Let 3
The Nipple Erector
- Член од
- 13 јули 2008
- Мислења
- 30.896
- Поени од реакции
- 31.279
eте ти го парадоксот, ем не вработувале постари, ем ти понудиле работа али не било за постари.газдите не вработуват постар работник, демек ќе одиш во пензија и пак немам човек...
веднаш се јавив на еден оглас и добив понуда, но за работно место што одговара за млад, со многу патување.
Во “комунизмот“ се вработувале млади и со диплома зато шо постарите воглавном веќе биле вработени, не беше тоа некоја “комуњарска“ измислица туку во СФРЈ кој не успеал да се вработи до кај свои 27-28 години, си го барал чарето надвор.
Невработеноста во Битола во 80 десетите беше околу 9% и тоа беа воглавном помлади со средно или тазе дипломирани, сега како голем успех е бројка на невработеноста во Битола која е околу 17%
Во овој систем и пензионерите бараат работа пошто не се поминува месец со една плата или една пензија, а голем број се семејства кои се со еден вработен или еден пензионер дома и се во очајна ситуација. Со 12 или 16.000 не се врви месецот, и сам да си тешко би се врзал први со први а камоли со фамилија. Работните места во Македонија веќе не се како во “комуњарско“ време, нема потреба од искусен кадар, од зрели возрасни работници, се барат млади физички издржливи, кои можат да стојат на нозе по 8 сати, не одат често до клозет и не отсуствоваат од работа поради семејни проблеми, слави, да бараат одмори, права, боловања. Во “комуњарско“ време кога Македонија имаше сопствно производство и развој на производи, се бараа и технолози и инженери и проектанти и техничари и правници и сметководители и готвачи ... сега капацитетите се сведени на носење материјал од странство, нивно штрафење и составување овде и пак носење надвор. Не се бара појќе ум, дипломата единствено по софтверски фирми или ординации се уште е битна, на други места е битна како и диплома по компаративна книжевност во рудник за дијаманти во Конго.