ЕП 2016 - Група Д (Шпанија, Чешка, Турција, Хрватска)

  • Креатор на темата Креатор на темата ob1
  • Време на започнување Време на започнување

Која репрезентација ќе ја заврши групата на 1-та позиција?


  • Вкупно гласачи
    45
  • Гласањето е завршено на .
Сега нареден натпревар на шпанциве, Касиљас на голот ќе биде :')
 
Не чинел Диего Коста, чинел старецон Адуриз (y) Испукани пушки се Фабрегас, Силва, па уште овај Бруно, каде бе со вакви на европско. На клупа ти дремат Коке, Тиаго Алкантара, Васкез, стави ги децата нека трчаат, огледај се на Хрватска изгинаа сите од трчање, ама млади дечишта се, не 50 годишни старци. Плус го остави Саул Нигез дома, нека чека настап за репрезентација ко ќе наполни 30. Толку е стари, испадни си од Италија и дај си отказ. Има Шпанија перспективни тренери еден тон.
 
За пеналот Субашич излезе 3 чекори пред линија, мртва мајка да му ебем на Кујперс!

Иначе Аљбанска тешко у 1/8 финале а?
 
За пеналот Субашич излезе 3 чекори пред линија, мртва мајка да му ебем на Кујперс!

Иначе Аљбанска тешко у 1/8 финале а?
Треба да изгубат Шведска, Ирска и Португалија (на Португалија и Исланд им одговара и нерешено).
 
За пеналот Субашич излезе 3 чекори пред линија, мртва мајка да му ебем на Кујперс!

Иначе Аљбанска тешко у 1/8 финале а?
Субашиќ подистрча во моменто кога залижаниот Рамос застана што истотака е недозволиво. На страна тоа што немаше пенал.
 
Леле леле кои муабети паѓале на почетокот :pos: откако се дознал составот на Хрватите, демек сакале 3-то место да завршат, а со играњето на Пјаца, Калиниќ, Једвај и Врсаљко демек не сакале да тепаат. Стриниќ и Вида имаа жолти картони, а Врсаљко кој е по правило десен бек и играше на местото на Стриниќ како лев бек воопшто не е лош и е пред трансфер во Атлетико Мадрид. Једвај играше на местото на Вида кој исто така е извонреден талент и играч на Баер Леверкузен. Калиниќ исто имаше супер сезона во Фиорентина и воопшто не ме изненади добрата игра па и проигрувањата со штикла финтата која често ја користи и во Фиорентина за проигрување кога е свртен со грбот спрема голманот. :vozbud:
Модриќ поради мала повреда, претпазливост и си го чуваа за во осминафиналето така да без да се информирате и доколку не ги знаете играчите што играа денеска не мора одма негативни коментари зашто одлични играчи имаат Хрватите. Секоја чест, стварно, најубаво до сега одиграа во групната фаза. :cuc:

Изненадување ми беше само неиграњето на Ковачиќ кој не беше стартер ниту на првите два натпревари, а сега повторно не стартуваше на сметка на Рог.

Инаку малку надвор од темата, да го споменам и Перишиќ кој сигурно го немате гледано често во времето во Волфзбург, но се надевам сфативте колку Манчини не ги користи добро офанзивните играчи на Интер. Тоа е тој Перишиќ од Волфзбург што го знам, а тој во Интер што играше е некој друг (иако не беше лош и таму) зашто имаат никаков тренер .:tapp:
 
За пеналот Субашич излезе 3 чекори пред линија, мртва мајка да му ебем на Кујперс!
Не ни постоеа услови за пенал, така да нема простор за понатамошна дискусија за тоа дека искочил голманот цело метро напред.
 
И сега како иде процедурава? Кој има предност, Велс или Франција за ц3/ С.Ирска, оти гледам дека и на двете екипи им следува?

Прво ќе се распоредат тие што нема да имаат избор

Ако испаднат А3 и Д3, Ц3 ќе мора со Велс да игра.
Ако испаднат Д3 и Е3, Ц3 ќе мора со Франција


Пример
А3 и Д3 испаднат
С. Ирска игра против Велс...
Франција мора со некој од Ц3, Д3 и Е3. Д3 е испаднат, Ц3 веќе игра против Велс, значи Франција мора со Е3

Останнуваат Ф3 и Б3. И двете се можна опција и за Германија и за Хрватска.
Според некоја си табела која не знам како е добиена Б3 ќе игра против Германија, Ф3 против Хрватска :D
 
Meне не ми е јасно зошто секогаш се толерира подзастанување на пеналите? Попичкарски начин на изведување нема.
 
Хрватска во најтежок случај до финале ќе игра со Полска, Велс/Турција и Белгија.
За првенството ептен лошо што сите големи репрезентации ќе се елиминираат сами, ама па супер за Хрвативе.
 
Последно уредено:
Meне не ми е јасно зошто секогаш се толерира подзастанување на пеналите? Попичкарски начин на изведување нема.

Дали истото го мислеше кога Роналдо играше кај вас? :D

Циганска работа.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom