Не си покажал никаков докази: докази може да изнесе било кој поединец, согласно совите убедувања и да биде сигурен дека нешто докажал.
Ако веќе докажуваш, покажи и кој е правецот, смислата и целта во тој „напредок„: Сигурен сум дека не ги знаеш.
Неприродното забрзување на животот и живееењето, не се никаков доказ за напредокот, туку за неповратната пропаст.[DOUBLEPOST=1466583499][/DOUBLEPOST]
Под „духовен напредок„ се подразбира процес на движење од состојба на огревовеност кон состојба на обестрастеност и Боголикост. Целта на духовниот напредок е да се стане сличен со Христа Бога и последично, да се заработи свое место во Царството Небесно.
Ти гледам селективно ми одговараш на моите прашања, еве јас ќе ти елаборирам за напредокот, да го видиш доказот.
покажи и кој е правецот, смислата и целта во тој „напредок„
Упростување, олеснување на животот, развиток на свеста до повисоко ниво, зближување на народите од целиот свет, чекор кон повисока еволуција......
Со тунелите, патиштата, возилата, леталата, паметната технологија, телекомуникациите, брзиот развиток на медицината, машините во градежништвото, машините во земјоделието и да не набројувам што уште не ти овозможуваат полесен секојдневен живот, стигаш од точка А до точка Б за многу кратко време, стигаш безбедно и без страв дека ќе умре магарето, а ако ова модерното магаре умре имаш служба која ќе се погрижи ти да не останеш на сред пат, се ти е на дофат на раката, не треба да одиш до селската чешма и во кофа да носиш вода за да направиш леб, не се бањаш во каналот заедно со свињите, не спиеш заедно со кокошките во плевната и на рогозина туку на мек душек со паметна технологија која не дозволува да ти се множат бактериите....Не се умира од туберколоза, висока температура, настинка како во времето кое ти го проповедаш...
Веќе со трансплантација, операциите и уште куп методи се продолжува животот на обичниот човек, многу парови добиваат деца иако Госпо не му дал таква способност од роѓења......
Веќе со телекомуникациите може да се слушниш со тетка ти од острејлија и да и побараш пари, а не со писмо пуштено по некој галеб кој ако не умри по пат ќе го однесе, веќе не се договараш со комшијата од горно маало со дерење да те слушни цело село туку со тоа ѓаволското вражуле што го носиш во џеб, гледаш тв, седиш на интернет имаш можност да научиш мнооогу повеќе од листање во книги.
За кратко време ќе те вози колата сама, за кратко време нема да гинат пожарникари туку роботи ќе го гасат пожарот, за кратко време нема да стои човекот какко келнер туку робот ќе служи.
Не трчаш веќе со копјето по свињата за да ја убиеш туку некој те спасил од гледање на тој чин и ти ја донел во најблиската продавница, дури и во ресторан ти ја приготвуваат....
Да не ти набројувам уште, оти нема ни да ме прочиташ, денес и духовниот мир е поголем на тие што знаат да живеат.
Човекот отиде многу чекори над тоа што беше со науката и развитокот на технологијата, кажи ми ти што направи религијата, кажи ми како религијата го однесе на вистински пат и кои се предностите на религијата? Објасни ми како човекот ќе живее подобро ако се наклони само на религија и те молам да ми го објасниш со свои зборови духовното, во неколку реченици.