Ама Никола, не сум јас никој фактор кој одлучува. Се’ е тоа политика. На ти го дај ми го. Јас изразувам револт кон уништувањето и велам дека органите на редот треба истиот да го воспостават. Да не се лажеме, не е ова моментален излив на револт, овие фрлања на боја е смислена „тактика“. Револтот моментален носи моментална реакција, но јасно е дека ова се испланирани акции. Заев, Шеќеринска... кои „кабадаии“ изигруваат.. демек нив сабја не ги сече, куршум не ги дупи... Или Најчевска... Нема да одат на повик на полицијата. Како бе така. Мене ќе ме здроби полиција ако не отидам на разговор за, на пример... правење на журки и малтретирање на соседите.
По нечија пријава или слично.
Ѓорѓи друже...дај фокусирај се на прашањево, не ми забегви лево десно. И мене ме викале на информативен, ама само адвокатот одел пошо јас немам што да разговарам, а доколку оправдано инсистираат - ќе се бранев со молчење.
И не барам да си некој фактор кој одлучува.. Те прашувам зошто ја плаќаме полицијата, инспекциите, социјалата... Пример да преземат нешто да запре лудилово, да престане да се бои градот, да бидат утврдени штетите, некој да одговара...?
Ево да ти помогнам од аспект на хиреархија. Полициските единици (централни и локални) се под команда на МВР. Со МВР раководи Митко Чавков. Со Митко Чавков раководи ВМРО-ДПМНЕ.
Освен тоа, Основниот, Уставниот и Врховниот суд се инсталации на ВМРО-ДПМНЕ.
Значи све имаат. Ајде да се појавеше некоја информација дека дел од полицијата и судот не ги слушаат наредбите на министерот, ќе ве разберев. Ама нема ништо, нема наредби за апсење, нема наредби за чување на спомениците и градбите.. Епа што прави полицијата? Штитот на земја и делкај кафе.
Значи, доколку ВМРО-ДПМНЕ сака.. може да го притвори и осуди било кој хулиган што бои по улиците на Скопје. И практично, сетоа тоа би било ПРАВНО оправдано.
Ама ЗОШТО не го прави тоа? М? Сте ги гласале па ваљда знаете каква им е сегашнава политика.. некаква информација од штаб, од партија нема?
Зошто Груевски не излезе да ви објасни што се дешава со извршната и законодавната власт? Кој треба да тоа да го стори, јас и ти?
Ама ова нека ти биде показател дека НЕ Е баш така како што ве учат да се браните и да ги браните тие ефтини криминалци што се кријат зад идеолошката рамка на патриотизмот.
Затоа не можиш да ми одговориш на најобично прашање. Зошто нема логика. Зошто помеѓу разделените постојат и разумни во најголем број.
Затоа дај овај пат потруди се... АКО не успееш, јас ќе ти помогнам со одговорот.
ЗОШТО ПОЛИЦИЈАТА НЕ ВОВЕДУВА РЕД, ЗОШТО НЕ ПОЧНЕ ДА АПСИ И ДА КАЗНУВА? (потенцирам: законот е на страна од полицијата!)
Ево мал Hint: Инспекторите што ги воделе тие фамозни информативни разговори пукале од страм..