Веќе ти реков дека мојот концепт на Бог нема врска со битие кое и суди на сопствената креација, од проста причина што со тоа самиот на себе би си пресудил дека не е совршен ниту безгрешен. Ако се е создадено или допуштено од него и ако се е според неговата промисла, тогаш од кого ќе биде тоа што тој ќе го прогласи за погрешно? Кристално јасно е дека од перспектива на семоќен и сезнаен Бог, неможе да постојат непотребни, грешни и зли исходи. Нештата може да се доживеат како погрешни и зли од човечка гледна точка, бидејќи тоа што човекот го доживува како зло, нити е создадено од него, нити човекот имал моќ да го предвиди или спречи. Но од гледна точка на господ, што и да прогласи за зло, истото било создадено или допуштено од негова страна.
Абре душо, во тоа е целиот проблем! Го премолчуваш својот концепт, а се правиш “експерт“ за туѓиот!
Трагично, некултурно е нешто што не си и на што не припаѓаш, јавно да го исповедаш!
Како што самиот велиш, христијанскиот концепт е различно од она што ти поимаш!
Бог човекот го создаде како потенцијален бог, а не грешник, неспособен..., та за да му суди(будалаштина, јасна и на едно забаваче). Христијанската историја(што, исто така, намерно ја перверзираш согласно твојот “експертски“ концепт), апсолутно ја афирмира примордијалната цел на христијанскиот Бог(што за секој еден човек добрнамерен и искрен од Бога е откриено и совладливо да се разбере и живее).
Секој обид, оваа премиса на христијанството однадвор да ја гнасиш и валкаш, со наметнат субјективизам, е меѓурелигиска некултура и простаклук!

[DOUBLEPOST=1465128632][/DOUBLEPOST]
Но го знам христијанството, не знам зошто морам да бидам христијанин и да присуствувам на тажните литургии во црквите слушајќи свештеници кои шират омраза?
Постојано ќе повторувам: за бедните по дух, нема кралство, нема божественост, нема место во новиот еон. Тоа е лага дека ќе наследат било што. Да се наследуваше така, и ти ќе наследеше нешто. НО, ако ти е волја - верувај слободно.
И ти ништо не прочита што напишав (или не разбра), дотрча да зборуваш она што си мислиш да си кажеш, а потоа на одмор... Ништо страшно...
Авторитет 2000 години стар... 
Што да коментираме после вакви изјави.
Мене ме лажеш, другите ги лажеш или себе си се убедуваш во лагата?
Ако философијата на Телема се трудеше да гради идентитет преку христијанство - заминавме јабана сосе сите тие умирачки богови од минатото, со чудните ритуали на меланхолија и тага.
Но дека ги критикува и вели дека се надминати, ги критикува и вели дека се надминати тие залудни верувања и ритуали. 
Да имаше Магика и Уметност во вашата догма - да тврдеше вакви глупости, но вака - озбична лага ќе ја повторуваш уште минимум 10 пати...
П.С.
Есејченцето е мало, но и тоа не го разбираш и не ти чини заради верувањето во догмата твоја. А што ќе ни е догма? За прашина собирање, ништо друго.
П.П.С. Да знаев да глумам, дома на вечера ќе ти бев и немаше да знаеш со кој вечера си споделил
Јас кога велам твоето поимање на христијанството е на психолошко ниво, твојата перцепција не регистрира и тоа е = незнаење!( ти па сметај дека знаеш, но...!?)
Општата, хуманистичка, цивилизациска култура налага „постариот“ (т.н. одтебе еон) да го почитуваш како оној што постои порано одтебе, поискусен..., но и ова елементарно ниво ве прави суспектни како кредибилни, квалитетни...
Ако почнеме химнографска компетиција, би се “удавиле“ во духовното море со вашето “лотче“, греота сте, не се закачај!
П.С. „Авраамово гостољубие“- Секој е добродојден, наздравје вечера! АМИН, БОЖЕ!!!

[DOUBLEPOST=1465129289][/DOUBLEPOST]
Не те мразам ниту ти посакувам зло. Но кога гледам дека твојот пат води кон пропаст поради некој кој ти ја замаглува главата со глупости е тогаш ќе реагирам. Само човек што му е гајле дали некој направил погрешен избор во животот може да биде флексибилен и да одобрува на тоа што некој го прави. Алистер е човек кој ги води луѓето во пропаст. Ти го почитуваш него и со тоа можеби ќе наведеш некој друг на истиот пат. А јас пак ако тоа го гледам и не преземам нешто (а под тоа не значи да те нападнам или да ти нанесам зло) за да ја изобличам оваа погубна доктрина која го загадува твојот ум, тогаш јас сум виновен исто колку и ти. Се надевам дека сега ги сваќаш моите намери?
Ми се допаѓа прашањето за смоквата и Исус. Листот на смоквата е синоним за прикривање на голотијата на Адам и Ева одкога јаделе од дрвото на познавање на злото и доброто и го направиле првиот грев. Значи гледајќи ја смоквата без плод а лисјата сеуште убави и зелени Исус се присетува за прикривањето на првиот грев со ова растение и ја проколнува(дел од размислувањата на теолозите). И на крај зар проколнувањето на едно дрво кое не дава плод(синоним за секој човек кој треба да го спознае бог и да даде плод) те растажи толку? Ако си толку сентиментален тогаш отфрли го и Алистер и неговите сатанистички ритуали:
https://en.wikipedia.org/wiki/Aleister_Crowley
Following a mountaintop
sex magic ritual, Crowley also performed an invocation to the demon
Choronzon involving
blood sacrifice, considering the results to be a watershed in his magical career.
Погледни што правел во Алжир кога на врвот на некоја планина извеле сексуален ритуал понудувајќи жртва на демонот Хоронзон. Тој е демон за кој верувам го има во вашата Телема. Зар ова не е за осуда и жалење колку сте забегале во овие сатански ритуали на изопачен секс и крв а ваму демек Исус ја проколнал смоквата а не ја благословил.
Ако сакаш да читаш вистинска мудрост и прашања кои го мачат едниот од моите омилени пророци од Стариот Завет, тогаш читај го Ездра(третата книга која започнува со родословот од втората). Читај и размисли ги неговите логични човечки прашања а најмногу одговорите на Бог и скриената Божја Мудрост. Едната од моите омилени стихови е кога Бог му вели на Ездра: Зошто се мачиш да ги разбереш овие работи(се мисли за Божјите) кога твојот
сад неможе да ги прими.
15. Но, зошто се вознемируваш кога си гниежлив и зошто се возбудуваш - кога си смртен?
16. Зошто во твоето срце не ја примиш иднината, туку ја примаш сегашноста?
http://agapi.mk/sveto-pismo/star-zavet/treta-kniga-ezdra/
@Ipsissimus ! Oвa ли е причинa штo мoлчите зa себе?