Game of Thrones

  • Креатор на темата Креатор на темата RiseAgainst
  • Време на започнување Време на започнување
Гледајте внимателно, постот не е off topic :)

CjZYaKfXEAAZOUZ.jpg:large

Добар гз вади оваа црвенава (y)
 
Емилија Кларк глуми на три начини:
-Нервозна сум: се тресам и зборувам низ заби.
-Планирам нешто: дигнати веѓи, понекогаш со блага насмевка.
-Збунета сум: гледам наоколу ко идиот.
 
Ха.
За неупатените, ова е прастар музички инструмент кој произведува звук без воопшто да го допреш.

Мислам дека да се каже ова е расистички.
 
Тивка темава некако, никој не чека лајвстрим? :D
 
Порано постоело едно царство, најпрестижно од сите, кое владеело со целиот дотогаш познат свет. Со тоа царство владеел цар, а во таквото општество постоеле бројни политеистички религии (религии кои веруваат во повеќе од еден Бог, пагани). Евентуално, тоа царство го фатило тешка криза. Негови делови почнале драстично да се отцепуваат поради економската криза, на неговата територија навлегувале дивјаци, а царот го изгубил својот авторитет. За да се врати престижот на царството и да се спаси тоа што може, на државата и се наложило потреба да се реформира. Сплет на околности, во тоа време се јавила нова религија, религија која има за цел да им помогне на онеправданите, простите и сиромашните. Религија која масовно се шири низ територијата на царството. Наместо да се бори против неа и да си стави уште еден дополнителен проблем на листата, државата решила да ја искористи таа појава и да ја присвои. Било одлучено царот и религијата да се спојат. Во теорија, целта била да се прикаже симболиката во тоа дека постои едно царство на земјата, и едно царство на небото. Дека царот е божји посланик на земјата кој раководи со земјишните, смртни работи, се додека луѓето не преминат кон божјото царство, царството на небото. Во пракса тоа било малце поинаку. Религијата ги потврдувала авторитетот и легитимноста на царот пред обичниот, простиот народ за тој да може да си владее раат, а царот ги држел религиозните ликови обогатени, со високи државни функции, кај што и тие ќе си живеат раат, раскошно.

Царството било Рим, а реформираното е она што денес го знаеме како Византија. Дивјаците се германските и варварските племиња, политеистичките религии се римската, грчката, зороастриската и останати кои биле обожувани од луѓето во државата. Религијата која се појавила била Христијанството, а тие биле поддржувани од разновидните прости маси кои нашле обединувачки фактор во борбата со својата беда. Христијанството наоѓа место во Византија и почнуваат да владеат заедно. Затоа знамето/грбот им е двоглав орел, кој ја симболизира двојната власт, неразделноста на црквата и царот.

Get it?
Get it?
Get it?
Get it?
Get it?
Get it?
Get it?
Get it?


Царството се реформира пошто е во економска криза (круната е у долгови ко што рече Тајвин), Sparrows стануваат дел од државата, дивјаците ги спречија од навлегувањето, политеистичките религии умираат, а други го заземаат нивното место, круната си го враќа авторитетот, царството пак зајакнува, and so on, and so on...

Е сеа тогаш змаеви и зомбиња немало, јебига.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom