Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

  • Креатор на темата Креатор на темата Ne_sum_ja
  • Време на започнување Време на започнување
Ова можеби на некои ќе им звучи како заебанција твоево, ама нема шанси британец да ти го работи тоа за минимална плата.
Пре би седеле на бенефитс.

Британците немаат проблем со чистачите од Полска и берачите на јагоди со БГ пасош. Британците имаа проблем да го прифатат фактот дека на секој полски чистач доаѓаат и 2-3 цигани од Бугарија или Романија што хараат, крадат и живеат од социјала. На Британецот тоа му е шубе, што има тој да дава за шлајмот насобран и дојден од секаде и згора на тоа да му крадат и просат. Има доволно документарци и статистики бар на таа тема, што се случи со криминалот од моментот кога романските цигански банди стапнаа таму.

Јас сум сигурен дека ЕУ или било каков граѓанин сеуште ќе има можност да живее и работи таму, секако со потребните вештини и способности. Како што фунционира овој систем за Австралија, Канада, Нов Зеланд - така ќе фунционира и за Британија.
 
Моментално ЕУ е појака од комновелтот ама овде не станува збор за замена едно на друго. Овде ќе дојде до диверсификација и намалување на трговската размена со еден блок.
Ќе се јави нето загуба или добивка од процесот?

Супституцијата на пазар е скапа работа.
 
БоЏо на телевизија беше како попарен, абе немора одма да излегуваме полека.
Си рече - леле луѓе што направивме!

Има добра статија на индепендент за неговата прес конференција и тоа што излезе блед како крпа.

Сакаше да излезе како морален победник и човек кој што држи до принципите ама масата му се сврте.

Сега одма Циле Миле, ама нема да го активираме член 50, излезот нема да биде одма...
Очигледно немаа никаков план за што понатаму.
 
Убаво ви пиша Кано, УК е таа со дефицит во трговската размена, ЕУ губи пазар не УК. На страна што сега нема да мораат да го прилагодуваат правниот систем кон европскиот, бизнисот нема да мора да им се прилагодува кон европските регулативи и другата еу булшит бирократија. Ќе можат сами да си склучуваат трговски договори со остатокот од светот, ќе можат да ја контролираат имиграцијата која значително ги буткаше платите на Бритнаците надоле. А во УК има вишок на работна сила и е тешко да се најде работа. Плус, не знам зошто мислите дека членството е бесплатно во ЕУ, UK за 2015 платила 13 милијарди фунти како придонес во буџетот на ЕУ, а во форма на грантови и субвенции им биле исплатени 6 милијарди фунти. Кој кур се дужни да го финансираат постоењето на држави у обид ко Грчка?
 
Ќе се јави нето загуба или добивка од процесот?

На кус рок загуба подоцна добивка. Комонвелтот е пазар од над 2 милјарди жители чија куповна моќ расте рапидно. Зајакнување на односите со нив дур не се средат односите со ЕУ ќе донесе и придобивки. Ова е она што УК го има а други го немаат. Иначе од топ 50 партнери на ЕУ пола се во Комонвелтот. 3 од топ 10 се исто дел од комонвелт. ;)
 
БоЏо на телевизија беше како попарен, абе немора одма да излегуваме полека.
Си рече - леле луѓе што направивме!
И сабајле имаше таква слична атмосфера, ама од секогаш ми биле малку queer англичаниве(Џонсон посебно) не знаев дали е до мене или до нив....
 
На кус рок загуба подоцна добивка. Комонвелтот е пазар од над 2 милјарди жители чија куповна моќ расте рапидно. Зајакнување на односите со нив дур не се средат односите со ЕУ ќе донесе и придобивки. Ова е она што УК го има а други го немаат. Иначе од топ 50 партнери на ЕУ пола се во Комонвелтот. 3 од топ 10 се исто дел од комонвелт. ;)
:pos::pos::pos:

Убаво вака коа си типуваш како спортска да играш а влогот да ти е 20 денари.

И ти така со зборчињата субституција на пазар, диверсификација, слободна трговија... малку загуба ама ќе се опраат, како на Симс.
 
Исто ко некој што типува колапс на УК бе... Ко да пред ЕУ се било црно на островот.

И да полесно е со такви зборчиња и играње Симс кога зад тебе стои блок од 53 држави и 2,2 милјарди народ. Гомна да продаваш ќе опстанеш, ама џабе еве ти штом се смееш сега сигурно ќе пропаднат...
 
На кус рок загуба подоцна добивка. Комонвелтот е пазар од над 2 милјарди жители чија куповна моќ расте рапидно. Зајакнување на односите со нив дур не се средат односите со ЕУ ќе донесе и придобивки. Ова е она што УК го има а други го немаат. Иначе од топ 50 партнери на ЕУ пола се во Комонвелтот. 3 од топ 10 се исто дел од комонвелт. ;)
Еве кај ти е фалинката во резонирањето.

Нешто над 50% од вкупната трговска размена на UK е со ЕУ. Не е со Комонвелтот. Економската логика вика дека ќарот е во трговијата со ЕУ. Ако Комонвелтот почне да ја заменува ЕУ се јавуваат реални и опортунитивни трошоци. Муабетот "На кус рок загуба подоцна добивка" не ти држи вода.

Башка глупо е да сметаш дека членките од Комонвелтот ќе си ги расипат односите со најголемаат економска заедница(можеби втора по ред по големина по Брексит) за да и го прават меракот на UK.
 
Исто ко некој што типува колапс на УК бе... Ко да пред ЕУ се било црно на островот.

И да полесно е со такви зборчиња и играње Симс кога зад тебе стои блок од 53 држави и 2,2 милјарди народ. Гомна да продаваш ќе опстанеш, ама џабе еве ти штом се смееш сега сигурно ќе пропаднат...

Комонвелтот поќе го користат за увоз него извоз. Но ни прилично не можа да биде алтернатива на заедничкиот Европски пазар.
 
Не е 50 него 47 што е 15% помалку во однос на пред 10 години. Се сложувам дека има повеќе ќар со ЕУ ама тоа не значи дека нема други пазари каде може да се пробијат. Побарувачка на УК производи има и те како низ азија, таму им е и растот низ годините. Ако последните 10 год се концентрираа на пораст во Јапонија и Кореа, сега веќе и Кина, Филипините, Индонезија, Индија итн можат да си дозволат британски производи. Тоа се гледа веќе на големо низ шопинг центрите таму... Сега малку повеќе ќе се фокусираат на тоа ако веќе неможат во ЕУ. Не е крај на светот.

Да ќе се јават некој екстра трошоци. Во ред е тоа. Ќе има и поголем пазар.

Се слагам за последното и нема потреба да се вовлекуваат други држави доволно е да си продолжи отворената трговија со нив со тоа што малку поголем фокус ќе има кон взаемна трговија.[DOUBLEPOST=1466805515][/DOUBLEPOST]
Комонвелтот поќе го користат за увоз него извоз. Но ни прилично не можа да биде алтернатива на заедничкиот Европски пазар.

Ова го кажуваш врз база на што? ГДП на еу без британија е некој 14тина трилјони. На комовелтот е скоро 10. Не е толку голема разликата колку што мислите.
 
Исто ко некој што типува колапс на УК бе... Ко да пред ЕУ се било црно на островот.

И да полесно е со такви зборчиња и играње Симс кога зад тебе стои блок од 53 држави и 2,2 милјарди народ. Гомна да продаваш ќе опстанеш, ама џабе еве ти штом се смееш сега сигурно ќе пропаднат...
Да де и сам напиша, ВБ ќе сноси финансиски загуби со потегов.

Штета само што активистите немаа време да им го спомнат ова претходно на гласачкото тело, они мислеа дека #брегзит е за економски напредок. :icon_lol:
 
Финансиски загуби во кус период, подоцна ќе бидат подобри. Сеедно и да се спомнеше очигледно главна мотивација беше мигрантската криза. Секако ќе гласаа да си одат. Еве и според информациите што ги сподели @Сталкерот загубата би била на ниво да им го спушти сегашниот стандард на нивото на Германија. Трагично :(
 
Ова го кажуваш врз база на што? ГДП на еу без британија е некој 14тина трилјони. На комовелтот е скоро 10. Не е толку голема разликата колку што мислите.

Не верувам да се точни бројките. Само Германија има ГДП колку Индија и Канада заедно а Австралија има колку Шпанија. Кај се Италија, Франција што се во топ 10 економии...
 
Не верувам да се точни бројките. Само Германија има ГДП колку Индија и Канада заедно а Австралија има колку Шпанија. Кај се Италија, Франција што се во топ 10 економии...

Провери си...

The Commonwealth members have a combined gross domestic product of over $9 trillion, 78% of which is accounted for by the four largest economies: United Kingdom ($2.95 trillion), India ($2.05 trillion), Canada ($1.79 trillion), and Australia ($1.44 trillion).

The economy of the European Union generates a GDP (nominal) of about €14.3 trillion (US$18.5 trillion in 2014) and a GDP (PPP) of about €12.7 trillion (US$16.8 trillion in 2014) according to the International Monetary Fund, which makes it the largest or second largest economy in the world respectively if treated as the ...

Одземи сега УК.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom