Знаеш што, сдс првата опасна грешка што ја направи е што тотално ја отфрли таа идеологија. На пример во Русија сеуште си постои таа комунистичка партија на Генадиј Зјуганов и си освојуваат по тој основ гласачи. Ниту се срамат дека се комунисти, ниту пак некој им брани да се. Многу често овој термин се банализира при етикетирање, па дури и погрешно изговара „комуњар“ - што не значи баш ништо, а има добиено некаква негативна конотација - а да ги прашаш зошто, ни сами не знаат да ти кажат.
Многу луѓе во денешно време реагираат на тоа дека ДПМНЕ го користи ВМРО како перде со кое има неоспорно вграден беспоштеден патриотизам, кој никој не може да го спори. Во повеќе наврати истиот тој ВМРО покажа сериозни антидржавни и антимакедонски политики (одењето на грујо во Букурешт со Скопје у три загради, трампата на територии меѓу љуБчо и УЧК, менувањето на македонската азбука од страна на Димитар Димитров, министерот за култура од дпмне и да не ги редам, безброј се) и јасно е дека МОРА да се стави еднаш засекогаш вето на тоа име. Нека си остане во историја такво, какво е, за кое никој нема против и да се престане со злоупотреба. Ништо, ама буквално ништо не ги врзува со историското ВМРО. Дури што е најтрагично, јас затоа ги нарекувам врховисти - ги бројат и конгресите кои ги свикувале големи крвници на македонскиот народ од типот на Александров и Михајлов - што не би смеело, да е нормална државава.
СДС обратно напраи - превзема целосна инфраструктура на поранешната КПМ, наследи маса гласачи од претходниот систем, а уствари испадна волк во овча кожа - е*а мајката на цело стопанство и наспроти тоа социјалата што го носат у името стана партија на олигарси и арогантно јадро до кое не се припарува.
Тоа за што ван Хауте збореше во големото интервју во Фокус дека ние како општество имаме направено голем проблем со неразговарање за важни теми од суштински карактер како за овие што пишувам - кој да се рехабилитира, кој да се лустрира - со општ консензус, не вака како што напраи дпмне на своја рака. Мора тоа да го направиме за понатаму да нема вакви закрвувања како што ги имаме сега, па дури и на форумов.