Ајде доста со омрази. Да се насмееме малку. Од телевизиите само Алфа објави за ова
Длабоко навлезени во омилениот филм на блокади и бојкоти, СДСМ ќе го блокира и граничниот премин „Богородица“, соопшти партискиот гласноговорник и станопоседник Петре Шилегов.
„Ќе ја блокираме цела Македонија. И онака веќе подолг период, една деценија де, ги блокираме евроатлантските интеграции, а го блокираме и економскиот напредок на државата и ја држиме во заложништво. Станавме зависници од блокади, па сега кога решивме скроз да се радикализираме, прво одиме на Скопје, а викендот ќе ја блокираме „Богородица“. „Стар Дојран“ и „Меџитлија“ нема, пошто не ни се уз пут толку“ – гордо најави режимскиот профитер.
Извори на „А1, оф!“ од екс Бихаќка пренесуваат дека на оваа радикализација, СДСМ се решиле во силна паника, предизвикана од се’ помалиот број учесници на протестите. Топлото време ги поколебало екс директорите, сега пензионери од времето на Бранко, како и старите транзициски користољупци, нивните синови и ќерки веќе заминале на одмор, а внуците биле во филм на детално планирање кој дел од Барселона или Малта да го освојат летово. ЛГБТ заедницата, пак, неделава имала јака дешавка и меѓународен собир во Брисел. Ќе спиеле кај Ван Хауте.
За да превенираат протести со два-тројца фарбачи- идеалисти, СДСМ се решиле со по 5-6 души на раскрсници, потенцијални кандидати за корисници на фондот на Сорос, да го блокираат Скопје. Башка, пикапот со кој превезуваа боја е запленет, а на Заев и Шилегов не им се давале Аудињата од 80-100.000 евра за да носат поликолор и кондоми. И Вицето не го дал Поршето, а Рада одбила да го даде џипот што го нема. Истото се случило и џиповите на Царовска и останатите пролетери, кои не сакале шарената „револуција“ да им капе по гепеците.
„Да се фарбаат споменици на херои, деца бегалци, борци и основополжници на нацијата е о.к., ама со таа боја да ми фарбаат ауто-ентериер, јок, не бива!“ – остро возвратил на барањето член на Извршниот одбор на партијата, пренесе професионалната ТВ „Селма“, која се’ уште бара правен начин како да ги избрка несоодветните новинари, а тоа да не ги удри по џебот.
„Уште два дена издржете со боите и блокадите, само 72 часа остануваат, па од сабота ќе блокираме „Богородица“ со џиповето и лимузините“ – ги бодрел лидерот Заев, иако тој најмногу милувал границата да ја минува пешки.
„Шарени револуционери од цела Македонија, обединете се! Во Грција, викендов, нормално…“ – ова е новото, искрено викенд мотивациско мото на шарените пролетери, кои уште од сега ги гланцаат џиповите и лимузините и се подготвуваат за јака журка во нережимска Грција.