VeS
.
- Член од
- 16 мај 2008
- Мислења
- 4.749
- Поени од реакции
- 2.355
Поголема глупост од ова немало.
За Шуклев не знам порано каков бил, последниве години додека сум јас студент тој има многу коректен однос со студентите. За книгите никој не ги тера, ако не сакаат да ја купат. Јас еве знам случај на друг факултет кај што професорот ги тера со уплатница да му носат и тој да им удри лично печат на книгата. Кај нас тоа го нема. Ако не сакаш да купиш, не купувај.
Зедов и изборен кај него, одев редовно на предавања пошо ми беа интересни и не читаше од презентација или од учебник, како некои други професори и се знаеше тие што не му одеа на предавања нема потпис.
На други факултети се жалат ако не земат потпис, го презапишуваат предметот. Не дека го оправдувам кај нас плаќањето, ама многу поолеснителна околност е и не е само кај Шуклев случај, туку и кај други професори.
Друга работа, најмногу тука го оцрнуваат луѓе кои не се појавиле кај него на предавање и слушнале муабети како имале комшивка на комшивката братучетка, епа на нејзина другарка која имала другарка на економски Шуклев и рекол да ја баци. Ти се молам.
Друга работа, ме нервира што најчесто сите деградирања кон сопствениот факултет ги слушам од луѓе кои не го виделе факултетот освен кога треба да се полага.
Сум имала предмети кај што полесно сум положувала, сум имала предмети кај што од книга не сум станала и сега утре да завршам и некој да ми речи "еј ти од економски, со мито го заврши факултетот", а во меѓувреме Бојо од Европски иштанцал едно 100 дипломи.
За Љубиша чак и ми е смешно мито да земал.
Сепак мислам дека ова повеќе им беше и ради Фити и ради тоа шо не можеа никако да стават нивни луѓе на факултет, чак и имаме некои што се политички активни,ама од другата страна. Да ја тргнат старата гарда и да си продолжат на факултет да предаваат луѓе кои ќе ги учат идните генерации од гугл-транслејт преведувани книги.

Последно уредено: