Јбг, ова од фирма како Самсунг не го очекував.
И оправдано не си го очекувал, бидејќи вистината е дека од Видео Дата не треба да очекуваш да ти ја кажат вистината.
Јас им однесов на Видео Дата LCD монитор од ЕлЏи за кој после речиси недела дена ме известија дека му нема спас и дека треба да оди во ѓубре.
Но наместо во ѓубре, го однесов LCD мониторот кај еден локален сервисер од Бутел кој поправа телевизори и монитори кај него дома, и веќе наредниот ден човекот ми се јави за да ме извести дека успеал да го поправи мониторот и дека можам да го земам мониторот од кај него кога сакам - откако ќе му платам 1.300 денари за поправката, се разбира.
Така да, што ќе ти кажат во Видео Дата речиси секогаш е приказна за мали деца.
Не велам дека Самсунг се цвеќиња за мирисање, но Видео Дата не се луѓе од доверба, јас лично немам позитивно искуство со нив, немам слушнато позитивни коментари за нив од никого, а од друга страна имам 32 инчен LCD телевизор од Самсунг повеќе од 6 години и до денешен ден телевизорот одлично ме служи и ниту еднаш не се има расипано.
Не очекувај од Самсунг да бидат измамници, бидејќи не се, кога јас прв пат лично ќе се соочам со измама од Самсунг, без никакво двоумење ќе го објавам тоа на форумов.