Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Не те потценувам, туку покажувам со прст кон тебе дека си неук во врска со Телема.
Ние старо-еонскиот закон го сечеме, отвараме, анализираме, крв до лакти се правиме анализирајќи го, споредувајќи го со куп други учења, вери и ритуали и разбираме дека не оди тој закон денес. Реков и други тоа го разбираат па мораат посилно да напнуваат за да се одржат во својата неодржливост денес.

Кога христијанството, посебно православието на овој забеган полуостров наречен Балкан, ќе престане да ги демонизира и напаѓа преку својата неукост другите учења, и тоа официјално преку свои официјални гласила - тогаш можеби ќе имаш право да зборуваш што можеме ние да правиме со твојата старо-еонска религија.

Јас само го анализирам старо-еонскиот закон во однос на Телема и промената на таканаречените Еони, кои го менуваат човештвото стрмоглаво брзо за краток период...

Не сакаме да воскреснуваме христијанство пак, сега и тука.
 
Малечок, продолжи да си играш “шарена“ историја, овде е за возрасни!:kafence:
Имаш одговор на ова дуовно прашање или немаш?
Госпот ги напраи луѓето од проста кал, и им вдахнал дух жив, значи би можело да на сакат му се прилепи рака или нога од глина или кал пошо дуот на госпот уше го има и таа рака или нога аутоматски че стани жива то јест ќе оживее
 
Ај веќе кога упатуваш кон медицина..., еве еден прост пример од тамошната позитивистичка наука т.н. клиничка психологија: „доенче без апетит самото се доведува во смрт, бидејќи неговата психа одлучува повеќе од механизмот на биолошките функции“.
Ситен пример, но јасно укажува дека формата, особината на природата е потчинета на слободната волја.(y)
Примеров ти вришти. Доенчето само одлучувало да се доведе до смрт... Демек аман више, ми здосади животов, доста беше.
 
[DOUBLEPOST=1465021826][/DOUBLEPOST]
Не те потценувам, туку покажувам со прст кон тебе дека си неук во врска со Телема.
Ние старо-еонскиот закон го сечеме, отвараме, анализираме, крв до лакти се правиме анализирајќи го, споредувајќи го со куп други учења, вери и ритуали и разбираме дека не оди тој закон денес. Реков и други тоа го разбираат па мораат посилно да напнуваат за да се одржат во својата неодржливост денес.

Кога христијанството, посебно православието на овој забеган полуостров наречен Балкан, ќе престане да ги демонизира и напаѓа преку својата неукост другите учења, и тоа официјално преку свои официјални гласила - тогаш можеби ќе имаш право да зборуваш што можеме ние да правиме со твојата старо-еонска религија.

Јас само го анализирам старо-еонскиот закон во однос на Телема и промената на таканаречените Еони, кои го менуваат човештвото стрмоглаво брзо за краток период...

Не сакаме да воскреснуваме христијанство пак, сега и тука.
Секоја чест за “крвта до лакти“(трудот), но резултатот зборува дека имате редуктивно, психолошки поим за христијанството, автентично ти тврдам дека не го „познавате“.(n)

Тоа што имате ново име неможе да го сокрие старото учење пантеистичко, платонистичко..., во кое човекот е роб на материјата, формата, нужноста замижувајќи за антрополошкиот порив, слободата човекот да биде бог, т.е. господар над овие предодредености. За ова се “расправам“ со другарти @Ipsissimus кој за суптилност како што е христијанството јасно е дека неможете “однадвор“ да го сватите(проучите), но индикативно е противењето, инаетењето кон научната логика.:notworthy:

А, во однос на тебе и твоето трагање, а и на секој искрен Вистинобарател, во вистинскиот момент Бог ќе му се открие на соодветен, слободен начин! СРЕЌНО!(y)[DOUBLEPOST=1465022179][/DOUBLEPOST]
Примеров ти вришти. Доенчето само одлучувало да се доведе до смрт... Демек аман више, ми здосади животов, доста беше.
:neetaka:Вришти твојата премиса, биолошкиот производ да се негира самиот себе?
Прост научен пример превидуваш, неразбираш, а сакаш да го “познаеш“ духовното(христијанството)!?:misticen:
 
Последно уредено:
:neetaka:Вришти твојата премиса, биолошкиот производ да се негира самиот себе?
Прост научен пример превидуваш, неразбираш, а сакаш да го “познаеш“ духовното(христијанството)!?:misticen:
Абе ај?! Дискусијата беше за елементарна логика - дали особините влијаат на нечија одлука или слободната волја сама по себе го прави тоа! Ако вашето "духовно христијанство" има проблем со тој факт, тогаш вие го негирате не јас.
Што има да не се разбере? Објасни што не сум разбрал? Од сите досегашни примери, јасно како ден е дека особината на човекот влијае врз можноста за избор - слободната волја. Каков избор ќе направи некој, зависи од особините што ги поседува, слободната волја е само можност да се бира. Вие од петни жили се обидувате да негирате нешто кое е очигледно.
 
Апсолутно погрешно мнение и за Телемата и за старите учења кои христијанството во својата лудост од самиот старт ги прогласи за погрешни и демонски и повеќето ги „уништи“!

Но ние го познаваме стариот закон и автентично тврдиме дека тој закон не е функционален заедно со ритуалите ако го набљудуваш човекот и светот денес. Може да веруваме дека се е ок, жената е неспособна да биде рамо до рамо со мажот, дека доаѓа месијата кој што е стриктно со машки атрибути, дека богот ќе не суди - но што со тоа?
Тоа што ти не ја гледаш големата слика на светот и најмногу ти е битно верувањето и опстојувањето на твојата религија - е твој проблем.

Ја разбирам твојата загриженост и страв од Пан(Се, сеопфатно)-теизам, но што да правиме?
Методите се најразлични за постигнувањата достапни за човекот над материјата.
Она што ти велиш старо учење, е заради разните пракси од дамнина кои сме откриле дека функционираат и кои се наследени тајно, а кои христијанската црква решила од некоја чудна нивна замисла да ги демонизира уште од самиот почеток на нејзината власт. Зборувавме за оваа пракса на христијаните: не ви треба пракса и работа врз себе си, само се вие надевајте и верувајте дека туѓата крв ќе ве спаси од самите себе ;)

Законот многупати се давал на луѓето за да можат да преминат одредена превојна точка... кога им требало ново знаење и можност за понатаму.

THE DINOSAURS

None are They whose number is Six: else were they
six indeed.
Seven are these Six that live not in the City of the
Pyramids, under the Night of Pan.
There was Lao-tzu.
There was Siddartha.
There was Krishna.
There was Tahuti.
There was Mosheh.
There was Dionysus.
There was Mahmud.
But the Seventh men called PERDURABO; for
enduring unto The End, at The End was Naught
to endure.
Amen.“
--- Book of Lies, Liber CCCXXX

Во врска со материјата и вечниот проблем на христијанството со човекот и неговата човечност:

„Поуката, драго дете, е дека таквите сили никогаш не треба да се сметаат за главна цел; всушност на почеток би требало да биде очигледно дека човечката Вистинска Волја мора да биде подлабока и посеопфатна од самото техничко достигнување.
Јас ќе одам и подалеку и ќе речам дека таквиот напор мора да биде магиска грешка, исто како да се чува пушка или часовник или трска за риболов заради нив самите, а не заради нивната употреба. “
--- Магиска Моќ, Кроули

Човекот никогаш не бил роб на материјата, тоа се христијански кованици за да ја оправдаат теоријата дека човекот е грешен, затворен во овој свет да страда и дека му треба спасител откако ќе умре и се ослободи од својата човечност, која мора дури и на Земјата да ја малку подзаборава. Буда и Исус рака за рака и во Големото Море, да си ги измијат подобро учењата бидејќи се гадни.

Ако пак го прочиташ само почетокот на овој есеј, мислам дека ќе увидиш дека човекот кој што се занимава со Магика, за која што Кроули вели дека секој човек ако сака да постигне било што реално на „друг“ план освен материјалниот, мора да ја изведува - ќе увидиш дека многу грешиш дека Телемата е старо учење и дека нема ништо ново во неа, ќе увидиш дека не е „пантеистичко“, што значи учи човекот да е роб на материјата.. :)

Треба да разберете дека човештвото како напредува, така ќе добива и нови закони за напредување, со нови ритуали, нови предизвици :)
 
Последно уредено:
Тоа е муабетот, што не знаете (христијаните) за Liber AL vel Legis или позната како „Книга на Законот“, а скокате и прашувате глупости во врска со волјата, Телема, слободна волја, нормално не забележувајќи дека во Телема се зборува за чиста волја (нема ни да истражуваат во врска со ова), им се дава одговор(нормално како некој индивидуално го разбира тоа и не само за нив, туку и за други некои сегашни и идни читатели) што би требало да им разјасни нешто и да ги потикне да научат нешто повеќе за она што сакаат да го исфрлат како неточно - а тие, христијаните, старо-еонските догматичари сеуште по старо - ништо не учат за новото и како да напредуваат.

Повторување празни муабети, а ништо не учиме ново и тие што дискутираат, а и оние кои ја следат дискусијата.

Не знам кој ја дефинира твојата слободна волја. По се изгледа никој, бидејќи ти немаш слободна волја ниту ќе имаш некогаш тука на Земјата, така да ниту богот ниту ти самиот не си способен да имаш слободна волја и да си над целиот твој математички свет на добивка и загуба. Сигурно евреинот непризнает за цар на хебреите ти ја одредува твојата волја според твоето верување, не знам.
Не сум јас крив тука, туку самиот ти и нормално, стравот од „богот“ кој што чека да те казни откако физички ќе умреш!

Волјата е опасна работа за стариот еон. ;)

Ти го земаш Алистер Краули како авторитет со неговата измислена Книга на Законот. Кој закон? Неговиот и неговото размислување? Дали е тој авторитет за да постави закон? Дали знаеш дека овој човек е окултист, сатанист, бисексуалец, наркоман и прогласен е за најзлобниот човек на земјата? Можеби ќе кажеш дека не е добро да се споредува приватниот живот на еден човек со неговото творештво. Но затоа ќе го цитирам Исус: По плодот ќе го препознаеш дрвото. Го гледам твојот аватар и дури сега ми кликна на која страна си забегал. Тотално го заборавив овој кретен и неговите празни зборови и египетски окултни магии. Страшно. Дома те знаат дека си забегал или се криеш?

Види само како влијаел на тебе во оваа реченица: Не знам кој ја дефинира твојата слободна волја.

Ало човече разбуди се од сонот. Зборот почнува со Слободна кој означува право на сопствен избор, слобода. Ако некој те ограничува тогаш нема да се вика Слободна туку Наметната волја. Дали ова што ти го пишувам сега е моја слободна волја или Исусова волја? Дали Исус дојде да ми каже напиши му го ова на овој следбеник на Окултистот Алистер?

И на крај сакаш сфати или не, казната за секој доаѓа од нашите погрешни дела. Судијата го суди Криминалецот за неговиот криминал. Што значи криминалецот кога го кршел законот се осудил самиот и самиот си го одредил патот до Судницата а од таму до затворот. Судијата не го терал да крши закони туку да се спаси ако се придржува до законите. Дури од љубов кон криминалците им пратил и Застапник за да ги застапува иако вршеле криминал и се криви и треба да лежат затвор и со тоа да им даде втора шанса. Затоа се уште не ти е доцна. Фрли ја таа глупа книга, прочитај ја Библијата и спознај го Бог и Неговиот Син и нивната порака. Верувај дека ќе бидеш друг човек после тоа.[DOUBLEPOST=1465066595][/DOUBLEPOST]
Мене ме обвинуваш за конфузно размислување, а комплетно го изврте примерот со хипотетичката ситуација! Од каде ги извади два педофили сега?!
Знаеш дека секој пост останува мемориран нели? Еве што напишав:

И на врапчињата досега ќе им станеше јасно дека слободната волја е само можност да се бира од опциите што се на располагање, што ќе биде изборот зависи од особината на човекот, не од неговата слободна волја!
Намерно се обидуваш да ги извртиш примерите што ги посочив или нешто друго е во прашање? Не разбирам како може некој толку едноставна поента да не ја разбере.....

Многу си конфузен и селективен со информациите и моите одговори. После моите одговори на твоите хипотетички ситуации стигнавме до моментот каде земав пример за Педофил кој не ја следи својата особина и не го прави делото кое го прави твојот во твојата ситуација. Еве го мојот разговор.

АДАМ X,среда во 03:29

Кога некој Педофил одбива да и се потчини на својата особина да злоставува деца, дали тоа го нарекуваме слободна волја или избор ако не тогаш кој термин би го користеле?

АДАМ X,среда во 20:25

Значи одбивањето или ако го направи тоа е Избор или Слободна Волја на Педофилот. Значи и во твојот случај и во мојот случај зборувавме за Педофил, во твојот случај обвинетиот го направи делото а во мојот се воздржа. Во двата случаја субјектот имаше иста Особина но направи различен избор а тоа беше поради Слободната Волја да одлучи дури против својата особина. Ако ова не го разбереш тогаш секоја наша понатамошна дебата би била залудна. Мислам дека имаш проблем со разбирање на суштина и поими. Тоа е мој личен заклучок.

Затварам цитат.

Значи мојот текст беше за споредбата на двајцата Педофили кои направија различен избор во твојата и во мојата ситуација. те молам прати ја дебатата по редослед и не влечи зборови од моите одговори кои се наменети кон тогашните твои размислувања и одговори. Ова станува од конфузно во конфузно смешно. Поздрав и секое добро.
 
Последно уредено:
Ах леле, кога ќе се присетам кој се чита тоа што пишувам и кој знае како разбира... :facepalm:

„Дали знаеш дека овој човек е окултист, сатанист, бисексуалец, наркоман и прогласен е за најзлобниот човек на земјата?“
Ако имаш проблем со нечија сексуална определба, а не твојата - нешто не е ок со тебе.
Ако имаш проблем со нечие верување во богови што тебе ти се чудни и си слушал сказни за нив од попови - нешто не е ок со тебе.
Окултист не е негативен атрибут за еден човек.

The Wickedest Man on Earth за Кроули е запишано како наслов во весник, а не е прогласен од никој за „најзлобен“ .
А знаеме што треба за ваков наслов: христијански автор кој што мрази се што не е христијанско.
А бидејќи те интересира Кроули, а за него знаеш само од тоа што некој друг рекол за него, ете ти и тука, 10 факти за Кроули кои се точни!

Верувај ќе бидеш друг човек“, а јас упорно зборувам ли зборувам дека старо-еонското „верувај“ и „кралството ќе го наследат некои бедни по дух“ е надминато и неважечко денес, но никој не ме чита.
Ако мислиш дека си беден по дух, биди. Но не ги влечи другите со тебе надолу во твојата беда.
Не е во ред да навредуваш некој и да го нарекуваш забеган, посебно кога си христијанин и со прст да покажуваш кон други со вакви муабети.

И ако може фрли ја библијата, одстапи од стариот еон и види што значи бесконечност, сенката на Земјата ќе ве изеде :sneaky:
 
Последно уредено:
Ти го земаш Алистер Краули како авторитет со неговата измислена Книга на Законот. Кој закон? Неговиот и неговото размислување? Дали е тој авторитет за да постави закон? Дали знаеш дека овој човек е окултист, сатанист, бисексуалец, наркоман и прогласен е за најзлобниот човек на земјата? Можеби ќе кажеш дека не е добро да се споредува приватниот живот на еден човек со неговото творештво. Но затоа ќе го цитирам Исус: По плодот ќе го препознаеш дрвото. Го гледам твојот аватар и дури сега ми кликна на која страна си забегал. Тотално го заборавив овој кретен и неговите празни зборови и египетски окултни магии. Страшно. Дома те знаат дека си забегал или се криеш?

Види само како влијаел на тебе во оваа реченица: Не знам кој ја дефинира твојата слободна волја.

Ало човече разбуди се од сонот. Зборот почнува со Слободна кој означува право на сопствен избор, слобода. Ако некој те ограничува тогаш нема да се вика Слободна туку Наметната волја. Дали ова што ти го пишувам сега е моја слободна волја или Исусова волја? Дали Исус дојде да ми каже напиши му го ова на овој следбеник на Окултистот Алистер?

И на крај сакаш сфати или не, казната за секој доаѓа од нашите погрешни дела. Судијата го суди Криминалецот за неговиот криминал. Што значи криминалецот кога го кршел законот се осудил самиот и самиот си го одредил патот до Судницата а од таму до затворот. Судијата не го терал да крши закони туку да се спаси ако се придржува до законите. Дури од љубов кон криминалците им пратил и Застапник за да ги застапува иако вршеле криминал и се криви и треба да лежат затвор и со тоа да им даде втора шанса. Затоа се уште не ти е доцна. Фрли ја таа глупа книга, прочитај ја Библијата и спознај го Бог и Неговиот Син и нивната порака. Верувај дека ќе бидеш друг човек после тоа.[DOUBLEPOST=1465066595][/DOUBLEPOST]

Многу си конфузен и селективен со информациите и моите одговори. После моите одговори на твоите хипотетички ситуации стигнавме до моментот каде земав пример за Педофил кој не ја следи својата особина и не го прави делото кое го прави твојот во твојата ситуација. Еве го мојот разговор.

АДАМ X,среда во 03:29

Кога некој Педофил одбива да и се потчини на својата особина да злоставува деца, дали тоа го нарекуваме слободна волја или избор ако не тогаш кој термин би го користеле?

АДАМ X,среда во 20:25

Значи одбивањето или ако го направи тоа е Избор или Слободна Волја на Педофилот. Значи и во твојот случај и во мојот случај зборувавме за Педофил, во твојот случај обвинетиот го направи делото а во мојот се воздржа. Во двата случаја субјектот имаше иста Особина но направи различен избор а тоа беше поради Слободната Волја да одлучи дури против својата особина. Ако ова не го разбереш тогаш секоја наша понатамошна дебата би била залудна. Мислам дека имаш проблем со разбирање на суштина и поими. Тоа е мој личен заклучок.

Затварам цитат.

Значи мојот текст беше за споредбата на двајцата Педофили кои направија различен избор во твојата и во мојата ситуација. те молам прати ја дебатата по редослед и не влечи зборови од моите одговори кои се наменети кон тогашните твои размислувања и одговори. Ова станува од конфузно во конфузно смешно. Поздрав и секое добро.

Кога дојде на форумот мислев дека си либерален и добар човек, макар и христијанин, си реков, човек со кој може да се дискутира без предрасуди, но откако видов дека во твоите дела постои волку голем суд кој каква сексуална определба има и дека за тебе е проблем дали ќе одбере да пие зелен чај, кафе или да пуши хашиш само ме подсети за идејата на стариот завет и тоа како треба да се однесува со хомосексуалец според истиот и тоа со каменување и физичко казнување. Само затоа што некој се осмелил да љуби друг маж со прегратки за разлика од тебе кој се осмелуваш да судиш некој си друг маж за кој што ништо не знаеш освен рандом приказни со кој те заплашувале твоите дома за да те потчинат и да робуваш на нивните догми не значи дека тој човек е злобен како што се вашите свештеници кој тврдат дека стариот завет не е важен како новиот, а пеат псалми од истиот - каква дволичност! :)

Зошто Исус ја проколна смоквата во новиот завет, а не ја благослови? Нели е тој божји син? Каков е тој твој бог, за истиот велиш дека е љубов и спасител, а колне смокви?

И да, постојат би-сексуалци на Земјата и ти не можеш ништо во врска со тоа. Секако освен како повеќето типични православни христијани во Русија, Украина, Грција, да земеш безбол палка и да се маваш по улици на контра геј-паради. Нормална појава во христијанството е тоа! Ама како велеше вашиот закон

,,како судите вие на другите, така ќе ви се суди и вам."

Искрено секое добро, поздрав! :)[DOUBLEPOST=1465069687][/DOUBLEPOST]Не е смешно ништо и никој овде, туку ти си трагичен! Во системот на Кроули и земаните божествата од Египет нема да бидеш казнет доколку кажеш нешто смешно за истите, дури и ако се осмелиш да направиш карикатура. Ех, камо да беше така во христијанството и исламот, ќе имаше се помалку одсечени глави, повеќе смеа и уметност!

quote4.jpg


7304_4089972346355_1179630878_n1.jpg


:pos:
 
Последно уредено од модератор:
Види дете, истиот тој Такит кој према тебе напишал за крестос за кој мислипш дека е христос (иако во тоа време зборот христијани и христос не се ни употребувале) запишал и чудата на паганскиот цар Веспзијан и како тој пагански цар излекувал луѓе со допир, ко шо праеше исус.
Па пошто Такит го прогласивме за несоборлив и вистински доказ, тогаш можеме слободно да кажеме дека постојат и други богови покрај христијанскиот и дека и тие други богови прават чуда самите или преку своите преставници и изабраници на земјата, шо не доведува до заклучок дека всушност постојат многу разни богови и божества некои се од понова дата некои се древни некои се повеќе а некои помалце моќни.
Христос, према тоа би спаѓало во релативно нов бог, и со умерена до средна моќ.

ПС
Да не речеш дека Такит лажел кај Веспазијан (а вистина зборвал за кресто, чудата на Веспазијан се опишани и од Светониј (кој исто ти ни гопонуди како нејвистинит и несоборлив доказ) и Дио Касиус.

Значи јас не мислам туку ти тврдам дека тоа е така. А тоа го тврдам зашто ги базирам моите тврдења на анализата и проучувањето на неговите текстови од историчарите. Е сега ако ти нејќеш тоа да го прифатиш е твој проблем. Можеш да си играш со зборовите но вистината е таа што те побива. Е сега од наводниот лажен збор Христос според тебе до само реалната промена на една буква има голема разлика. Значи ти си читал нешто ама изгледа кога си дошол до тој дел некој те викнал да играш џамлии и не си дочитал.

Второ е интересно е тоа што скокна до Веспазијан и почна ново негирање на моќите и делата на Исус Христос. И таму ако се впуштам во подетална дебата пак ќе има нешто што не си го сватил или не си го дочитал. Можеби овојпат ти се мочкало па мама те однела до тоалет и после си го изгубил местото до каде што си стигнал со читањето.

Сигурен сум дека ти не си тука за реална дебата туку да им се потсмеваш и да негираш се што некој ќе ти донесе како доказ за Христијанството. И што е најлошо мислиш и тврдиш дека си начитан и знаеш што зборуваш а реалноста е спротивна. Доказите ниту сакаш да ги погледнеш ниту те интересираат. Ти имаш голема вера а тоа е да не веруваш на ниту еден доказ кој би можел да ти докаже дека Бог и Исус се реални и Вистинити.
 
Можеби овојпат ти се мочкало па мама те однела до тоалет и после си го изгубил местото до каде што си стигнал со читањето.

Што за тебе преставува добро, а што зло? Некој зема опијат, легнува во кревет помеѓу курва или маж, не се замара со останатите околу него и не ги деклинира за мочковци, серковци и неинтелигентни и останати навредливи ,,особини!"

Што си ти повеќе или помалку од тој човек. Насобраните сексуални фрустрации не се лечат така, со навреди и омаловажување на друга сексуалност. Т.е ти како сакаш, ама во спротивно изгледаш како не компетентен да се разговара со тебе на тема христијанство, познавам христијани кој се загрозуваат од тоа некого да наречат мочко и да мешат мајки и шајки, баби и жаби! :)
 
Ах леле, кога ќе се присетам кој се чита тоа што пишувам и кој знае како разбира... :facepalm:

„Дали знаеш дека овој човек е окултист, сатанист, бисексуалец, наркоман и прогласен е за најзлобниот човек на земјата?“
Ако имаш проблем со нечија сексуална определба, а не твојата - нешто не е ок со тебе.
Ако имаш проблем со нечие верување во богови што тебе ти се чудни и си слушал сказни за нив од попови - нешто не е ок со тебе.
Окултист не е негативен атрибут за еден човек.

The Wickedest Man on Earth за Кроули е запишано како наслов во весник, а не е прогласен од никој за „најзлобен“ .
А знаеме што треба за ваков наслов: христијански автор кој што мрази се што не е христијанско.
А бидејќи те интересира Кроули, а за него знаеш само од тоа што некој друг рекол за него, ете ти и тука, 10 факти за Кроули кои се точни!

Верувај ќе бидеш друг човек“, а јас упорно зборувам ли зборувам дека старо-еонското „верувај“ и „кралството ќе го наследат некои бедни по дух“ е надминато и неважечко денес, но никој не ме чита.
Ако мислиш дека си беден по дух, биди. Но не ги влечи другите со тебе надолу во твојата беда.
Не е во ред да навредуваш некој и да го нарекуваш забеган, посебно кога си христијанин и со прст да покажуваш кон други со вакви муабети.

И ако може фрли ја библијата, одстапи од стариот еон и види што значи бесконечност, сенката на Земјата ќе ве изеде :sneaky:

Ајде вака. Зашто сметаш дека законите на Алистер се вистинските и дека тие закони треба секој на планетава да ги следи? Во кој Бог верува Алистер? Ако пак нема Бог од каде знаење за новиот еон? Како само тој знае и никој друг? Дали дрогата му влијаела на неговото творештво? Дали е можно човекот да халуцинирал?

Чекам на твој одговор?
 
Значи јас не мислам туку ти тврдам дека тоа е така. А тоа го тврдам зашто ги базирам моите тврдења на анализата и проучувањето на неговите текстови од историчарите. Е сега ако ти нејќеш тоа да го прифатиш е твој проблем. Можеш да си играш со зборовите но вистината е таа што те побива. Е сега од наводниот лажен збор Христос според тебе до само реалната промена на една буква има голема разлика. Значи ти си читал нешто ама изгледа кога си дошол до тој дел некој те викнал да играш џамлии и не си дочитал.

Второ е интересно е тоа што скокна до Веспазијан и почна ново негирање на моќите и делата на Исус Христос. И таму ако се впуштам во подетална дебата пак ќе има нешто што не си го сватил или не си го дочитал. Можеби овојпат ти се мочкало па мама те однела до тоалет и после си го изгубил местото до каде што си стигнал со читањето.

Сигурен сум дека ти не си тука за реална дебата туку да им се потсмеваш и да негираш се што некој ќе ти донесе како доказ за Христијанството. И што е најлошо мислиш и тврдиш дека си начитан и знаеш што зборуваш а реалноста е спротивна. Доказите ниту сакаш да ги погледнеш ниту те интересираат. Ти имаш голема вера а тоа е да не веруваш на ниту еден доказ кој би можел да ти докаже дека Бог и Исус се реални и Вистинити.
1.Такит споменува Крестос. Не Исус. Не Христус. Крестос. Ти Крестојанин си?
2. Такиит нигде не споменува чуда на крестос или христос ни дека мајкаму затруднела со госпот ни дека одел по вода ни дека хранел 5000 луѓе со 2 скуши ни дека создал марихуана ни дека воскреснал.
3. Такит нигде не споменал ни дека лично го видел или слушнал крестос ни христус ни џисус, ни дека воопшто некде некогаш зборал со некој христијанин.

Па ајде малце размисли (доколку тоа не ти прави премногу болка и напор) и кажи шо тоа такит ни докажува за исус Христус, бог да го прости?

Од друга страна Такит фино лепо ни кажува чудата кои ги направил паганскиот цар Веспазијан.
 
Што за тебе преставува добро, а што зло? Некој зема опијат, легнува во кревет помеѓу курва или маж, не се замара со останатите околу него и не ги деклинира за мочковци, серковци и неинтелигентни и останати навредливи ,,особини!"

Што си ти повеќе или помалку од тој човек. Насобраните сексуални фрустрации не се лечат така, со навреди и омаловажување на друга сексуалност. Т.е ти како сакаш, ама во спротивно изгледаш како не компетентен да се разговара со тебе на тема христијанство, познавам христијани кој се загрозуваат од тоа некого да наречат мочко и да мешат мајки и шајки, баби и жаби! :)

Незнам дали ја следеше нашата дебата ама човекот искористи зборови како глуп,дете итн. Не видов твој коментар насочен спрема неговите навреди спрема мене. Јас не го нареков дека е мочко јас само реков дека му се мочкало. Има разлика нели? Те молам прочитај го мојот текст добро, потоа анализирај го и тогаш состави нешто.

Интересно е кога Христијаните се навредувани и наречувани глупи, неписмени, забегани, старомодни, удрени, ненормални, смотани и итн. Никој не реагира од моралните атеисти, окултисти, агностици и кој знае какви. А кога некој Христијанин ќе каже нешто како дека на некој му се мочка, е тогаш имаш, каков си ти Христијанин да навредуваш, па ти имаш сексуални фрустрации, така ли те учи Исус, таква ли е вашата вера, какви се овие навреди и омаловажувања. И кои Христијани познаваш ти кои би се згрозиле од мене? Христијанинот би се згрозил од тебе и од тоа што ти претставуваш а не од мене. Лагата е нешто од што треба ти прво да се згрозиш а после дојди да поразговараме за другото.
 
Абе ај?! Дискусијата беше за елементарна логика - дали особините влијаат на нечија одлука или слободната волја сама по себе го прави тоа! Ако вашето "духовно христијанство" има проблем со тој факт, тогаш вие го негирате не јас.
Што има да не се разбере? Објасни што не сум разбрал? Од сите досегашни примери, јасно како ден е дека особината на човекот влијае врз можноста за избор - слободната волја. Каков избор ќе направи некој, зависи од особините што ги поседува, слободната волја е само можност да се бира. Вие од петни жили се обидувате да негирате нешто кое е очигледно.
Еее, ова е веќе различно од твоите ригидни ставови, дека Бог создал предодредено од материјата(природата),неспособно суштество па озгора и да го суди!? Што да правиш слободен си, неможеш против себе, посилно е?;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom