Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Нивните приказни за лажен патриотизам, правење прикани и такви сценарија кој почнаа да им се откриваат не палат повеќе.
Се надевам дека е така, ама дали е?

Страшно ме нервираше деновиве, се враќам пешки од протести накај дома и гледам испонаредени таксисти по 7-8 коли - дремат волови, немаат работа и тоа што ќе го извозат во денот им е мизерија и пак седат и си ќутат. Не можам да кажам дека било драматично подобро пред 5-10 години и сигурно и тогаш требало да се протестира, ама ете и сега кога има некаква (каква-таква) активност, пак ќутат и трпат идиотите.

Протестиве требаа да ги обединат работоспособните (а невработени или мизерно платени) луѓе, обесправените во работа, луѓето со мизерни примања - за такви не ми треба статистика да ми каже дека ги има, ги познавам лично - и дремат и ќутат.

И кога веќе ги спомнав таксистиве, врв на мизерија ми беше кога пред кратко време ме возеше колега од факултет. Дипломирал и тој, работел у приватна фирма кај што го терале да потпишува криминални проекти за плата од 200-300 евра, па у општина каде што исто го гледал спроведувањето на криминалот на дело и под притисок си дал отказ. Дека сега со таксиво многу се усреќил, не сум баш сигурен, ама дека примеров е уникатен за земја како нашава - тоа сум 100% сигурен.
 
W

wicked_1

Гостин
Не сум неутрален, баш напротив.Ама кога не знаеш, ќе сум ти неутрален, ебига.Јас сум дел од трета група на граѓани, која е радикално-десна, која е многу мала, но нејзината бројка од ден на ден бавно но сепак расте, нешто што неможе да го кажам за шарените и гдомците.
Баш тоа ни треба.

Веќе на неколку наврати имавме силни десничари, ама не си останаа на каузата.:mad:
Тие од 98ма беа силни и предани државници и со голема љубов спрема источниот сосед, народот не ги разбра.
Втората верзија од 06та влезе како најпатриотската, најродољубива, името што не го дава, патриоцка опција во историјата, беше неколкупати попатриоцка опција од претходната, ипак недоволно.

Сега ни требаат нови, посилни, радикал-патриоти за да се фати конечно лекот.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Можеби имаш добри намери, ама со такви коментари само ја поддржуваш поделбата на добри македонци и лоши македонци. И тоа со помош и аргументи на некаква си “македонска историја“.
Медуимската машинерија на фамилијата ја иницира оваа поделба со цел да се дигне прашина и да се предизвика закрвеност. Повикување на некакви филувани „сеќавања“, извитоперени и искривени се само дел од пропагандното одвлекување внимание од сегашниот проблем.
И за голема твоја и моја жал - има лоши македонци. Дури и историското вмро на кое тие бесправно се повикуваат не ќе да е баш победник, па да не речам и е лузер во најголемиот број од историски моменти. А за нивново, денешново не ми се ни праи муабет - од размената на територии со Ш, бугаризирање и промена на јазикот за која заговараше Димитар Димитров (татко му на Никола), фамозната антиквизација со целосно уништување на реномето на државава за век и веков - све сами бисери - антинародни, антидржавни - најголемите автоголови на македонската политика доаѓаат баш од врховистиве.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Прашање на перспектива.

Која друга македонска организација останала жива после 130 години од создавање, не во една, туку во две држави?
Две светски војни, неколку балкански војни, комунизам, поделби, крвопролевања се најзвучните именки низ тие 130 години.

А кој и како ја води машинеријата за одмакедончување, делење на лоши и добри македонци, ја водат сите “завојувани“ македонски страни. Тоа е и трагедијата на сите овие глупости. Денес, се води таа војна само и само да се скрие некаков криминал на некакви дудуци, што немаат јајца и човечко достоинство да се соочат со сопствените грешки.

А за реномето, уништувањето на битовото, и незнам што, никогаш не сме ги имале тие работи. Затоа што ако ги имавме, немаше ни да ја има оваа дискусија.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.864
@Благоев

Која е таа организација, јас не знам таква, таа на која мислиш ја прогласија за мртва 1934, а умре многу порано.

Фактите се факти, историски левицата имаше поголема заслуга за создавањето на македонската држава, кога зборувам за левицата мислам и на левичарското крило на ВМРО кое по распадот преку други организации и поединци на крај заврши во НОВ и АСНОМ.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
ВМРО во сите негови форми. Без разлика дали некој од активистите бил социјалист, комунист, монархист, итн.

И двајцата се фокусирате на дел од мојот пост, а никако да ја погледнете целината или идејата.

Не е поентата кој имал повеќе заслуги, или кој имал помали заслуги. Не е работата да се чествува еден, а да не се чествува друг. Не е работата колкав македонец бил Делчев, а колкав Сарафов, Сандански, Груев и незнам кој. Сите овие преживувале од работата, трудот и помагањето на Македонскиот народ. И сите умреле за тој народ.

Зошто не сакате, или не можете да разберете една работа. Десна, лева, врховистичка, обединета, разединета, десница, левица, фракција, сите овие биле Македноци и треба да бидат третирани како такви. Без поделби, без да се дава заслуги на едни, да се одзема од други, затоа што биле помалку заслужни. Кој одлучува кој е повеќе, а помалку заслужен, кога сите еднакво си ја ставале главата во торба за тој исти народ од кој живееле?

Истите тие идеали, начин на борба и штоидае останале и во ВСВ. Зошто настанале НОВ и АСНОМ? Зошто биле поканети сите илинденци? После војната, зошто на тој голем број илинденци им е одбиена воена пензија? И уште мал милион прашања, што ми доаѓаат на памет.

Несфатливо е, знам. И јас со години сум се борел ментално со таа дилема, кој е повеќе, а кој помалку Македонец. И јас сум имал проблем да разберам, зошто демек, некој одел против својот бит, против својот народ. На крај да разберам, дека тоа всушност е дилема која воопшто не треба да има место во мојата свест.

Најпрост пример:
Денес, претседателот на Бугарија е Македонец. Ние имаме ужасни односи со Бугарија. Ужасни. Зошто? 2001ва кој ни продаде оружје? Истокот. Каде беше западот да ни помогне тогаш? Сите до еден одбија дадат пари да си купиме куршуми, а камоли да ни продадат и еден куршум. Тенковите, оружјето и сѐ околу него влегоа преку источниот сосед.

Најважно од сѐ, е што овој проблем не треба да го решавам јас, ти, петко, трајко. Овој проблем не треба ни да го дискутираме јас, ти, петко, трајко. Овој проблем не треба да биде извор на проблеми, конфликти, политичка дискусија, или да се користи за дневно-политички интереси и поделби. Ова не треба да се дискутира воникаков друг контекст, освен научен или историски. Иако знам, дека тоа не е можно. :)

Се извинувам за оф топикот.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.996
Прашање на перспектива.

Која друга македонска организација останала жива после 130 години од создавање, не во една, туку во две држави?
Две светски војни, неколку балкански војни, комунизам, поделби, крвопролевања се најзвучните именки низ тие 130 години.

А кој и како ја води машинеријата за одмакедончување, делење на лоши и добри македонци, ја водат сите “завојувани“ македонски страни. Тоа е и трагедијата на сите овие глупости. Денес, се води таа војна само и само да се скрие некаков криминал на некакви дудуци, што немаат јајца и човечко достоинство да се соочат со сопствените грешки.

А за реномето, уништувањето на битовото, и незнам што, никогаш не сме ги имале тие работи. Затоа што ако ги имавме, немаше ни да ја има оваа дискусија.
Врската меѓу историското ВМРО и денешното дпмне, јас лично не ја перцепирам и тоа не од некакви лични, семејни побуди, туку заради тотално погрешните политики што оваа организација ги водеше во овие 26 години постоење, базирани на лажен патриотизам исклучиво за внатрешна употреба, популизам и стварање омраза кон неистомислениците, притоа со недобиена ниту една битка, изборена позиција, привилегија ниту во надворешна политика, ниту во внатрешни состојби. Континуитетот според мене и добар дел од македонското население НЕ ПОСТОИ и крајно време е да се престане да се стои зад тој лажен плашт на патриотизам и да се претстави непријателот со вистинско име и презиме.

Дека сме немале некое којзнае какво реноме, делумно се сложувам, ама не сме биле вака ниско спуштени - тешка работа. Уште да се испотепаме меѓу себе и да му до-потврдиме на светов кои копуци сме. За голема среќа, на маса народ не му паѓа напамет да гине за психопатов накитен со лажни ловорики. Да беа промениве системски, на дпмне ќе му се отстранеше тој лажен ореол и ќе се отвореше патот оваа земја правилно да се развива - за жал, ниту сдс нема интелектуален капацитет да го осознае тоа како проблем.
Толку, не одам понатаму оф-топик.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Врската не ја перцепираш, затоа што се фокусираш на врвот на пирамидата на ДПМНЕ.

Колку ли само незнајни членови и симпатизери има ВМРО, кои се достојни/недостојни наследници на комитите, јатаците, комитетите, некогашни локални водачи и први луѓе на народот низ македонската земја. ВМРО е многу повеќе од сегашниве дудуци од ДПМНЕ.

Ако ги немало или нема овие ситни луѓе, Македонци, родољубци, едвај ли ќе имало ајдуци, комити, Илинден, партизани, итн. Е сега што сите си поигруваат со нив, ги нарекуваат простаци, неизживеани, сељаци, итн. тоа е друга работа.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199

Се во ред, но моментално секакво споменување на тоа минато им користи на лоповскатра банда која ја силува Македонија. Ќе ги воспеваме овие херои, и името на ВМРО кога Гвујо и компанија ќе завршат по затвори.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Се во ред, но моментално секакво споменување на тоа минато им користи на лоповскатра банда која ја силува Македонија. Ќе ги воспеваме овие херои, и името на ВМРО кога Гвујо и компанија ќе завршат по затвори.
Нормално. Овие багабонти се сѐ друго, освен тоа што тврдат дека се. :)
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.077
Поени од реакции
6.562
Можеби имаш добри намери, ама со такви коментари само ја поддржуваш поделбата на добри македонци и лоши македонци. И тоа со помош и аргументи на некаква си “македонска историја“.
Само еден пример, до ден денешен ние како нација не можеме да се помириме со фактот дека пред сто години и едните и другите кои ги спомнуваш во твојот пост, всушност биле Македонци. Не биле нешто друго, туку Македонци. Дали биле перфектни, дали ги имале “правилните“ идеали (кои и да се тие идеали), дали и како работеле, е сосема друга работа.

Поларизацијата само доведува до непотребни проблеми. Заради поларизацијата има протести и контра-протести, додека едните и другите пробуваат да докажат и покажат кој е всушност поголем македонец, кој е непријател, кој е родољуб, а кој издајничка пичка.

Со таква реторика, идеологија и начин на размислување, се прикриваат вистинските причини и се трга акцентот од двата вистински проблеми: Криминал и Неспособност. Работите се многу едноставни, а се комплицираат и филуваат со растегање локуми, историски правди, неправди, вадење валкана облека од нафталин, тепање, закани, ломотење, дефокусирање, итн.
Многу мал удел во протести и контрапротести има поларизација поради историја. Занемарлив. Контрапротести на пример се одржуваат поради работно место со нишање врата, сендвич и повратна карта.
Проблемот на овие т.н. ``суверени демократии`` и нивните водства е целосното отсуството на јасна идеологија. Во тоа е и разликата меѓу фамилијата Ким да речеме и вакви фрикови како пастирот или овој во Србија или Лукашенко. На првиот знак дека снемува пара нивните поданици ќе се разбегаат како стаорци, никој нема да гине за нив.
А не дека не се обидуваат да направат идеологија, ама и за тоа треба способност, антички барок од стиропор не поминува бидејќи зад него не стои ништо освен најгруба корупција. Во таква приказна не верува ни најретардиран мвровец, може само да лаже дека верува.
Зад левицата стоело море од крв 1941-45 и затоа имало јасна и цврста идеологија, барем во првите 30 години после војната, подоцна со новите генерации и тоа отишло низ вода.:)
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Десницата и левицата во Македонија се толку многу измешани, што не се знае ни кој пие, ни кој плаќа. Повеќе лево-ориентирани и социјални мерки се имаат донесено во Македонија, последните десет години, отоколку претходните дваесет години.

пс. Ништо не си разбрал што сум напишал.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
4.077
Поени од реакции
6.562
ВМРО во сите негови форми. Без разлика дали некој од активистите бил социјалист, комунист, монархист, итн.

И двајцата се фокусирате на дел од мојот пост, а никако да ја погледнете целината или идејата.

Не е поентата кој имал повеќе заслуги, или кој имал помали заслуги. Не е работата да се чествува еден, а да не се чествува друг. Не е работата колкав македонец бил Делчев, а колкав Сарафов, Сандански, Груев и незнам кој. Сите овие преживувале од работата, трудот и помагањето на Македонскиот народ. И сите умреле за тој народ.

Зошто не сакате, или не можете да разберете една работа. Десна, лева, врховистичка, обединета, разединета, десница, левица, фракција, сите овие биле Македноци и треба да бидат третирани како такви. Без поделби, без да се дава заслуги на едни, да се одзема од други, затоа што биле помалку заслужни. Кој одлучува кој е повеќе, а помалку заслужен, кога сите еднакво си ја ставале главата во торба за тој исти народ од кој живееле?

Истите тие идеали, начин на борба и штоидае останале и во ВСВ. Зошто настанале НОВ и АСНОМ? Зошто биле поканети сите илинденци? После војната, зошто на тој голем број илинденци им е одбиена воена пензија? И уште мал милион прашања, што ми доаѓаат на памет.

Несфатливо е, знам. И јас со години сум се борел ментално со таа дилема, кој е повеќе, а кој помалку Македонец. И јас сум имал проблем да разберам, зошто демек, некој одел против својот бит, против својот народ. На крај да разберам, дека тоа всушност е дилема која воопшто не треба да има место во мојата свест.

Најпрост пример:
Денес, претседателот на Бугарија е Македонец. Ние имаме ужасни односи со Бугарија. Ужасни. Зошто? 2001ва кој ни продаде оружје? Истокот. Каде беше западот да ни помогне тогаш? Сите до еден одбија дадат пари да си купиме куршуми, а камоли да ни продадат и еден куршум. Тенковите, оружјето и сѐ околу него влегоа преку источниот сосед.

Најважно од сѐ, е што овој проблем не треба да го решавам јас, ти, петко, трајко. Овој проблем не треба ни да го дискутираме јас, ти, петко, трајко. Овој проблем не треба да биде извор на проблеми, конфликти, политичка дискусија, или да се користи за дневно-политички интереси и поделби. Ова не треба да се дискутира воникаков друг контекст, освен научен или историски. Иако знам, дека тоа не е можно. :)

Се извинувам за оф топикот.
Како бе каде беше западот? Свесен си колку оружје донира Германија? Многу повеќе а веројатно и во подобра состојба отколку извиканите бугарски тенкови :) Хермелините кои ако не се лажам сеуште се во употреба, над 200 оклопни транспортери дојдоа од Германија, настрана Италија, САД, па и Грција.[DOUBLEPOST=1466600249][/DOUBLEPOST]
Десницата и левицата во Македонија се толку многу измешани, што не се знае ни кој пие, ни кој плаќа. Повеќе лево-ориентирани и социјални мерки се имаат донесено во Македонија, последните десет години, отоколку претходните дваесет години.

пс. Ништо не си разбрал што сум напишал.
Не дека не сум разбрал туку тоа што си го напишал не е точно. Најголемата поделба и омраза е поради тоа што една категорија клати врата и зема плата а друга го плаќа сето тоа а не поради истории или партизани и врховисти.
 
Последно уредено:

Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Не знам зошто ти одговарам, ама ајде. Муабетот почна со на Јанко гостинот кои коментирале некакви левици десници, бла бла. Па некои членови продолжија со дискусија за леви десни вмро, врховисти, бугарија, итн. Јас само спомнав зошто не е добро да се прави таква поделба на добри и лоши македонци базирана на некаква “историска“ дискусија.

Каде прочита ти од мене дека моменталната поделба и омраза се базира само заради историјата? Затоа велам, си прочитал, не си дочитал, си разбрал, не си доразбрал.

Грција донира десет леноидас транспортери, америка м113ки, а демек Хермелините се од Германија. Повеќето Хермелини се наследени од СФРЈ, дел се реновирани и ретрофитирани од Еврокомпозит, дел произведени по лиценца, а само дел има донирано Германија.

Ама не е ни тоа тема за дискусија.

пс. Не ја читај Википедија. Обично лаже. :icon_lol::icon_lol:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom