Пишував еднаш на темата, ми помогнавте многу, сега барам повторно совет. Со оглед на тоа во каква ситуација сум на крајот очекувам и исмејување, најмалку тоа ми е потребно.
Од кога раскинав со претходниот партнер се зближив со една личност преку социјалните мрежи.
Си кликнавме некако, додека разговаравме со часови, со денови изгледаше ко да се познаваме со години.
Да скратам малку, близината го направи своето иако и двајцата бевме од различни краеви на земјата. Тоа мене не ми пречеше, наводно и нему не на почетокот, го прифатив со сите маани, лицемерен идиот, ама ми годеше неговото внимание што го даваше, не знам дали имаше чувства од негова страна, изгледаше дека има, така велеше тој, но јас бев веќе луда по него што ми беше прв на листа на приоритети. Месеци по месеци, дојде и година, за жал не се видовме, се до пред две недели како гром од ведро небо ме праша што планирам, до кога вака, не сме се виделе бла бла изговори, мора да преќинеме, ми пречи далечината, пријатели нема да бидеме од него. Ладен туш за мене, буквално го молев да најдеме компромис но не наидов на разбирање од него. Прекинавме начисто, никаков контакт иако ми велеше дека му недостигам, еден ден после тоа кога го побарав да разговараме по моја иницијатива. Пред 4 5 дена повторно разговаравме и заврши лошо, од тогаш ништо.
Ми се сруши светот, бев спремна да ризикувам, чекав негов збор само, многу ветуваше тоа нашето, порано постојано зборувавме, сега воопшто не, од тогаш гледам само провоцирање од негова страна, девојка имал, ме заборавил, не знам што..
Пред да кажете збор два како можеш да го сакаш а го немаш видено.. Не знам, во моментов најмалку можам да размислувам, да анализирам, да барам решение.
Не планирав да дојде до ова, да негувам некои чувства за некој што не го познавам, не ми пречеше каков е, го прифатив, знаев што се крие во него но ниту на крај памет не се надевав дека ќе дојде до ова.
Како одминува времето, според неговото однесување почнав да мислам дека друга девојка е во прашање, дека провокациите всушност не се провокации и дека се вистина. Да ми кажеше веднаш дека е тоа, ќе се тргнев сама.
Не, не ми недостига неговото внимание, имам внимание од други, ми треба тој, со неговата харизма, привлечност, смислата за хумор, се.
Не знам како да се однесувам, како да се помирам.
Друштвото ми вели дека успеав без еден, ќе успеам и без овој, но со него поинаку беше.