Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Ѓорѓи, се залагаш за правна, стабилна држава со демократски вредности, а не ја приметуваш или па несакаш другата страна. Упорно од ден на ден ги браниш интересите на вмро, можеби не директно ама доста подмолно во сите твој напишани постови.
- Се залагаш за еднаков закон за сите а не протестираш протов аболиција. Се залагаш за да нема диктатура, а секојдневно си сведок на актуелните случувања, и како со пари се купува цела држава.

Се згаснуваат медиуми,новинари кој во овие тешки моменти треба да бидат најгласни и најбучни за отсликување на реалната состојба во државава.
Огромен е гневот и бесот на народот, ако продолжи со пари да се прикрива реална слика,немој да мислеш дека ќе се заврши само на шарена револуција. Ова насока по кој, пастирот ја води државава, станува загрижувачки за сите нас.
Ова се твои ставови. Не значи дека е така... И ТОЧКА. Јас сум убеден дека многу поголем дел од народот не мисли така. И? Како да се разреши оваа дилема? Чие мислење треба да се земе за точно? Твоето и на оние кои мислат како што ти си напишал, или на оние со спротивно мислење? Јас лично не го застапувам ничие мислење.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Добро бе абдал , малце ли има фирми и луѓе ОСАКАТЕНИ кои шо не се согласуваат со политиката на пастирот ? уствари шо ти кажувам тебе , кај тебе на сител е закочен телевизорот
Момче, те воспитале ли тебе дома? Кој ти дал за право да ме нарекуваш „абдал“? Заев или друг некој? Дискутирај, но не сакам да се обраќаш со навреди. Јасно ли ти е?
Не ми е закочен ТВ на Сител, напротив. Тебе на што ти е закочен?
Сигурно има фирми и лица кои не се согласуваат со политиката на пастирот (кој и да е). Секогаш ќе има некои кои не се согласуваат со своите политички противници, или од други причини, некогаш лични...
И тебе ќе ти речам... „по чему“ твоето пишување е исправното, па овде „викаш“ и навредуваш?
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Ама Никола, не сум јас никој фактор кој одлучува. Се’ е тоа политика. На ти го дај ми го. Јас изразувам револт кон уништувањето и велам дека органите на редот треба истиот да го воспостават. Да не се лажеме, не е ова моментален излив на револт, овие фрлања на боја е смислена „тактика“. Револтот моментален носи моментална реакција, но јасно е дека ова се испланирани акции. Заев, Шеќеринска... кои „кабадаии“ изигруваат.. демек нив сабја не ги сече, куршум не ги дупи... Или Најчевска... Нема да одат на повик на полицијата. Како бе така. Мене ќе ме здроби полиција ако не отидам на разговор за, на пример... правење на журки и малтретирање на соседите.
По нечија пријава или слично.
Ѓорѓи друже...дај фокусирај се на прашањево, не ми забегви лево десно. И мене ме викале на информативен, ама само адвокатот одел пошо јас немам што да разговарам, а доколку оправдано инсистираат - ќе се бранев со молчење.

И не барам да си некој фактор кој одлучува.. Те прашувам зошто ја плаќаме полицијата, инспекциите, социјалата... Пример да преземат нешто да запре лудилово, да престане да се бои градот, да бидат утврдени штетите, некој да одговара...?

Ево да ти помогнам од аспект на хиреархија. Полициските единици (централни и локални) се под команда на МВР. Со МВР раководи Митко Чавков. Со Митко Чавков раководи ВМРО-ДПМНЕ.
Освен тоа, Основниот, Уставниот и Врховниот суд се инсталации на ВМРО-ДПМНЕ.
Значи све имаат. Ајде да се појавеше некоја информација дека дел од полицијата и судот не ги слушаат наредбите на министерот, ќе ве разберев. Ама нема ништо, нема наредби за апсење, нема наредби за чување на спомениците и градбите.. Епа што прави полицијата? Штитот на земја и делкај кафе.

Значи, доколку ВМРО-ДПМНЕ сака.. може да го притвори и осуди било кој хулиган што бои по улиците на Скопје. И практично, сетоа тоа би било ПРАВНО оправдано.

Ама ЗОШТО не го прави тоа? М? Сте ги гласале па ваљда знаете каква им е сегашнава политика.. некаква информација од штаб, од партија нема?
Зошто Груевски не излезе да ви објасни што се дешава со извршната и законодавната власт? Кој треба да тоа да го стори, јас и ти?

Ама ова нека ти биде показател дека НЕ Е баш така како што ве учат да се браните и да ги браните тие ефтини криминалци што се кријат зад идеолошката рамка на патриотизмот.
Затоа не можиш да ми одговориш на најобично прашање. Зошто нема логика. Зошто помеѓу разделените постојат и разумни во најголем број.

Затоа дај овај пат потруди се... АКО не успееш, јас ќе ти помогнам со одговорот.

ЗОШТО ПОЛИЦИЈАТА НЕ ВОВЕДУВА РЕД, ЗОШТО НЕ ПОЧНЕ ДА АПСИ И ДА КАЗНУВА? (потенцирам: законот е на страна од полицијата!)

Ево мал Hint: Инспекторите што ги воделе тие фамозни информативни разговори пукале од страм..
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
Не знам дека Грујо некого осакатил за навек. На боксерски тренинзи ли? Прв пат слушам. Ниту некој се пожалил, ниту тој рекол.
Го осакати македонскиот народ со ЕГЗОДУСОТ, со огромните казни, мизерни услови на работникот и негова експлоатација на секој можен начин(30 дена работи за 200евра) со вработувањата само со партиска книшка на лешинари кои немаат завршено ни средно образование а магистри седат дома, зошто ? Заради тоа што некој недоветен сељак собрал 10 души кои на наредните избори ќе гласаат за ДПМНЕ.

ПАСТИРОТ Е НАЈГОЛЕМОТО ЗЛО ШО МУ СЕ ИМА СЛУЧЕНО НА МАКЕДОНИЈА!
 
Член од
3 март 2013
Мислења
2.678
Поени од реакции
1.357
Ова се твои ставови. Не значи дека е така... И ТОЧКА. Јас сум убеден дека многу поголем дел од народот не мисли така. И? Како да се разреши оваа дилема? Чие мислење треба да се земе за точно? Твоето и на оние кои мислат како што ти си напишал, или на оние со спротивно мислење? Јас лично не го застапувам ничие мислење.
А кој се ставовите ти што ги застапуваш? сите што не сме задоволни од оваа власт да нее живееме така?
Човек, треба да разбереш. Македонија е држава за сите, а не само за партиските војници на Груевски. Државата не е партиски штаб треба јасно и гласно да ти биди.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Никола, цело време ти кажувам дека јас не знам зошто. Јас можам да претпоставам зошто. Јас немам штаб никаков да ме информира. Јас она што овде го пишувам е според мои размислувања.
Полицијата треба да си ја работи работата не за оние кои ги гласале, туку за сите. На муабет можеме да зборуваме дека се некои криминалци (нормално, за секој политичар и јас имам сомнеж), ама работите не може на улица да се пресудат, ниту без соодветни пропишани правила. Кај нас тоа се прави. Не знам зошто мене ме земаш за некој кој е одговорен да објасни нешто. Не. Воопшто немам никаква улога во политичкиот живот на РМ. Ама ни најмала.
Јас можам да одговорам на прашањето (што веќе го сторив) од мое размислување, не дека некој нешто ме информирал. Реков дека од политички причини мислам дека не реагира, да не испаднат опозиционерите „маченици“ од „репресивната власт“. Тоа го мислам, а ако ти имаш „инсајдерски“ информации (од штаб ли, од пријател ли,...) кажи...
За срамот на инспекторите не сум запознат. Сепак, ти изгледа си доста поинформиран...[DOUBLEPOST=1464268652][/DOUBLEPOST]
А кој се ставовите ти што ги застапуваш? сите што не сме задоволни од оваа власт да нее живееме така?
Човек, треба да разбереш. Македонија е држава за сите, а не само за партиските војници на Груевски. Државата не е партиски штаб треба јасно и гласно да ти биди.
А зошто тоа ми го кажуваш? Каде сум рекол нешто слично? И зошто со ваква агресивност настапувате неколку од вас? Кој е должен да ве толерира до бескрај? Со „викањето“ не докажуваш. Кој те тера да си задоволен? За моите ставови... во друга прилика кога ќе има понормална и посмирена дискусија.. кога нема секој напис да е со „абдал“, „ретард“........
 

Македонец

мразам патетика во натпис
Член од
12 февруари 2007
Мислења
3.928
Поени од реакции
3.814
Стaлнo чекaм дa си дoгoвoрите феркa негде aмa никaкo дa ви текне. Бaрем ќoтек дa си удрите секaкo рaбoтa немa дa дoбиете џaбе дремете пo штaбoви.

Секoј штo излегувa нa прoтести и кoнтрaпрoтести е еклaтaнтен пример зa aмебa.

Дo тoгaш вaшите идoли некa се пoлевaaт сo шaмпaњскo.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Го осакати македонскиот народ со ЕГЗОДУСОТ, со огромните казни, мизерни услови на работникот и негова експлоатација на секој можен начин(30 дена работи за 200евра) со вработувањата само со партиска книшка на лешинари кои немаат завршено ни средно образование а магистри седат дома, зошто ? Заради тоа што некој недоветен сељак собрал 10 души кои на наредните избори ќе гласаат за ДПМНЕ.

ПАСТИРОТ Е НАЈГОЛЕМОТО ЗЛО ШО МУ СЕ ИМА СЛУЧЕНО НА МАКЕДОНИЈА!
Не е тоа. Ова што го кажуваш и пред тоа постоеше... дури и поизразено децении наназад. И со многу полоша економија. Јасно е дека други се моментите и мотивите за денешните состојби и акции.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
Полицијата треба да си ја работи работата не за оние кои ги гласале, туку за сите.
И премиерот и претседателот се должни да ја водат државата а воедно и да овозможат подобар живот за сите граѓани на државата, а не само за партиските послушници. Можеби тој што ги гласал сега има различно мислење за нив, неможи сите кои им се спротиставуваат да ги етикетираат како соросоиди, предавници, сега по најново секташи, дај ќе ве молам поголем примитивизам на политичката сцена од владеачката партија моментално нема во цела Европа. Вакво перење на мозок незнам ни дали и на Хитлер му успевало преку пропагандистичката машинерија на Гебелс, до која цврсто се држи Дпмне(ЛОПОВСКА)
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.755
Поени од реакции
6.177
Државава ја уназади неспособноста и простаклукот на Заев и неговите разбојници..
Така е !
ПРОТЕСТИРАМ !
Заев да падне и конечно ВМРО да дојде на власт !

ПС. Нека му каже некој на детево , ако не е од тука, дека од 20 и кусур години државност, Глујо е над 15 години на ВЛАСТ.
 
Член од
1 септември 2014
Мислења
625
Поени од реакции
606
Не е тоа. Ова што го кажуваш и пред тоа постоеше... дури и поизразено децении наназад. И со многу полоша економија. Јасно е дека други се моментите и мотивите за денешните состојби и акции.
Добро бе дали тебе ти е јасно зошто ние го избравме пастирот ?? ЗА ДА БИДЕ ПОДОБРО, заради тоа ги казнивме СДСМ во 2006, а не да сме 13 најмизерна земја во светот, со најниска плата во регионот Косово има поголема минимална плата од Македонија, најмалце странски инвестиции.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
И премиерот и претседателот се должни да ја водат државата а воедно и да овозможат подобар живот за сите граѓани на државата, а не само за партиските послушници. Можеби тој што ги гласал сега има различно мислење за нив, неможи сите кои им се спротиставуваат да ги етикетираат како соросоиди, предавници, сега по најново секташи, дај ќе ве молам поголем примитивизам на политичката сцена од владеачката партија моментално нема во цела Европа. Вакво перење на мозок незнам ни дали и на Хитлер му успевало преку пропагандистичката машинерија на Гебелс, до која цврсто се држи Дпмне(ЛОПОВСКА)
Секако дека и премиерот, и претседателот... што има потреба од ширење на муабетот со споредби. Ти не мислиш ли дека работат на подобар живот? Веројатно не. Многу мислат дека да. Не знам зошто ми се контрира со нешта кои ниту ги велам, ниту сакам да дискутирам затоа што тоа е многу субјективно, не шпекулирам, не судам никого без докази... А плус и гледам дека многу малку има студени глави овде со кои човек може мислење да размени, без викање, навреди...
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.755
Поени од реакции
6.177
ПАСТИРОТ Е НАЈГОЛЕМОТО ЗЛО ШО МУ СЕ ИМА СЛУЧЕНО НА МАКЕДОНИЈА!
Се бркаат за прво место со пола од историското ВМРО што на времето испотепала добар дел од македонската интелигенција....
 

gade

Augustus
Член од
12 април 2008
Мислења
4.850
Поени од реакции
5.169
Тоа е барање на алиби. Грујо дали ја уназади државата е субјективно твое мислење и „мислење“ на оние кои сакаат да го симнат за тие да се „качат“. Не мора да е така.
А и да е така, не може да правдаш една работа со друга. Не може јас да силувам правдајќи се дека некои други биле сериски силувачи.
Ti nema vrska ova so go napisa so toa jas sto go kazav.Poslednata paralela nikako ne e povrzana so toa jas go kazav.

Evo opisno da probam:

Grujo ti ja srusil kukjata, a ti si se fatil za nekoja baba sto ti frlila pikavec vo dvorot.
Good?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom