и одлучена сум, само ми треба некој да ми каже колку е признаен..јесте да сме македонија ама сепак.![]()
Признаен е.
Заборави ги ЕУРМ токму бидејќи сме Македонија, а уште повеќе поради графичкиот дизајн. Ќе си ја замразиш избраната професија доколку се запишеш на ЕУРМ, ти говорам од искуството на најблиски луѓе од мое семејство и најблиски пријатели, луѓе кои ги познавам, а се занимаваат кој со графички дизајн, кој со програмирање, а никој од нив нема да ти даде ниту една препорака за ЕУРМ. Не сакаш да студираш графички дизајн кај идиоти поради кои за малку ќе им се одмилеше избраната професија на многумина кои студираа на ЕУРМ.
Како што спомна @Viksa.LAL, појди во Сеавус, односно поранешна Александрија, овие моиве завршија таму и во период од 1 (ЕДНА) година научија многу повеќе за графички дизајн и за програмирање отколку што научија на ЕУРМ во период од 3 (ТРИ) години.
Ако ЕУРМ некогаш функционираше како вистински универзитет, тоа беше во периодот помеѓу 2005 и 2008 година, кога имаше вистински професионални кадри, се до јануари 2008 кога професионалните кадри фатија џаде од ЕУРМ.
Некои од нив ги познавам и јас лично, намерно не ги спомнувам со име и презиме, но доволно е да потенцирам дека денес работат на универзитети во Минхен и Штутгарт, токму бидејќи се вистински професионалци, наспроти идиотите со купени дипломи кои работат на ЕУРМ.
Ако сакаш да студираш на приватен универзитет, подобро оди на ФОН, таму отидоа некои од вистинските професионалци кои си заминаа од ЕУРМ во јануари 2008, или бркај си ја среќата во Сеавус, каде што ќе добиеш сертификат за стекнатото знаење, а кој е признаен во цел свет. Но држи се настрана од ЕУРМ, бидејќи таму ќе потрошиш многу време и пари, но уште повеќе ќе потрошиш нерви.
И сега? различни мислења
Нема различни мислења, @Бавча спомна дека ЕУРМ е признаен, а јас тоа воопшто не го негирав, туку само ти потенцирав дека наставната програма на ЕУРМ и кадрите кои ги одржуваат предавањата од истата таа наставна програма на ЕУРМ, се целосно некомпетентни за да бидат третирани како вистинска високо образовна институција, исто како што ти потенцирав дека откако ќе ислушаш курс во Сеавус и ќе положиш испит за истиот тој курс, ќе ти издадат сертификат кој е признаен во целиот свет.
Тоа не значи дека ЕУРМ не е признаен, туку значи дека било каде во светот многу полесно ќе разберат кои технологии ги владееш и какви познавања имаш кога ќе им кажеш дека имаш сертификат од Adobe, или од Corel, или од Autodesk, додека ако им кажеш дека имаш диплома од ЕУРМ, па и од ФОН - да бидеме искрени - сепак поголеми шанси за вработување ќе имаш со светски признаените сертификати од Сеавус отколку со дипломата од некој локален приватен универзитет.
И сега... разгледај си ги можностите во Сеавус и на ФОН, или на било кој друг приватен универзитет или колеџ, ма да јас лично го препорачувам ФОН бидејќи познавам луѓе кои од ЕУРМ фатија џаде на ФОН, исто како што познавам луѓе кои завршија факултет на ФОН, а немам слушнато никакви поплаки од нив.
Би ти ги препорачал и Семос Едукација за курсеви и професионална сертификација, бидејќи се поевтини, но поевтини се бидејќи курсевите кај нив траат пократко, додека Сеавус се поскапи бидејќи курсевите кај нив траат подолго и има многу повеќе практична настава, а со тоа и стекнување на повеќе практични знаења во споредба со Семос Едукација. Инаку, исто како сертификатите од Сеавус, така и сертификатите од Семос Едукација се признаени во целиот свет.
Еве како полесно да се одлучиш - распрашај се во ЕУРМ и во ФОН дали соработуваат со Сеавус или со Семос Едукација за организирање на курсеви. Едно време сите факултети - и државни и приватни - организираа курсеви во Сеавус или во Семос Едукација, така што за поголеми групи на студенти, курсевите беа одржувани во просториите на факултетот, а за помали групи на студенти, курсевите беа одржувани во просториите на Сеавус или во Семос Едукација. И се разбира, колку беа поголеми групите, толку поголем беше попустот за курсевите.
Во некои случаи, спојуваа помали групи од еден факултет со поголеми групи од друг факултет. Така на пример, имаше една мала група на студенти од ЕУРМ кои посетуваа курсеви заедно со студенти од ПМФ во денешен Сеавус, односно тогашна Александрија, но бидејќи групата од ПМФ беше многу поголема, двете групи заедно посетуваа настава во просториите на ПМФ во Автокоманда. Но ова беше пред повеќе од 5 години, па можеби во меѓувреме ја прекинале соработката, па затоа распрашај се во ЕУРМ и во ФОН, но исто и во Сеавус и во Семос Едукација за да видиш кој факултет ти е поисплатлив за следење на курсеви за професионална сертификација во Сеавус или во Семос Едукација.

Гледам дека доста знаеш за универзитетов само уште ова прашање дали со европски можам да одам на work & travel usa? И видов со Сеавус соработуваат.![]()