Референдум во врска со членството на Обединетото Кралство во ЕУ (Bretxit)

Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
@Dexter26 , не те сметав за толку отиден по сомнителни агенди, Фараж го прикажа како жртва на наместени избори, Трамп и Борис како добар избор за лидери.

Ако Фараж и Борис се иднината на новата Британија, многу убаво ќе им биде.
 
B

Bafra

Гостин
Ќе биде многу тешко тоа и ќе доведе до уште поголема поларизираност во општеството. Посебно сега како хиени кружат околку Камерон за премиерското место. Добар дел од неговата партија беше во Leave кампањата.

Инаку нив сега многу ќе им треба слободен пристап до економската зона на ЕУ, а тоа европјаните го знаат и ќе ги натераат скапо да го платат. За се што ќе сакаат да бидат дел од Европа (на пример, признато здравствено осигурување) Брисел ќе им наметне еден куп контра услови.

Може да биде слично сценарио како грчкиот референдум кога изгласаа отфрлање на мерките за штедење и после за помалку од година дена Ципрас прифати и потпиша пакет мерки многу полоши од претходно понудените.

Камерон им донесе многу поволен договор во февруари. Добија се што посакаа и добија статус на "специјална членка", ама пусти инат и неписменост.
Сега кај што ќе имаат маргинално политичко влијание во Европа, ќе треба да исполнуваат услови и скапо ќе плаќаат за пристап до пазарот кој до сега го имаа за ич пари.
А што ако тој се пазар се распадне... во тој случај УК направиле добар избор со порано излегување од живиот песок или?

Стварно сметате дека Кралицата и остали лордови, витези би дозволиле овој референдум да биде успешен ако не е во полза на Англија ....
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.811
Поени од реакции
11.840
:pos::pos::pos:
Ќе се распаднела Британија,мислиш за Македонија се работи,а не за една од најмоќните империи.Од еден пуст остров ја направија најмоќната империја која владееше со скоро пола свет,прежиевале глад,го прежиевеале Наполеон,го преживеале Хитлер,ќе го преживеат и четвртиот рајх.;)Не грижете за британците го имаат САД како партнер,го имаат комонвелтот,ќе се снајдат они.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.536
...

Заборави да потенцираш дека "поволниот" договор од февруари 2016, со кој Дејвид Камерон изјави дека би гласал за Велика Британија да се зачлени во ЕУ, не беше законски обврзувачки кон ниту една држава членка на ЕУ и истиот можеше да биде укинат од страна на Европскиот суд на правдата во Луксембург, бидејќи договорот нудеше бенефиции за специфичка држава членка на ЕУ, што е спротивно на Лисабонскиот и Шенгенскиот договор, кои заедно со договорите од Рим и Мастрихт, се основни правни темели на ЕУ.

@Dexter26 , не те сметав за толку отиден по сомнителни агенди, Фараж го прикажа како жртва на наместени избори, Трамп и Борис како добар избор за лидери.

Ако Фараж и Борис се иднината на новата Британија, многу убаво ќе им биде.
Кажи му го тоа на судијата кој ја одобрил истрагата, јас само ја пренесувам информацијата.

Tories fail to block police probe into election fraud allegations in Thanet South

A judge has granted police more time to investigate Conservative expenses in the Kent constituency during the general election.

South Thanet election expense police inquiry extended
 
Последно уредено:
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
Нешто што многу ме нервира од овој исход е тоа што се случува во Македонија.

Сиот фекалиски отпад се истури од дежурните гомнојадачи, почнувајќи од осомничени криминалци за дела за кои се лежи минимум десетка, пратеници и политичари на злосторничко здружение, осудени криминалци, платени од народни пари „новинари“, руски и српски шпиуни, неутралци на државна цицка, локални експерти од селската кооперација, сета можна булумента има што да каже, сите имаат задача зададена од сабајле од командниот штаб да не убедуваат дека тука во пашалукот на врховниот водач е многу убаво, дека може да биде и полошо, дека надвор е за никаде и дека ние само да издржиме и нашите непријатели ќе пропаднат.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.920
Поени од реакции
41.888
Не само Велика Британија абе сите ќе се распаднат, само Македонија засекогаш ќе остане цела и најсилна земја. :LOL:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: fmi
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.868
Поени од реакции
36.914
А што ако тој се пазар се распадне... во тој случај УК направиле добар избор со порано излегување од живиот песок или?

Стварно сметате дека Кралицата и остали лордови, витези би дозволиле овој референдум да биде успешен ако не е во полза на Англија ....
Европскиот пазар е втор најголем пазар во светот веднаш зад САД. Ако тој пазар се распадне тешко на целиот свет.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
:pos::pos::pos:
Ќе се распаднела Британија,мислиш за Македонија се работи,а не за една од најмоќните империи.Од еден пуст остров ја направија најмоќната империја која владееше со скоро пола свет,прежиевале глад,го прежиевеале Наполеон,го преживеале Хитлер,ќе го преживеат и четвртиот рајх.;)Не грижете за британците го имаат САД како партнер,го имаат комонвелтот,ќе се снајдат они.
еее така велеа и за Алесандровото царство, и за Римската империја и за Византија и за Османлиското царство
Па сега за нив учиме по истории и ги откопуваме по археолошки локалитети
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
@Dexter26

Не викам дека Обама, Корбин или бог да чува Хилари вештерката и останатата левичарко-марксистичка коропрациска елита или либералните пиздиња во Брисел се решение, но Трамп, Борис и Фараџ се патолошки лажговци, слаткоречиви популисти без концепт и долгорочни решенија. Еве го Фараџ уште денес ретерира за некои од предреферендумските тврдења, тој и Борис немаат никаква функција, немаат никаква одговорност, други ќе го носат товарот, а тие можат само да ги гледаат сеир.

Трамп како кандидат во кампања може да каже се, и ѕид да изгради, и да соработува со Северна Кореа, и да забрани муслимани во САД, но кога ќе седне во Situation room и кога ќе му го дадат листот со долгорочните стратегиски планови на САД за наредните 100 години, многу од ветувањата и реториката ќе се смени, памти ми го овој коментар ако го изберат.

Зборот ми е, ни алтернативата не е поарна од сегашниов естаблишмент.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.868
Поени од реакции
36.914
Заборави да потенцираш дека "поволниот" договор од февруари 2016, со кој Дејвид Камерон изјави дека би гласал за Велика Британија да се зачлени во ЕУ, не беше законски обврзувачки кон ниту една држава членка на ЕУ и истиот можеше да биде укинат од страна на Европскиот суд на правдата во Луксембург, бидејќи договорот нудеше бенефиции за специфичка држава членка на ЕУ, што е спротивно на Лисабонскиот и Шенгенскиот договор, кои заедно со договорите од Рим и Мастрихт, се основни правни темели на ЕУ.
Точно, им дадоа договор до толку поволен што истиот беше во спротивност со основните темели на ЕУ.

Ја би им го дал од трите подолгото на "специјалните" британци ама сами си го дадоа на крај.

Еве им сега ќе преговараат под кои услови ќе смее да тргуваат на европските пазари, дали британски државјани ќе смее бесплатно да се лечат во други европски држави (европско признато осигурување), можни меѓусебни оданочувања и многу други работи што ги уживаа.

Убаво им кажа норвешката премиерка при посетата на Лондон, Едно е да не си бил дел од ЕУ и да градиш партнерство друго е да бидеш дел и да се дезинтегрираш па да градиш некакво партнерство.
 
kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.552
Поени од реакции
24.896
Точно, им дадоа договор до толку поволен што истиот беше во спротивност со основните темели на ЕУ.

Ја би им го дал од трите подолгото на "специјалните" британци ама сами си го дадоа на крај.

Еве им сега ќе преговараат под кои услови ќе смее да тргуваат на европските пазари, дали британски државјани ќе смее бесплатно да се лечат во други европски држави (европско признато осигурување), можни меѓусебни оданочувања и многу други работи што ги уживаа.
Голем проблем ова со лечењето... Дури 1,2 милјон британци има во ЕУ од кој поголем дел имаат двојни ЕУ државјанства. Од друга страна има 3 милјони европејци во британија.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.027
Поени од реакции
12.536
Нешто што многу ме нервира од овој исход е тоа што се случува во Македонија.

Сиот фекалиски отпад се истури од дежурните гомнојадачи, почнувајќи од осомничени криминалци за дела за кои се лежи минимум десетка, пратеници и политичари на злосторничко здружение, осудени криминалци, платени од народни пари „новинари“, руски и српски шпиуни, неутралци на државна цицка, локални експерти од селската кооперација, сета можна булумента има што да каже, сите имаат задача зададена од сабајле од командниот штаб да не убедуваат дека тука во пашалукот на врховниот водач е многу убаво, дека може да биде и полошо, дека надвор е за никаде и дека ние само да издржиме и нашите непријатели ќе пропаднат.
Е па, фекалиите на тие дежурни пропагандисти - кои јас лично не ги ни регистрирам за живи, а камо ли па веродостојни - сепак држат вода поради само 1 (ЕДЕН) неоспорлив факт, а тоа е реалноста дека Македонија не е членка на ЕУ исклучиво поради хирот на нашиот јужен сосед кој ужива репутација на држава која не ги исполнува своите фискални обврски.

Еве нас не` чека банкрот со заминувањето на пастирот и пвеводбениците, додека нашиот јужен сосед го чека нов пакет финансиски средства од ЕУ за да ги плати своите долгови, кои и понатаму нема да ги плаќа, бидејќи тамошните пастири и пвеводбеници се докажани професионалци од областа на криминалот и корупцијата наспротив нашиве пастири и пвеводбеници, додека на нас ќе ни солат памет дека треба да го смениме името за да станеме држава членка на ЕУ која ќе се задолжува за да ги плаќа долговите на нашиот јужен сосед.

Со ваквата реалност, не е тешко за Македонците да го прифатат аргументот дека проблемот не е ниту во нас како нација, ниту во името на нашата држава, туку е во ЕУ и нејзините услови.

@Dexter26

Не викам дека Обама, Корбин или бог да чува Хилари вештерката и останатата левичарко-марксистичка коропрациска елита или либералните пиздиња во Брисел се решение, но Трамп, Борис и Фараџ се патолошки лажговци, слаткоречиви популисти без концепт и долгорочни решенија. Еве го Фараџ уште денес ретерира за некои од предреферендумските тврдења, тој и Борис немаат никаква функција, немаат никаква одговорност, други ќе го носат товарот, а тие можат само да ги гледаат сеир.

Трамп како кандидат во кампања може да каже се, и ѕид да изгради, и да соработува со Северна Кореа, и да забрани муслимани во САД, но кога ќе седне во Situation room и кога ќе му го дадат листот со долгорочните стратегиски планови на САД за наредните 100 години, многу од ветувањата и реториката ќе се смени, памти ми го овој коментар ако го изберат.

Зборот ми е, ни алтернативата не е поарна од сегашниов естаблишмент.
Хехе, кажи нешто ново за политичарите, фактот дека сите се измамници и лицемери е општо позната вистина од памтивек, најверојатно од самите почетоци на демократијата.

Но колку и да не се совпаѓаат твоите ставови со ставовите на луѓе како што се Доналд Трамп, Борис Џонсон, Најџел Фараж и други, сепак забораваш една многу важна работа - овие луѓе стигнаа до центарот на политичката игранка токму бидејќи предлагаат некаква промена наспроти статусот кво кој го нудат нивните противници.

Малку е предоцна за ветување на амнестија за нелегални имигранти во САД и увезување на уште повеќе нелегални имигранти од Мексико и Средна Америка, како и увезување на терористи од блискиот исток и северна Африка, исто како што е предоцна за приказни за мали деца од типот "исламот е религија на мирот" и "овие терористички напади немаат никаква поврзаност со исламот иако луѓето кои ги извршија беа муслимани кои се заколнаа на лојалност кон Исламската Држава".
 
Последно уредено:
B

Bafra

Гостин
Европскиот пазар е втор најголем пазар во светот веднаш зад САД. Ако тој пазар се распадне тешко на целиот свет.
Епа врзи појасот, натака се движиме, поминаа мирните времиња, колку побрзо го прифатиш тој факт толку поубаво ќе се припремиш бар психолошки :D

Е тоа го прават Англичаните сега, не се будали па да идат со глава во ѕид.

Знаат дека на почеток ќе имаат проблеми ама брзо ќе ги надминат а ЕУ со ваква организација,економски политики без радикални промени е жив песок и кој остане :popce:

А овој Almeida ко божем е против диктатурата на фамилијата ама диктатурата на ЕУ е Ок :D
 
Kajgana Shop

На врв Bottom