Хахаха, не знам на кого попрво да реплицирам во врска со проблемот на Орион.
Бре, бре, види мајката, се најдоа навредени принцезите, а во принцези спаѓаат и машки (не мислам на Бада, тој е сарказам во движење :smir
. Кај видовте вие навреди, јас ништо такво не прочитав. И што му рипнавте сите?? По другите теми плачете кога ве лажат и ве играат, а кога некој има ваков искрен пристап, ондак е напорен.
Си кажа убаво човекот, сака да оствари подлабока врска и тоа е сосема во ред. Не сака нешто пролазно, површно, а ко што напиша и се труди да го најде. Што не значи дека сето тоа треба да биде и обврзувачко (не сака да ја жени), читајте го малку поубаво. Едноставно е човек кој знае и сака да ужива, опуштено, без притисоци и стресови, прашања од типот "where is this going", ама сепак да биде поставено на здрави и стабилни основи.
Орион бејби, ич да не ти чуе шо лафат овие овдека. Арен си и на место си, не е во тебе проблемот. Уживај во твојата динамична природа до даска, а кој не може да те прати, негов проблем. И не им се лути, туку прифати ги, повеќето луѓе немаат енергија на претек, едно ги уморува, друго се плашат од high velocity, не за друго, туку им пукаат ушните тапанчиња.
Сепак сите сме различни, нели?
Како што самиот кажа, повеќето не знаат што сакаат, а богами и не знаат да се опуштат и уживаат, како во грч да се постојано. Пристапот ти е многу ОК и искрен и не дозволувај негативните искуства да те декуражат. Барај и понатаму, ќе најдеш. Не се сите изгубени во ова лудо време на пари, секс и дрога. Сепак сеуште постојат луѓе кои знаат да ги ценат вистинските работи, луѓе со срце, јас барем познавам две полни шаки такви. Гледај нив да ги најдеш и држи ги блиску до тебе.
Мал совет. Не е до тоа дека премногу се трудиш да го направиш секој ден поразличен, тоа е ОК. Она што би ти кажала е дозволи и другата страна да истапи со некоја креативна идеја. Не ме разбирај погрешно, не велам дека си ги фатил за гуша и нема трте/мрте и не даваш право на избор, туку пробај да дадеш до знаење дека би сакал и таа понекогаш да даде некој предлог. Така многу полесно ќе оцениш колку е отворена, интересна, забавна, а во крајна линија и колку е заинтересирана за тебе. Бидејќи ако интересот постои и кај неа, ќе смисли нешто за заедничка забава, биди сигурен. Освен ако не е некоја шмизла, спонзоруша, материјалистка и слични некои епитети, ама па во краен случај таква не ти ни треба. Несигурна, слаба, башка ќе ти кидне на first sign of trouble. :smir:
П.С. Кољо, хахаха.... Кољо не си го продава* чифљикот, за тој што не го знае.
Тебе од сега ќе те викам Недоследност или Буцкало, кое ќе биде? :smir:
*без "ј" на крајот