Дечки, зборев со мојот посредник во врска со документот од Воен Архив Велико Трново - го најдов пра пра дедоми таму - и посредников ми вели дека веќе имам поднесено за произход и дека сега и да го земам со мене документот од воен архив (којшто сеуште не ми е ни изваден), немало да ми го примат на шалтер при закажување на датум за интервју. Ова е така најверојатно затоа што при зачленување во Мак Бг П. на документот никаде не се споменати имињата на дедоми, пра дедоми, и пра прадедоми, за кој што се однесува овој воен документ, а и најверојатно затоа што произходот ми е издаден на база на предците од страна на мајка, а овој мој пра пра дедо е од таткова страна. Сега незнам што да правам. Имам 2 опции: 1. Да пробам да ги предадам како + документи откако ќе закажам датум за интервју, и 2. Да чекам да видам дали во некој случај ќе ме вратат на дополнителна проверка, па потоа да ги однесам документот (што ќе ме кошта временски уште 1 ипол година + во процедурата). Она што највеќе ме плаши не е самото тоа што е можно да не ги признаваат потврдите од здруженијата - Тоа што реално ме плаши е да не речат НЕ ги признаваме и ви ја ПРЕКРАТУВАМЕ постапката. Дали постои шанса ако оваа моја потврда од здружение не биде признаена, да речат крај на постапката, или МОРА да те вратат на дополнителна проверка? Башка, незнам ако носам изводи до тој прадедо и тој документ од велико трново, дали треба да ги преведувам па заверувам на нотар тие документи или како што си се така се предаваат? Некој совет?