Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Каква омраза бе малечок! Ова го читам, срце ми се кине!:place: НАЈИСКРЕНО!
Како и што претпоставив, си се родил, крстил во православие, чукни се зошто, од каде, кој...?
Па јапонец вака не би трескал, а знаеш ли ЗОШТО?! Зашто се почитува себе и предците!
Немам желба да објаснувам од вакво субниво, да сум дедо ти и ова да го прочитам...ќе видиш како ќе му поверуваш на дедо!!!:anco:

Oх душичка се навредил тој заради татковината, ВМРО и МПЦ. Опушти се, во животот има многу повеќе од тоа, самиот по себе е тука да го искусиш, а не да му викаш не цело време, па да ги изнесуваш своите фрустрации на твоите не истомисленици. Дедо ми е тврдокорен атеист, така да нема што да се верува тука. Крстен сум во православна црква не по моја волја туку по волјата на моите родители, според некој си традиционален адет. Тоа не значи дека ќе останам роб на православните убедувања, дека треба да се плашам од пеколот, дека морам да се воздржувам од секс, да не слушам метал музика и да носам мартинки. Мартинката чив симбол беше? А пред словените да станат христијани што беа тие? Пагани ако не се лажам, веруваа во Сварог и Лада, Весна и Дажбог. И, ајде сега ти ми кажи на мене, зошто од целата оваа турли тава, вие на својот род му ги препишувате православието и целата омраза заедно со него? Затоа што христијанството беше прифатено во момент на слабост, не значи дека ќе остане вечно помеѓу нас, затоа што јас на истата слабост и велам - НЕ. :)[DOUBLEPOST=1464558417][/DOUBLEPOST]
Знаеш што е патетиката во случајов? Тоа што од една страна упорно верглате како другите имале непознавање на вашата вера, ама затоа вашето непознавање кон другите воопшто не го сметате за проблем да плукате на другите и да ги прогласувате за се и сешто. Како дојде ти до заклучоков дека сме биле патетични? Зошто кукавички ме обвини за контрадикторност и потоа го игнорираше прашањето да посочиш конкретен пример за таа контрадикција?
Мислиш дека со ментални гимнастики ќе постигнеш нешто? Како тоа другите неможеле да знаат што значи да се биде христијанин, арно ама ти си го знаел ова:

Како ти откри што е потребно за некпј да биде Телемит?

Што се однесува до ова:

Нашите дедовци биле пагани, верувале во Перун, Велес, Весна... Зошто вие плукате по нивното верување и паганизмот го спомнувате секогаш во потценувачки и негативен контекст? Или кога станува збор за нешто со кое не се идентификуваш, тогаш е ок да плукаш по истото, да го сметаш за наивно, глупо?

Сега ќе испадне дека те копирам поради старословенските богови, ама ете, така се поклопи. Некој читал старословенска митологија, не само ,,црковна историја" :)

Или Сонцето е во почетните степени на Близнаци, па нештата имаат двојна природа! :P
 
Каква омраза бе малечок! Ова го читам, срце ми се кине!:place: НАЈИСКРЕНО!
Како и што претпоставив, си се родил, крстил во православие, чукни се зошто, од каде, кој...?
Па јапонец вака не би трескал, а знаеш ли ЗОШТО?! Зашто се почитува себе и предците!
Немам желба да објаснувам од вакво субниво, да сум дедо ти и ова да го прочитам...ќе видиш како ќе му поверуваш на дедо!!!:anco:
Што ако некој открие дека татко, дедо, прадедо му бил сериски убиец? Дали според твојава логика тоа значи дека треба да го почитува своето потекло и тој да оди по неговите стапки?
Како може религија да биде предмет на наследување?! Се работи за нешто кое е лично и субјективно доживување! Нешто во кое треба да се пронајдеш, а не нешто кое ќе го користиш како етикета, како замена за личен идентитет... Не е ни чудо што христијанството се претворило во традиција и алатка за колективна идентификација и нема ни д од духовност во себе. Денеска просечен христијанин, се што знае за религијата е која слава ја има наследено, која слава ја имаат пријателите и роднините негови и кога е велигден и божиќ. Традиција со која просечниот поединец се идентификува со масата.... Тоа е христијанството во реалноста, ништо повеќе.
 
Последно уредено:
Чудно како што на некој што сигурно има прочитано повеќе житија од тебе, знае на памет молитви и тоа на старо-словенски јазик, да ги оставиме на страна тие што се на латински му се вели дека не може да биде нешто што веќе е. Туку до некаде си во право, да ја вложев енергијата можеби во учење на праксите од Liber O наместо да читам за старците ваши кој забрануваат од јадење и пиење, па се до водење на љубов, до сега ќе бев многу по компетентен да зборувавме за Законот на Телема, ама ете, секогаш постојат пречки кој мораат да бидат надминати. А за истите мотив можат да бидат оние што си прогнозираат кој што може да биде и оние што се исмејуваат на тие што сакаат да чекорат на Земјата слободно! :)

Како беше тоа, колку повеќе бариери, толку повеќе обиди да се прескокнат.[DOUBLEPOST=1464559575][/DOUBLEPOST]И за крај една сликичка со прекрасна порака во неа, затоа што беше немирен. :)

my_cat_ate_your_fish_bumper_sticker-r2bc96cba015b461d8463cad70a3c19e3_v9wht_8byvr_512.jpg
 
Знаеш што е патетиката во случајов? Тоа што од една страна упорно верглате како другите имале непознавање на вашата вера, ама затоа вашето непознавање кон другите воопшто не го сметате за проблем да плукате на другите и да ги прогласувате за се и сешто. Како дојде ти до заклучоков дека сме биле патетични? Зошто кукавички ме обвини за контрадикторност и потоа го игнорираше прашањето да посочиш конкретен пример за таа контрадикција?
Мислиш дека со ментални гимнастики ќе постигнеш нешто? Како тоа другите неможеле да знаат што значи да се биде христијанин, арно ама ти си го знаел ова:

Како ти откри што е потребно за некој да биде Телемит?

Што се однесува до ова:

Нашите дедовци биле пагани, верувале во Перун, Велес, Весна... Зошто вие плукате по нивното верување и паганизмот го спомнувате секогаш во потценувачки и негативен контекст? Или кога станува збор за нешто со кое не се идентификуваш, тогаш е ок да плукаш по истото, да го сметаш за наивно, глупо?
Оној што го негира своето потекло, НИШТО неможе да биде!
Тоа што нашите дедовци прво биле пагани е за почит, а што ти е проблемот што потоа 2000 г. се христијани да го почитуваш нивното духовно определување?[DOUBLEPOST=1464561076][/DOUBLEPOST]
Oх душичка се навредил тој заради татковината, ВМРО и МПЦ. Опушти се, во животот има многу повеќе од тоа, самиот по себе е тука да го искусиш, а не да му викаш не цело време, па да ги изнесуваш своите фрустрации на твоите не истомисленици. Дедо ми е тврдокорен атеист, така да нема што да се верува тука. Крстен сум во православна црква не по моја волја туку по волјата на моите родители, според некој си традиционален адет. Тоа не значи дека ќе останам роб на православните убедувања, дека треба да се плашам од пеколот, дека морам да се воздржувам од секс, да не слушам метал музика и да носам мартинки. Мартинката чив симбол беше? А пред словените да станат христијани што беа тие? Пагани ако не се лажам, веруваа во Сварог и Лада, Весна и Дажбог. И, ајде сега ти ми кажи на мене, зошто од целата оваа турли тава, вие на својот род му ги препишувате православието и целата омраза заедно со него? Затоа што христијанството беше прифатено во момент на слабост, не значи дека ќе остане вечно помеѓу нас, затоа што јас на истата слабост и велам - НЕ. :)[DOUBLEPOST=1464558417][/DOUBLEPOST]

Сега ќе испадне дека те копирам поради старословенските богови, ама ете, така се поклопи. Некој читал старословенска митологија, не само ,,црковна историја" :)

Или Сонцето е во почетните степени на Близнаци, па нештата имаат двојна природа! :P
Како и за Ипси и за тебе важи респект ту ол!
Ова интернетов станува се посериозна опасна играчка за деца и возрасни!
Патологијата е изразена во т.н. естетика на забава, консеквентно губење на идентитетот, препознавајќи се пред се` во своите аватари, “бомбончиња“ од разно разни учења, философии под маска на рацио-квази-научна идолатрија итн.
 
Последно уредено:
Оној што го негира своето потекло, НИШТО неможе да биде!
Тоа што нашите дедовци прво биле пагани е за почит, а што ти е проблемот што потоа 2000 г. се христијани да го почитуваш нивното духовно определување?
Не, оној што неможе да создаде сопствени вредности и да изгради свој независен идентитет, е човек од кој неможе ништо да биде. Сите колективистички системи на идентификација се модел каде индивидуалното се маргинализира па дури и демонизира доколку отскокнува од нормата на колективот.
Човек на кој општеството или традицијата му го одредуваат идентитетот не е индивидуа, туку едно од многуте безлични пиончиња на кои им е потребна нација, религија - етикета за да им каже кој се, што се, што им е потребно, што не им е потребно.
 
Оној што го негира своето потекло, НИШТО неможе да биде!
Тоа што нашите дедовци прво биле пагани е за почит, а што ти е проблемот што потоа 2000 г. се христијани да го почитуваш нивното духовно определување?[DOUBLEPOST=1464561076][/DOUBLEPOST]
Како и за Ипси и за тебе важи респект ту ол!
Ова интернетов станува се посериозна опасна играчка за деца и возрасни!
Патологијата е изразена во т.н. естетика на забава, консеквентно губење на идентитетот, препознавајќи се пред се` во своите аватари, “бомбончиња“ од разно разни учења, философии под маска на рацио-квази-научна идолатрија итн.

Од каде овој став за интернетот, отец некој да не ти го кажа? Денес исповед преку фејсбук има помеѓу верник и духовен отец ти па ќе се замараш за опасностите од истиот. :)
 
Што ако некој открие дека татко, дедо, прадедо му бил сериски убиец? Дали според твојава логика тоа значи дека треба да го почитува своето потекло и тој да оди по неговите стапки?
Како може религија да биде предмет на наследување?! Се работи за нешто кое е лично и субјективно доживување! Нешто во кое треба да се пронајдеш, а не нешто кое ќе го користиш како етикета, како замена за личен идентитет... Не е ни чудо што христијанството се претворило во традиција и алатка за колективна идентификација и нема ни д од духовност во себе. Денеска просечен христијанин, се што знае за религијата е која слава ја има наследено, која слава ја имаат пријателите и роднините негови и кога е велигден и божиќ. Традиција со која просечниот поединец се идентификува со масата.... Тоа е христијанството во реалноста, ништо повеќе.
Еден куп неповрзани глупости, врз чија основа си даваш право да се негираш себе и предсебеси другите?!
Токму во тоа е трагичноста што твојот суд е неавтентично судење на христијанството за невистинито, за што спорам и укажувам на СПРОТИВНОТО, нашите предци сепак биле во право и фала му на Исуса Христа, за тоа посебно се радувам.
Твоето патетично, површинско плукање, наспроти мојата автентична, литургиска емпирија и егзегеза?:cautious:[DOUBLEPOST=1464561757][/DOUBLEPOST]
Не, оној што неможе да создаде сопствени вредности и да изгради свој независен идентитет, е човек од кој неможе ништо да биде. Сите колективистички системи на идентификација се модел каде индивидуалното се маргинализира па дури и демонизира доколку отскокнува од нормата на колективот.
Човек на кој општеството или традицијата му го одредуваат идентитетот не е индивидуа, туку едно од многуте безлични пиончиња на кои им е потребна нација, религија - етикета за да им каже кој се, што се, што им е потребно, што не им е потребно.
Да, да од тебе се` почнува, ако ти “бодат“ очи мајка ти и татко ти?
 
Еден куп неповрзани глупости, врз чија основа си даваш право да се негираш себе и предсебеси другите?!
Токму во тоа е трагичноста што твојот суд е неавтентично судење на христијанството за невистинито, за што спорам и укажувам на СПРОТИВНОТО, нашите предци сепак биле во право и фала му на Исуса Христа, за тоа посебно се радувам.
Твоето патетично, површинско плукање, наспроти мојата автентична, литургиска емпирија и егзегеза?:cautious:

:facepalm:

Ако некој негираше некој што може, а што не може да биде тоа беше ти!

Еден виц: Тате, тате стварно ли твојте предци настанале од мајмун?

- Мрш бе копиле едно, твојте предци се настанале од мајмун, не моите. :)
 
Еден куп неповрзани глупости, врз чија основа си даваш право да се негираш себе и предсебеси другите?!
Токму во тоа е трагичноста што твојот суд е неавтентично судење на христијанството за невистинито, за што спорам и укажувам на СПРОТИВНОТО, нашите предци сепак биле во право и фала му на Исуса Христа, за тоа посебно се радувам.
Твоето патетично, површинско плукање, наспроти мојата автентична, литургиска емпирија и егзегеза?:cautious:
Фрустрациите ти излегуваат на површина...почнуваш да пишуваш неповрзано.
Каде виде да се негирам себе си?! Како воопшто знаеш било што за мене за да дадеш ваква квалификација дека сум се негирал?! Која е таа дрскост?! Немањето аргументи ти се манифестира со познатиот очајнички потег: Нападот е најдобра одбрана.
Да, да од тебе се` почнува, ако ти “бодат“ очи мајка ти и татко ти?
И што кажа сега со ова? Што постигна?
 
Кога ке му се лутите на бога поради неправдите и злосторствата на овој свет, кога ќе го прашувате зошто дозволува толку маки и солзи во човештвото, прво запрашајте се себеси- што вие направивте по тие прашања.

Дали е тоа лекција за сите нас!?
Бог рачунал на нас, да тие што примиле повеќе им дадат на оние што примиле помалку.
 
Последно уредено од модератор:
Според карактерот на одговорот, сајкоаналитикл твоето его ќе да е во прашање, во ставот да се затвориш во катафатиката на егоцентризмот.
Искуството од духовното природно е да го споделувам, но не и наметнувам!
Науката е само инструмент даден како дар од човечкиот капацитет, како ќе се служиме т.е. дали сами ќе се заробиме или креираме, е лична одлука, од мое искуство, без духовен пристап неминовно е ропството.:toe:

„Напротив, ништо НЕМОРА да прифатиш!

Мене најмногу ме нервираат доказите(РОПСТВОТО)!
Сега Христос да ми се појави како ДОКАЗ, од мене ќе добие: `МРШ БЕ`!:misticen:

јас пак си мислев дека ти овде си нервозен и гневен, но ти си го ширел твоето религиозно искуство, моја грешка, погрешно сум те разбрал.

ти со тоа што припагаш на одредена религија си дел од ропството наметнато од таа религија,
јас тоа од мое искуство ти го кажувам, бидејки не можеш и не си во состојба да креираш сопствени мисли и последователно сопствени ставови, мораш слепо да одиш таму каде што истоимената религија ти наредува, не можеш да го најдеш сопствениот пат, туку одиш по пат кој е создаден од некој друг,

дали си се запрашал дали ние лугето имаме капацитет само за наука, или исто така имаме капацитет и за многу други работи, но со самото влегување во ропство на христијанската/муслиманската религија овие капацитети ги неутрализираме, потиснуваме и цел живот го живееме без да сме свесни за нив. (не ги уништуваме, не можат да се уништат, само ти потиснуваме). се препишуваме на некој измислен бог и не сме свесни за настанатите околку нас ситуации и сопствените можности.

тешко и жално е ропството.[DOUBLEPOST=1464625664][/DOUBLEPOST]
Црквата, која објективно постои, а која не можеш да ја видиш иако ти е очигледна, е Богочовечка непрекината заедница, заедница меѓу Небесата и Земјата.

Ете ти еден очигледен доказ за Божјото постоење и присуство на Земјава.

Сега, докажи ми дека Црквата не постои. Јас велам дека не можеш.[DOUBLEPOST=1464446669][/DOUBLEPOST]

.

во право си, црквата постои, нема спорење тука, но затоа пак цело време овде на форумов докажувам дека таа е измамник, ги манипулира лугето со исмислен бог и со тврдењето-ке те цитирам

„е Богочовечка непрекината заедница, заедница меѓу Небесата и Земјата„.

и со оваа измама 2000 години живее на грбот на оние луге кои и веруваат - христијаните, ги контролира во секој можен начин, што да јаде, кога да јаде, кога да работи, кого да сака, со кој да се сака, со кој да се дружи, на кој да убива, кој да еб* и.т.н (т.е. ропство)
 
Последно уредено:
Кога ке му се лутите на бога поради неправдите и злосторствата на овој свет, кога ќе го прашувате зошто дозволува толку маки и солзи во човештвото, прво запрашајте се себеси- што вие направивте по тие прашања.

Дали е тоа лекција за сите нас!?
Бог рачунал на нас, да тие што примиле повеќе им дадат на оние што примиле помалку.

Животот е игра кај што нема лутиш. Гледаш како дал Бог и луѓе во Африка и луѓе на Антартикот и Кинези и Монголи. Многумина никогаш не се слушнале за Исус ниту Мухамед, оние па на западот не се слушнале за Вишну или Буда во минатото. Затоа никоја религија нема за право, морално право, не техничко да го наметнува своето убедување и да заплашува цела нација со пекол или страдање доколку не се почитува нивниот бог.

Ова ми е една од најомилените изреки кога станува збор за религиска и национална колонизација.
Истражи за убавините на Јужна Африка и нејзината историја и за останатите Јужно Африкански земји како што се Зимбабве и слично, а после истражија нејзината блиска историја. Како оние што колонизираа, затвараа и мачеа црнци, како Јужна Африка побеле од Европјани христијани.

quote-when-the-missionaries-arrived-the-africans-had-the-land-and-the-missionaries-had-the-bible-they-jomo-kenyatta-243272.jpg
 
Последно уредено од модератор:
фала му на Исуса Христа, за тоа посебно се радувам.
Твоето патетично, површинско плукање, наспроти мојата автентична, литургиска емпирија и егзегеза?:cautious:[DOUBLEPOST=1464561757][/DOUBLEPOST]
Да, да од тебе се` почнува, ако ти “бодат“ очи мајка ти и татко ти?

ако си начитан теолог/поп/владика/монах не значи дека си на час по теологија, не мора да користиш вакви “fancy“ зборови па да гуглам цело време да видам и да разберам што си кажал, ова е форум дај зборувај со “народни зборови“.


П.С. пробај да го намалиш своето его, тоа е негативна емоција која што треба да научиш дека постои, да си свесен за неа и кога ке дојде до израз да ја неутрализираш, емоцијата е како стереотип, не можеш да направиш да исчезне, или да постигнеш воопшто да не те облева, но можеш да научиш да ја контролираш.
 
Последно уредено:
Фрустрациите ти излегуваат на површина...почнуваш да пишуваш неповрзано.
Каде виде да се негирам себе си?! Како воопшто знаеш било што за мене за да дадеш ваква квалификација дека сум се негирал?! Која е таа дрскост?! Немањето аргументи ти се манифестира со познатиот очајнички потег: Нападот е најдобра одбрана.

И што кажа сега со ова? Што постигна?
Елементарната култура кон сопствената историја и труди се да ја преставиш телемата меѓу сите нас различни, просто е!:)[DOUBLEPOST=1464631616][/DOUBLEPOST]
јас пак си мислев дека ти овде си нервозен и гневен, но ти си го ширел твоето религиозно искуство, моја грешка, погрешно сум те разбрал.

ти со тоа што припагаш на одредена религија си дел од ропството наметнато од таа религија,
јас тоа од мое искуство ти го кажувам, бидејки не можеш и не си во состојба да креираш сопствени мисли и последователно сопствени ставови, мораш слепо да одиш таму каде што истоимената религија ти наредува, не можеш да го најдеш сопствениот пат, туку одиш по пат кој е создаден од некој друг,

дали си се запрашал дали ние лугето имаме капацитет само за наука, или исто така имаме капацитет и за многу други работи, но со самото влегување во ропство на христијанската/муслиманската религија овие капацитети ги неутрализираме, потиснуваме и цел живот го живееме без да сме свесни за нив. (не ги уништуваме, не можат да се уништат, само ти потиснуваме). се препишуваме на некој измислен бог и не сме свесни за настанатите околку нас ситуации и сопствените можности.

тешко и жално е ропството.
Напротив душо имам и разбирање и љубов доволно, се радувам што почнуваш да ме разбираш.:smirce:
Религиозниот хабитус ти е прилично “бос“.
Христијанството се базира на слободата, пред се` од смртта, тоа е Христовата суштинска премиса за што како Бог интервенираше во светот, бидејќи човекот се “изгуби“ во себеси.
Сите потенцијали човечки се неспорни, `бидете совршени!`, ова е христијанска максима...[DOUBLEPOST=1464631869][/DOUBLEPOST]
Кога ке му се лутите на бога поради неправдите и злосторствата на овој свет, кога ќе го прашувате зошто дозволува толку маки и солзи во човештвото, прво запрашајте се себеси- што вие направивте по тие прашања.

Дали е тоа лекција за сите нас!?
Бог рачунал на нас, да тие што примиле повеќе им дадат на оние што примиле помалку.
Христијански точно!( не наметнувам убедување, напротив, се изразувам од моето прифатено христијанско определување). Бог несака да ја повреди нашата слободна волја и стрпливо чека наше обраќање, одлука...:)[DOUBLEPOST=1464632609][/DOUBLEPOST]
ако си начитан теолог/поп/владика/монах не значи дека си на час по теологија, не мора да користиш вакви “fancy“ зборови па да гуглам цело време да видам и да разберам што си кажал, ова е форум дај зборувај со “народни зборови“.


П.С. пробај да го намалиш своето его, тоа е негативна емоција која што треба да научиш дека постои, да си свесен за неа и кога ке дојде до израз да ја неутрализираш, емоцијата е како стереотип, не можеш да направиш да исчезне, или да постигнеш воопшто да не те облева, но можеш да научиш да ја контролираш.
Прашај бре гуглмачно чедо, ќе ти објаснам.:)
За психијатрискиот совет ти благодарам, искрено се трудам, прости, не е намерно, а имај ја и предвид реално, нужната состојба на овој свет, така ќе добиеш на разбирање, бидејќи Евангелието антиципира еден слободен свет, кој христијаните реално, иконолошки сега го доживуваат, но не во својата полнота на царството Божјо.(y)
 
Последно уредено:
Елементарната култура кон сопствената историја и труди се да ја преставиш телемата меѓу сите нас различни, просто е!:)
Ете го пак со таа култура.... Добро бе човек, ти мене и сите телемити заедно со мене не прогласи за патетични, и сега ми префрлаш мене за култура?! Јас само барам тоа што ќе го кажеш да си го поткрепиш со аргументи. Кажа дека сум бил контрадикторен, те замолив да посочиш нешто конкретно за да видиме каде е конградикторноста, го игнорираше тоа. Кажа дека сме биле патетични, повторно без аргументи, повторно без ништо конкретно. Почна да кажуваш кој можел кој неможел да биде Телемит, повторно без образложување, повторно без аргументи.

Да се осврнам и за наследувањето на религијата. Од една страна тврдите дека прагославието требало да се разбере, од друга страна тврдиш дека религијата е наследство од предците.... Значи ако не си православен, не ги почитуваш предците..... Е сега тоа што предците биле пагани, тоа нема врска.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom