Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

S

silmarillion

Гостин
Мирка частела кафана. Се јадело боршч и строганофф. За секој поканет имало и матриошки. Мајка Русија застанала позади нас. Спасени сме!
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.561
Поени од реакции
24.917
Ок ако мислиш така. Мене секоја економска логика и бројките ми кажуваат дека зависноста на Британија од Европа е далеку многу поголема. Сепак Британија далеку е од Америка а ниту е Германија туку економската тежина и е отприлика колку Франција.

Тие три милиони работници таму дошле зашто имало потреба, ако тие си одат треба некој да ги замени оти британците не прават деца. Лекари и фармацевти не ми е логично да дојдат од комонвелтот бидејќи и Австралија и Канада имаат потреба од тие кадри. Ете им ја Индија од таму нека си ги увезуваат.

А пари ќе продолжат да плаќаат на ЕУ доколку сакаат да го користат пазарот. Норвешка плаќа милиони евра на ЕУ за да го користи пазарот. Ама ете од Leave кампањата не им го кажаа тоа.

Разликата меѓу франција и британија е што едниве се надувани пауни што некогаш биле нешто а другиве што сеуште имаат конекции и мрежи низ цел свет. Француските колонии се горе доле секаде крајно независни и освен на сила што плаќаат рекет (африканците) никаде французите не се добродојдени. Од друга страна англичаните сеуште секаде негуваат добри односи дури и со тие што излегле од комонвелтот. Огромна разлика е и нема да биде проблем да го заменат пазарот ако дојде до тоа (мада нема). Лекари и фармацевти не е проблем, ти реков ЌЕ ДОЈДАТ затоа што идат секако. Незнам зошто мислиш дека некој од АУС или Канада не би отишол во англија кога низ годините тоа си е редовен тренд. Кажав пола милјон од аус се таму, од НЗ исто, од јужна африка исто. Канадската дијаспора во Британија е 3та најголема после таа во УСА и Хонг Конг. Не си правите филмови, секој е заменлив. Најмал проблем се 3те милјони полјаци и бугари.

ПС. нека бидат сега нето плаќачи во германија. Нормално откако неколку години ќе го учат јазикот и цицаат од бенефиците потоа ќе има и германија корист и од нив и од беглаците.... Само некако не мислам дека ќе им се свиѓа тоа многу. Мислам ќе попуштат, ќе дадат гз повторно како пред некој месец
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.246
Поени од реакции
84.290
Може и да немаме или да го чекаат моментот да им удрат нож во грбот на евросодомите. Паметите 9 мај прошлата година кога Иванов не случајно беше во Москва на парадата, иако беше заплашуван да не оди, одма го активираа и Куманово. Груевски слично колку може гледа накај БРИКС.
Така да во политиката не се кажува секогаш вистината, кога дојде моментот ќе видиме. Овие префарбаниве комунисти Заев и компанија сега се за нато но ако осетат на каде дува верерот може брзо да се префарбаат и да станат најголеми БРИКСаџии.
Диво Насеље го платија Грујо и Мијалков за да покушаат си го спасат газот и тоа е само едно од низата предавства на Македонија и македонскиотѕ народ кои овие узрупатори на партијата и идеите на ВМРО ги направија за лична сметка.
Инаку се гледа по нивните потези колку гледаат накај БРИКС.
- за време на нивното владение САД отвори амбасада- воена база на врв Кале, единствена од таков тип во регионов (не на расклапање како Бондстил). Од овој попроруски потег нема, стварно.
- гласаа за Косово кај стигнат, наспроти руските укажувања и и помагаа на оваа држава кај што може (задњи пут у ФИФА)
- медаља на Џорџ Буш кој му даде пред некој месец?
- кај Бајден на баци рака кој беше пред некое време?
- кој гласаше у ОН за резолуцијата за Украина?
... и да не набројувам, а има уште вакви паметни потези.
Затоа прекинете со таа проруска песна, нема гзот на гомното предавничко да му го осветлите, а Путин со прст нема да мрдне за такви гомна.

Епа ако овие изроди ги рачунате за проруски, тогаш - да, британските политичари кои се за излегување на на Британија од ЕУ се исто проруски.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Борис, Фараж и компанија биле популисти, а овие што беа про ЕУ никако :D

Камерун се закануваше со апокалипса ако искочат од ЕУ, а самиот кажа во еден говор дека Британија би имала турбуленции доколку искочи но нема да пропаднат ко што викаат сега и нагласи на тоа дека Британија е 5та светска економска сила. Го кажа тоа што сите го знаат, ако искочат ќе имаат фрки одреден период и затоа е подобро да останат во ЕУ, но прашањето е дали е тоа подобро на долгорочен план. Сега времето ќе покаже кој бил во право.

Плус тоа што Камерун се закани со трета светска војна ако искочат, а да не зборам како ја злоупотребија смртта на политичарката што ја убија и пробаа да ги обвинат Brexit за нејзината смрт. После тоа одма искочија статии како Remain е повторно во водство ради убиството. Си ебале мамата.

И не знам само кога ќе сфатите дека сите овие срања што се дешаваат и сета оваа радикализација на национализмот или како што милуваат од ЕУ да кажат - ксенофобија е само продукт на една пропадната политика каде што е заборавен домородниот народ на овие простори, очигледно му е преку кур. Не само тука, ене и во САД имаш фикус ко Трамп кој што најверојатно ќе победи. Али ок, во секој случај е многу подобар од вештеркана Хилари.
 
Член од
10 август 2011
Мислења
1.930
Поени од реакции
7.811
За да се договори Британија за слободна трговија и се што и треба како што велиш ќе треба ЕУ да прифати а за тоа ќе се преговара. Ама сега цехот ќе биде поголем за да го добијат тоа бидејќи нема веќе со што да уценуваат бидејќи се никој фактор во ЕУ. На Британија и е потребна Европа многу повеќе отколку обратното.

Дека туку така ќе добијат договор како што има Швајцарија или Норвешка не би се надевал многу. Барем не во првите 10 години после излегувањето.
А би било чудно ако воопшто сакаат да добијат таков договор, зошто тој би бил многу полош од тоа што го имаа до сега.
И Норвешка и Швајцарија плаќаат убави суми за да може да бидат дел од заедничкиот пазар и го имаат имплементирано целокупното законодавство, кое се однесува на заедничкиот пазар. Уствари, во Норвешка и Швајцарија процентот на ЕУ закони во целокупното законодавство е поголем отколку во Британија. Имаат и израз за тоа, го викаат "fax legislation". Односно, ги добиваат законите готови и мораат да ги имплементираат, без да имаат било каков глас при нивното носење.

Британците се во илузија ако мислат дека ќе можат да диктираат било какви услови при трговијата со ЕУ. Отстапките кои досега ги добиваа и повластениот третман, беше резултат на тоа што беа дел од политичкиот процес при носење на тие правила, па преговарачката позиција им беше посилна. Ама сега ќе настапуваат како надворешна страна и ќе преговараат со цел блок, а не со индивидуални држави. Тие правила се правила на заедничкиот пазар, не на Германија, секој што сака да извезува на него ќе мора да ги почитува. Немаше отстапки за Русија, САД, Кина, зошто би имало за Британија.
Ако имаат ЕFTА тип на договор, ќе се сведе на тоа да ги почитуваат истите правила како до сега(вклучително и слободно движење на луѓе), истиот центар да им ги носи, само без да имаат ни најмало влијание при нивно носење. Плус веројатно ќе треба да плаќаат и поголема нето сума од таа што ја плаќаа до сега за учество на заедничкиот пазар, што беше еден од главните аргументи за излез.

А на старите британкски дртала што уште мислат дека Britannia rules the waves и дека нон-еу статус и ниска фунта ќе им ги направи бизнисите поконкурентни и ќе им ги донесе manufacturing jobs, треба да им се помогне со меморијата и да се присетат што се случуваше со нивната индустриска база во 70-ите, пред да влезат во ЕЕЗ и самите, во добар дел, да ја иницираат идејата за заеднички пазар.
Баш да видиме како ќе се носат со индустриски и технолошки џинови како САД, Германија и Кина. Ја не сум баш голем оптимист.
 
Последно уредено:
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Сега ќе поскапат ролс ројс-овите и бентлите за европските милионери. Ќе треба и царина и данок да плаќаат сега. :D
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Мирка частела кафана. Се јадело боршч и строганофф. За секој поканет имало и матриошки. Мајка Русија застанала позади нас. Спасени сме!
Таа знае дека тресе глупости по потреба, туку воловиве што и веруваат, тие се за греота.

Meanwhile, во паралелниот универзум на главата на препарираниов:

Иванов: Загрижени сме дека ЕУ ќе тргне по патот на Југославија



http://fokus.mk/ivanov-zagrizheni-sme-deka-eu-ke-trgne-po-patot-na-jugoslavija/
Не се дрогирајте деца како овој (толку многу)!
 
Член од
13 февруари 2007
Мислења
5.159
Поени од реакции
6.015
Попрво UK ќе тргне по патот на Југославија отколку ЕУ.



 
Член од
1 февруари 2005
Мислења
1.309
Поени од реакции
1.829
Диво Насеље го платија Грујо и Мијалков за да покушаат си го спасат газот и тоа е само едно од низата предавства на Македонија и македонскиотѕ народ кои овие узрупатори на партијата и идеите на ВМРО ги направија за лична сметка.
Инаку се гледа по нивните потези колку гледаат накај БРИКС.
- за време на нивното владение САД отвори амбасада- воена база на врв Кале, единствена од таков тип во регионов (не на расклапање како Бондстил). Од овој попроруски потег нема, стварно.
- гласаа за Косово кај стигнат, наспроти руските укажувања и и помагаа на оваа држава кај што може (задњи пут у ФИФА)
- медаља на Џорџ Буш кој му даде пред некој месец?
- кај Бајден на баци рака кој беше пред некое време?
- кој гласаше у ОН за резолуцијата за Украина?
... и да не набројувам, а има уште вакви паметни потези.
Затоа прекинете со таа проруска песна, нема гзот на гомното предавничко да му го осветлите, а Путин со прст нема да мрдне за такви гомна.

Епа ако овие изроди ги рачунате за проруски, тогаш - да, британските политичари кои се за излегување на на Британија од ЕУ се исто проруски.
Можеби е така можеби не.
Путин знае дека ја оставија Србија на цедило, да биде бомбардирана, не дека тогаш не можеа да им помогнат, но не беше време. После петнаесетина години подготовка и целата таа конструкција којашто ја создаде, превооружување, БРИКС, ШОС, ЕАС веќе помага, земија Сирија. Се разбира Путин нема печатница за долари и секој ден да штампа по 6 милијарди без покритие и дел од нив да дава по разни НПО-та.
Знае дека сите европски народи се буквално силувани од колонијалната елита, така да кај може помага, се разбира дека и ти треба да го испочитуваш. Конкретно мое мислење е дека Ципрас и ВМРО одолговлечуваат и кога дојде време ќе направат тоа што треба, ако не тогаш можеби и ние ќе треба да сме на источен фронт рамо до рамо со другите фашисти против Русија. Но според историјата од ВСВ сме биле на правилната страна. Разликата меѓу нас и Србија е тоа што имаме многу албанци и при знак од САД може да го активираат конфликтот кога ќе посакаат, затоа привремено сме со наведната глава, даваме медаљи, гласуваме како ќе наредат, но кога ќе дојде моментот робот ќе се сврти против господарот.
 
Последно уредено:
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.870
Поени од реакции
36.916
Откога го добија денеска првиот шамар за освестување дека навистина изгласаа напуштање на ЕУ, потенцијалниот иден премиер и водач на кампањата на за напуштање на ЕУ ја смирува топката.

"In voting to leave the EU it’s vital to stress that there’s no need for haste, and as the Prime Minister has just said nothing will change in the short term except work will begin on how to extricate this country from the supranational system. As the Prime Minister has said there is no need to invoke Article 50," Mr Johnson said.

Смета дека не треба да се брзало о нема веднаш да ја започнат постапката.

Истото го изјави и Камерон дека во наредните два месеци нема да ја започне постапката.

Од другата страна стигаат повици од сите релевантни фактори од ЕУ и останатите земји како и лидерите на парламентарните групи кон Велика Британија во најскор можен рок да ја започне постапката за напуштање на ЕУ и тоа да се случи брзо.

Изгледа сега ситуацијата во таборот на ториевците е "што направивме..."[DOUBLEPOST=1466791907][/DOUBLEPOST]
Турција во ЕУ е приказна за мали деца посебно поради тоа што Германија е најголемиот противник на нивно зачленување.
За членство на Турција многу земји ќе организираат референдум и тоа нема да помине во ниту една земја. Франција е дури уставно обврзана да одржи референдум за примање на нова членка во ЕУ.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Се сомневам дека ќе се зголемуваат обидите за некакво единство после 7 години турбуленција како резултат на неефикасност или неуспешно присилување од клучните тела на ЕУ. Ако според тебе мир подразбира целосна финансиска контрола и зависност на цела Јужна Европа + Ирска, прописи за цензура на тоа што се постира онлајн, казнување членки затоа што не примаат 500 000 лица од Блиски Исток и Африка годишно, тогаш патот кон внатрешни конфликти и револуции ќе станат една голема неминовност.
Ти зборуваш за последните години и за некои погрешни политики. Јас му одговарав на Бачето на небулозите дека европа 50 години страдала од европското соединувње што е нонсенс. Во тие 50 и кусур години имаа невиден прогрес, немаат видено војна со децении, последната војна во европа беше во Југославија, каде погоди што, некои држави мисела дека со раздружување ќе им било многу убаво, словенци мислеа дека ќе процветаат ако не ги ранат јужанците, србите сонуваа за небеското царство, на македонците им продаваа конгреси у Солун и прикаски „еден патилџан една марка (копијарт од @Let 3 ).

Ја не викам дека ЕУ оди по лош пат, дека сегашнава политика е погрешна, дека не се посветува внимание на реалните проблеми, дека очигледно процесот кон поголема интеграција и политичка моќ на унијата е грешен и народите не го сакаат, но да тврди некој дека заради тоа треба целосно задржувуање и дека така ќе им било поарно, тоа може само да мисли човек што со краткорочно гледање од месец дена во идината или некој со агенда да шири такви глупости
 

Kajgana Shop

На врв Bottom