Прашањето си е сосем на место. Ти тврдиш дека причина за педофилијата не е особината што ја поседуваат тие луѓе, туку слободната волја. Но, во тој случај би значело дека сите што не се педофили немаат слободна волја, а тоа е безмислено и апсурдно. Затоа ќе ти повторам уште еднаш:
Слободната волја не е одлучувачкиот фактор што ќе одбере да стори еден човек, таа е само можност да се одбере од опциите што стојат на располагање. Што ќе биде изборот зависи од особината. Во случајот со педофилот, изборот зависи од неговата особина сексуално да го привлекуваат деца. Без таа особина, тој никогаш не би донел одлука да стори такво нешто. Ако и ти самиот не си педофил, тогаш многу добро знаеш дека ти воопшто си немал потреба да се воздржуваш од злоставување, не затоа што немаш слободна волја, туку затоа што немаш потреба од такво нешто! Немаш особина што би те направила педофил, па затоа немаш ни потреба да одбиеш да сториш злоставување.