Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Македонците сметаат? Кои се тие Македонци што така сметаат? ВМРО и кланот?
Види тие, властодршците, имаат легално право да изградат триумфална порта. Но не и да ми кажуваат што е мојата култура и што е дел од моето кулутрно наследство. Едно е споменик, друго е нешто што вреди да се зачува и да се штити (културно наследство).

Едно време во Гостивар сакаа да го рушат споменикот на мајор Чеде Филипоски - Даме на плоштадот во Гостивар и да изградат спомоеник на погоди кој:
Џемо Хаса!

И тоа ќе беше легално. Тоа ќе беше споменик и ќе требаше како што викаш ти да не го рушам.

Ако ВМРО се толкави патриоти зашто не направат нешто во Гостивар и Тетово и сите други градови во западна Македонија? Зашто не постават некој Македонски национален симбол таму?
Ние сме заборавени и оставени на милост и немилост на шќиптарскиов окупатор.

И ќе ти кажам зошто: зошто ВМРО се пички и предавници на се што е македонско.

Ако ВМРО се толкави патриоти зашто не го вратат назад знамето од Вергина како национално знаме. Ова сегашно знаме мене не ме претставува. Тоа не е македонски национален симбол.

Ако ВМРО се толкави патриоти зашто уште преговараат за името. Јас како Македонец не прифаќам ништо освен чисто Република Македонија. Никаква ни географска одредница ни бакрач.

Ако ВМРО се толкави патриоти зашто го сменија уставот и дозволија македонскиот народ од конститутивен народ да биде спуштен на ниво со сите останати заедници. Македонија веќе не е држава на Македонците. Фала ВМРО!

Ако ВМРО се толкави патриоти зашто дозволија Хашките случаи да поминат без казна?

И можам вака до утре.

Сега знам што ќе ми одговориш: СДСМ ова - СДСМ она.

Затоа да ти кажам од старт дека нема да гласам за СДСМ. Ќе гласам за некој што има образ ако останал таков во државава.
И никогаш нема да прифатам да гласам за некој што е криминалец. Разбери дека кариерата на Никола Груевски е готова. Готова!!!!
Твое е правото кого симпатизираш, ако сакаш биди си и за отаџбину. Има и такви гостиварци.

Зошто не се врати старото знаме, зошто не се прекинат преговорите за името, зошто не се промени уставот? За промена на знаме, грб или устав треба 2/3 мнозинство во парламентот, а за промена на некои закони како за локална управа, територијална поделба треба и гласање по бадентер. Некој потпишал меѓународен акт дека ќе се преговара за името додека не се изнајде решение.

И како си го сакаш назад македонското сонце на знаме, а ти смета на триумфалната порта?
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899

А коалицијата да не немаше 2/3 мнозинство? Да не владееше некој друг кога ги ослободија Хашките случаи?
Бранко беше бе... Тој е крив. Тој е дежурен кривец. Ние од ВМРО сме цвеќиња за мирисање. Ние не сме во состојба да згрешиме.

НИКОЈ не потпишал меѓународен акт дека ќе се преговара додека не се изнајде решение.
ВО СЕКОЕ ВРЕМЕ можеме да се повлечеме од преговорите. Не ми ни треба ни НАТО ни ЕУ.
За што да го продадам името? За ЕУ што е на праг пред распаѓање?

И да! Ми смета се што не е мое, а некој ме убедува дека е мое. Триумфалната и сиот барок не се мои. Во Македонија немало барок никогаш!

А што ќе ми е Триумфална воопшто? Со парите за Триумфалната можеа да се спасат животи. Којзнае колку Тамари и слични на неа можеа да се спасат.

Сакате да градите? Ти кажав, зашто не изгради споменик во Гостивар. Не ни мора да биде споменик. Изгради школо, болница... Си го видел автопатот ГВ-ТЕ? Дупка до дупка.
Фала за Триумфалната. Не неа ќе мислам кога си ја кршам колата. Ај батали колата, ако воопшто го преживеам патот. Неодамна загинаа луѓе зашто удрија во коњ на автопат. КОЊ НА АВТОПАТ БЕ АЛО!!!!

Но, добро, да не се возбудуваме премногу. Барем имаме Триумфална.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Битушанецот е платеник и тоа што ќе го избрифираат од центарот за комуникации на вмро денес, тоа ќе го пренесе, одамна установивме, подобро ќе е за сите да не го цитирате за џабе. Не поминаа ни месец дена како се избламира со PET scan центарот во МК дека бил прв на Балканот и дека рентген снимањето се ифрлало од употреба, еве ти го пак со инвестиции во здравството.

Да се вратиме на омилената тема, спонтани собири :oleee:

http://kanal5.com.mk/vesti_detail.asp?ID=99723
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Зошто не се врати старото знаме, зошто не се прекинат преговорите за името, зошто не се промени уставот? За промена на знаме, грб или устав треба 2/3 мнозинство во парламентот, а за промена на некои закони како за локална управа, територијална поделба треба и гласање по бадентер. Некој потпишал меѓународен акт дека ќе се преговара за името додека не се изнајде решение.
Точно е ова.
 
ultras1988

4600
Член од
6 февруари 2014
Мислења
3.031
Поени од реакции
7.145
И сега уставен со СЈО ,што правиме???? Колку знам според уставот е забрането формирање на специјални обвинителства и судови.Значи така пише, Апасиев знам се повикуваше на некој исклучок од типот, доколку се работи од национален интерес, правото е над законот (така нешто).Ако го прогласи нелегитимен СЈО, до некаде тоа е уставно правна одлука, што ќе прават шарените потоа ???
Јас сум за такво обвинителство, иако не е уставно, и е апла продолжена рака на СДСМ.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Дарди, штом толку се пењавиш против ДПМНЕ, тоа ми е репер дека тие се најдобра опција за македонскиот народ.
Не е Дпмне најдобра опција, него пењавењето на албанците против Дпмне е најдобра опција токму за Дпмне, и тоа нив им одговара и свесно го хранат тоа, знаејќи како мисли Битушанец и таквите како него.

Пола нација ја рачунаат како идиоти или како незрели ... како што ги плашат децата со Баба Рога, така го плашат народот со албанците и странските служби.

Дека ако тие бидат симнати, ќе падне и името, и целовитоста на државата, идентитетот, јазикот, историјата ... као демек тие се пратени од горе да ги чуваат истите.

Повторно македонците ќе одлучат кој ќе ги води, јас можам да кажам мислење, но нема да гласам за ниедниот, пошто верувам дека со било која опција албанците на крај ќе ја добијат рамноправноста.
Од денот кога Милошевиќ рече дека НИКО НЕ СМЕ ДА ВАС БИЈЕ па се до 1999 албанците навистина поминаа тешки години, но тие години им дадоа за право на албанците да побарат повеќе и го добија тоа.
Затоа мислам дека Груевски сакајќи да биде виден во јавност како македонски Милошевиќ, тој уствари потикнува нови барања на албанците, кои се претставуваат пред меѓународната јавност како најголеми жртви на неговиот режим.
Груевски ја добива битката кај македонскиот електорат со неговите постапки према албанците, а албанците ја добиваат кај меѓународниот фактор.
 
Последно уредено:

Милојко

Идем Куме Кући
Член од
17 ноември 2008
Мислења
3.072
Поени од реакции
554
Дури и СЈО се свесни за какви плачипички се рачунаат албанците па ни они не отвараат никаков случај против Дуи.
 
bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Не е Дпмне најдобра опција, него пењавењето на албанците против Дпмне е најдобра опција токму за Дпмне, и тоа нив им одговара и свесно го хранат тоа, знаејќи како мисли Битушанец и таквите како него.

Пола нација ја рачунаат како идиоти или како незрели ... како што ги плашат децата со Баба Рога, така го плашат народот со албанците и странските служби.

Дека ако тие бидат симнати, ќе падне и името, и целовитоста на државата, идентитетот, јазикот, историјата ... као демек тие се пратени од горе да ги чуваат истите.

Повторно македонците ќе одлучат кој ќе ги води, јас можам да кажам мислење, но нема да гласам за ниедниот, пошто верувам дека со било која опција албанците на крај ќе ја добијат рамноправноста.
Од денот кога Милошевиќ рече дека НИКО НЕ СМЕ ДА ВАС БИЈЕ па се до 1999 албанците навистина поминаа тешки години, но тие години им дадоа за право на албанците да побарат повеќе и го добија тоа.
Затоа мислам дека Груевски сакајќи да биде виден во јавност како македонски Милошевиќ, тој уствари потикнува нови барања на албанците, кои се претставуваат пред меѓународната јавност како најголеми жртви на неговиот режим.
Груевски ја добива битката кај македонскиот електорат со неговите постапки према албанците, а албанците ја добиваат кај меѓународниот фактор.
Благодарејки на странскиот фактор преку прочистување на избирачкиот список, дознавме дека албанското малцинство е околу 10% од македонското население. Тек ако победи Трамп каква ќе биде поддршката :)
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ни на ВМРО ни на СДСМ не им одговара една изборна единица. Ете колку се поборници за фер избори и едните и другите.
И не треба да постојат тие три пратенички места, неможе гласот на некој што е иселен од Македонија и доаѓа само на лето тука да вреди повеќе од мојот. Немам против тоа дијаспората да гласа ама имам против гласот на некој да вреди повеќе од мојот, посебно некој што фатил патот од вукојебината и објаснува дека ВМРО е добра за Македонија. Поголема иронија нема.
А ни одговараат стотиците милиони евра (па и милијарда) кои тие секоја година ги испраќаат во РМ. Без тие пари веднаш капитулираме.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Јас не ја сметам портата ни за национален споменик ни за триумф. Што сум?
Не е важно дали е и дали некој ја смета за тоа. Таа постои, легално... и како и секој објект, не смее да се сквернави. Тие што тоа го прават, треба да си го одврзат кесето и да придонесат во полнење на буџетот.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Ме нервираат и ме фаќа инает, не дека очекувам дека некого ќе премислам од нив.

Не е важно дали е и дали некој ја смета за тоа. Таа постои, легално... и како и секој објект, не смее да се сквернави. Тие што тоа го прават, треба да си го одврзат кесето и да придонесат во полнење на буџетот.
Како што му одговорив на Битушанец: ако ми изградат споменик на Џемо Хаса и него да не треба да го почитувам?
Тебе ако ти изградат споменик од Бранко Црвенкоски и него да не го браниш сега како што ги браниш глупостите што ги изгради Грујо?

И уште нешто, можеш да бидеш сигурен дека тие што се против ВМРО придонесуваат повеќе за Буџетот. ВМРОвците се сите испопикани под Буџет. Само тие што не се ВМРОвци всушност нешто ствараат во државава и придонесуваат за Буџетот.

Целата административна работа може да се заврши со половина ако не и третина од сите што работат под Буџет сега. Сакаш да збориме за придонес кон Буџетот? Вашата политика на вработување административци има НЕГАТИВЕН ефект на Буџетот.

А каков ефект на Буџетот има вашиот начин на трошење на буџетските средства? Дали на македонскиот народ му се потребни мерцедеси или му се потребни автопати? Фала многу за спомениците и лавовите. Сигурен сум дека сите родилки што испоумреа при раѓање се помалку вредни од спомениците. Зашто би инвестирале во квалитетен кадар во болница? Нека ги, битно да се ваши луѓе, така?
Не сте само за во затвор. Једино за вакви како вас посакувам да имаше пекол, за да горите во него.
 
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.464
Поени од реакции
5.881
Благодарејки на странскиот фактор преку прочистување на избирачкиот список, дознавме дека албанското малцинство е околу 10% од македонското население. Тек ако победи Трамп каква ќе биде поддршката :)
Па и јас се чудам зошто не ги искористи Грујо тие 10 години на власт за да докаже дека албанците се 10%, а тој се нафати да вработи албанци, па сега застапеноста на албанците благодарејќи на него се искачи на 18,6%. (во 2007-ма беше 10%, во 2006-та испод 10%)

До кај сте со ГДОМ за да ја одбраните Македонија? Откако успешно се изборивте за избори на 24 април а потоа и на 5 јуни?
Овие соросоидите опасна порака испратија вечерва, веќе имаат 500 кондиционо добро спремани приврзаници ...вас ве спремаше ли Миленко таму во нивите негови со козјо млеко? Ни Грујо не верува веќе во Гдом, не верува дека тие можат да му ги заштитат парцелите на Водно и кешот. Ама сигурно ќе покуша, нема да му излезе скапо, по еден сендвич, евентуално и сладолед од убавиот.
 
Последно уредено:
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Како што му одговорив на Битушанец: ако ми изградат споменик на Џемо Хаса и него да не треба да го почитувам?
Тебе ако ти изградат споменик од Бранко Црвенкоски и него да не го браниш сега како што ги браниш глупостите што ги изгради Грујо?

И уште нешто, можеш да бидеш сигурен дека тие што се против ВМРО придонесуваат повеќе за Буџетот. ВМРОвците се сите испопикани под Буџет. Само тие што не се ВМРОвци всушност нешто ствараат во државава и придонесуваат за Буџетот.

Целата административна работа може да се заврши со половина ако не и третина од сите што работат под Буџет сега. Сакаш да збориме за придонес кон Буџетот? Вашата политика на вработување административци има НЕГАТИВЕН ефект на Буџетот.

А каков ефект на Буџетот има вашиот начин на трошење на буџетските средства? Дали на македонскиот народ му се потребни мерцедеси или му се потребни автопати? Фала многу за спомениците и лавовите. Сигурен сум дека сите родилки што испоумреа при раѓање се помалку вредни од спомениците. Зашто би инвестирале во квалитетен кадар во болница? Нека ги, битно да се ваши луѓе, така?
Не сте само за во затвор. Једино за вакви како вас посакувам да имаше пекол, за да горите во него.
Тотално промашена поента.
Се што легално е изградено не смее да се „уништува“. Плус, ми ставаш работи кои ниту биле тема ниту сум пишувал. Не е ни темата тоа.
Јас никого не сум вработил, ниту сум бил на положба тоа да го правам на било кој начин или количина.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Не е важно дали е и дали некој ја смета за тоа. Таа постои, легално... и како и секој објект, не смее да се сквернави. Тие што тоа го прават, треба да си го одврзат кесето и да придонесат во полнење на буџетот.
Не плаќаме ништо бе. Кога ќе се смени власта уште толку ќе исфарбаме и ништо нема да платиме, може така? 10 години плаќаме секакви казни и глупости, сега нема. Ако ти смета тебе или на било кој, излези протестирај да видам дали ќе те слушне некој.
 
Curious

пичкин дим
Член од
24 јули 2007
Мислења
1.652
Поени од реакции
1.899
Тотално промашена поента.
Се што легално е изградено не смее да се „уништува“. Плус, ми ставаш работи кои ниту биле тема ниту сум пишувал. Не е ни темата тоа.
Јас никого не сум вработил, ниту сум бил на положба тоа да го правам на било кој начин или количина.
Си слушнал за поговорката summum ius, summa iniuria?
По твојата логика обидот на македонските револуцинери да ја ослободат Македонија од Отоманската Империја е погрешен чекор зошто Отоманската Империја легално владеела со оваа територија.
Исто така, депоратацијата на евреите во конц. логори е сосема легална и затоа исправна.

Не си вработил ама како што гледам ги поддржуваш тие што вработиле и ги поддржуваш нивните методи и постапки, а ваму си многу загрижен за македонскиот буџет.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom