Ти го земаш Алистер Краули како авторитет со неговата измислена Книга на Законот. Кој закон? Неговиот и неговото размислување? Дали е тој авторитет за да постави закон? Дали знаеш дека овој човек е окултист, сатанист, бисексуалец, наркоман и прогласен е за најзлобниот човек на земјата? Можеби ќе кажеш дека не е добро да се споредува приватниот живот на еден човек со неговото творештво. Но затоа ќе го цитирам Исус: По плодот ќе го препознаеш дрвото. Го гледам твојот аватар и дури сега ми кликна на која страна си забегал. Тотално го заборавив овој кретен и неговите празни зборови и египетски окултни магии. Страшно. Дома те знаат дека си забегал или се криеш?
Види само како влијаел на тебе во оваа реченица: Не знам кој ја дефинира твојата слободна волја.
Ало човече разбуди се од сонот. Зборот почнува со
Слободна кој означува право на сопствен избор, слобода. Ако некој те ограничува тогаш нема да се вика
Слободна туку
Наметната волја. Дали ова што ти го пишувам сега е моја слободна волја или Исусова волја? Дали Исус дојде да ми каже напиши му го ова на овој следбеник на Окултистот Алистер?
И на крај сакаш сфати или не, казната за секој доаѓа од нашите погрешни дела. Судијата го суди Криминалецот за неговиот криминал. Што значи криминалецот кога го кршел законот се осудил самиот и самиот си го одредил патот до Судницата а од таму до затворот. Судијата не го терал да крши закони туку да се спаси ако се придржува до законите. Дури од љубов кон криминалците им пратил и Застапник за да ги застапува иако вршеле криминал и се криви и треба да лежат затвор и со тоа да им даде втора шанса. Затоа се уште не ти е доцна. Фрли ја таа глупа книга, прочитај ја Библијата и спознај го Бог и Неговиот Син и нивната порака. Верувај дека ќе бидеш друг човек после тоа.[DOUBLEPOST=1465066595][/DOUBLEPOST]
Многу си конфузен и селективен со информациите и моите одговори. После моите одговори на твоите хипотетички ситуации стигнавме до моментот каде земав пример за Педофил кој не ја следи својата особина и не го прави делото кое го прави твојот во твојата ситуација. Еве го мојот разговор.
АДАМ X,
среда во 03:29
Кога некој Педофил одбива да и се потчини на својата
особина да злоставува деца, дали тоа го нарекуваме
слободна волја или
избор ако не тогаш кој термин би го користеле?
АДАМ X,
среда во 20:25
Значи
одбивањето или
ако го направи тоа е Избор или Слободна Волја на Педофилот. Значи и во твојот случај и во мојот случај зборувавме за
Педофил, во твојот случај обвинетиот го направи делото а во мојот се воздржа. Во двата случаја субјектот имаше
иста Особина но направи различен
избор а тоа беше поради Слободната Волја да одлучи дури против својата особина. Ако ова не го разбереш тогаш секоја наша понатамошна дебата би била залудна. Мислам дека имаш проблем со разбирање на суштина и поими. Тоа е мој личен заклучок.
Затварам цитат.
Значи мојот текст беше за споредбата на двајцата Педофили кои направија различен избор во твојата и во мојата ситуација. те молам прати ја дебатата по редослед и не влечи зборови од моите одговори кои се наменети кон тогашните твои размислувања и одговори. Ова станува од конфузно во конфузно смешно. Поздрав и секое добро.