Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
А тоа што нема да им ги признаат изборите што ќе значи?
Ако мислиш на странскиве диригенти, тоест надгледувачи, тоа ќе значи истото што значеше за Путин, Орбан, Борисов, и најново за Вучич. A whooooooole lotta nothin'.
 

Makaron

КЕН ЛИИИИ лиду дибу даут јууууууу !!!!
Член од
16 јули 2014
Мислења
7.612
Поени од реакции
11.740
Gi bolit koga ke gi narecis fasisti.

Sent from my D2403 using Tapatalk
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.832
Поени од реакции
12.333
Не се за нив тоа херои...
јбг, можеби се само искомплексирани ...еве уште за уништување на македонската историја. Не споменик од пластика и стиропор или незнаен јунак. Старата железничка која наводно е узурпирана заради "подземна сообраќајница" при што се оштетени и римски артефакти. На страна фактот што сега тој дел кај Градскиот музеј тоне во ѓубре.
И ОМО Илинден реагира на бугарофилството и искривената историја во Македонија.
https://www.facebook.com/permalink.php?id=343602515139&story_fbid=10151978702240140
Толку е едноставно. Ако се повлече одлуката, ако се дозволи непречена работа на СЈО и ако се средат работите со изборите и медиумите, ќе прекинат и протестите. Мада за третиот услов не сум сигурен со оглед на тоа што Македонија не направи попис. Ама бојата била битна
 
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
Ако мислиш на странскиве диригенти, тоест надгледувачи, тоа ќе значи истото што значеше за Путин, Орбан, Борисов, и најново за Вучич. A whooooooole lotta nothin'.
за владетелите нема ништо да значи, ќе си владеат они признаени или не.
а за државата може многу да значи. може целосно да ја изолираат Македонија.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ако мислиш на странскиве диригенти, тоест надгледувачи, тоа ќе значи истото што значеше за Путин, Орбан, Борисов, и најново за Вучич. A whooooooole lotta nothin'.
Да, бидејќи Македонија има економска и политичка моќ равна на Русија.

Оди Шкорпи легни си, доста се бламираше за денес, утре пак.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
а за државата може многу да значи. може целосно да ја изолираат Македонија.
Државата нели веќе ни е изолирана, или тек ќе биде? Повеќето опозиционери тврдат дека веќе сме изолирани благодарение на власта. Истиот муабет што го фураа 2008ма.

Не можат 100% да ја изолираат, и да сакаат. Нема да им иде во прилог.

Да, бидејќи Македонија има економска и политичка моќ равна на Русија.

Оди Шкорпи легни си, доста се бламираше за денес, утре пак.
Спомнав и други луѓе, сите помалку равни на Русија. За тоа дали ќе не изолирале или не, иди лажи и плаши си ги децата. За сите реперкусии одговорна е владата. Ако победи пак на избори, на нејзе е да не извади од гомната во кои сме внесени (делум и по нивна вина).

Не можам да си легнам дур не ми одговориш на прашањето. Нема да можам да спијам после, не за друго.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Спомнав и други луѓе, сите помалку равни на Русија. За тоа дали ќе не изолирале или не, иди лажи и плаши си ги децата. За сите реперкусии одговорна е владата. Ако победи пак на избори, на нејзе е да не извади од гомната во кои сме внесени (делум и по нивна вина).

Не можам да си легнам дур не ми одговориш на прашањето. Нема да можам да спијам после, не за друго.
Кој други влади бе? Во ниту една од тие спомнатите држави нема непризнаени избори. Тресиш глупост на кило. Македонија е финансиски, политички, секако зависна од ЕУ и САД. Непризнавање на избори од нивна страна е крај на било каква влада во Македонија. Не се бламирај за работи за кои немаш основни познавања.

Нема теоретска шанса Грујо да оди на избори во Јуни, затоа што тоа е политичко самоубиство, а можеби и полошо од тоа. Демек, Грујокио ќе му се исправи на ЕУ и САД. Вчера гмизеше како црв пред Германецот, и кажуваше дека ЕУ е наша стратешка определба.

Ајде оди легни си, се уби од глупости тресење. Мирка и Миленко не ти се равни.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Шкорпи, искрено веруваш дека Чадорот некогаш ќе му дозволи на Грујо да биде политичар?
Мислиш дека постои светски политичар (од повисоките кругови) што ќе седне со тежок криминалец на маса?
Каква порака би било тоа за регионов и пошироко?

Значи редно е да се помирите. Чистење на врхушката во МВРО, и нови деца. Вмро пак нека си победит на избори.. ме сваќаш? Не е то проблем. 90% од бранителите на режимов се егзистенцијално заплашени, т.е зависни.

Јасно е тоа ко ден. Не мора да барате игла во сено за барем малку да ја обелите дамката шо ни ја напрај Груевизмот. Секако дека и другите имаат грешки, но неспоредливо помали од ова денес.

Знајш шо е најтажното во приказнава? На една рака се бројат љуѓето шо треба да ги мафните од партија, а вас наводно ве има 500.000 :)
Добро, немате нови деца? Кадар?
Нормално дека имате.
Ама ела претни де... повиши го тонот против Гвујо.. ;)
Трт.
 
Член од
7 јули 2014
Мислења
1.243
Поени од реакции
1.162
http://www.libertas.mk/gruevski-po-izborite-na-5-ti-juni-ke-organiziral-ushte-edni/
Дa си се пребрoјaт де у јуни, дa видaт дaли сеуште oсвен прoфитери имa неписмени oвци штo би ги глaсaле, пa пoсле ќе прaиме вистински избoри. Акo гo нaпрaи oвa безпoтребнo ќе јa стaи вo aрч држaвaтa зa некoлку милиoни еврa.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
За сите кои ги набројав имаше поплаки дека нерегуларно се дојдени на власт/нелегитимно ја освоиле повторно. На Орбан му мрчеа и за неодамнешниот говор што го одржа.

Инаку не знам, ти се поставуваш како експерт за се и сешто. Ако нешто е бламажа, тоа е. Дремеш на форумов како тинејџер со ample free time and nothin' to do, мене најде да ме судиш. О, клето магаре. Оди зачисти си ја дипломата.
Едно е да ти најдат замерки за говор, друго е од старт да ти кажат дека изборите не ти се валидни, како што му кажаа на Грујокио.

Кога ќе се најдете фатени во тресење глупости, тогаш јас сум крив што дремам на форумот и ви кажувам дека тресете глупости. Замисли дека денес се логира нов член и ти кажува дека тресиш глупости, исто ти се фаќа. Ти си тресиш малоумни глупости за работи за кои поима немаш, независно кој ти укажува на ова. Толку си изгубен на овие теми, што не знаеш кај ти е главата, кај ти е газот. Ќе дојдеш, ќе се избламираш, и ќе те снема.

Аман веќе со глупостите.
 

Шкорпион

Corvus oculum corvi non eruit?
Член од
16 октомври 2009
Мислења
7.349
Поени од реакции
7.606
Шкорпи, искрено веруваш дека Чадорот некогаш ќе му дозволи на Грујо да биде политичар?
Мислиш дека постои светски политичар (од повисоките кругови) што ќе седне со тежок криминалец на маса?
Каква порака би било тоа за регионов и пошироко?

Значи редно е да се помирите. Чистење на врхушката во МВРО, и нови деца. Вмро пак нека си победит на избори.. ме сваќаш? Не е то проблем. 90% од бранителите на режимов се егзистенцијално заплашени, т.е зависни.

Јасно е тоа ко ден. Не мора да барате игла во сено за барем малку да ја обелите дамката шо ни ја напрај Груевизмот. Секако дека и другите имаат грешки, но неспоредливо помали од ова денес.

Знајш шо е најтажното во приказнава? На една рака се бројат љуѓето шо треба да ги мафните од партија, а вас наводно ве има 500.000 :)
Добро, немате нови деца? Кадар?
Нормално дека имате.
Ама ела претни де... повиши го тонот против Гвујо.. ;)
Трт.
Не се сите од стариот кадар за фрлање. Се согласувам дека има луѓе што треба да се сменат. Не знам дали е Грујо еден од нив, не познавам подобар економист во рамки на партијата. За криминалци, очигледно не им пречи на чадорот да седат со нив. Се отепаа од дружење по Стара Чаршија, Буре и Ајриш Паб. Да те парафразирам - Не сакаат да седнат со некој како Грујо, кој е исто така вмешан во некаков криминал, а истиот не е причина што е игнориран, очигледно. Нити тие се чисти. Ги прашав и другиве, но не ми одговорија, ако има чисти политичари во Македонијава, нека ми ги посочат, ако имаат партија ете за нив ќе гласам. Ама нема такви. Ни тука, ни по светов. Туку е мерење куреви кој повеќе украл, кој повеќе задрљаљ. И тука настанува вртењето во круг. Кој е полошиот.

Дали ВМРО, СДСМ, или некој трет дојде на власт, небитно. Животот многу-многу нема да ми се промени, особено не на работен план. Наместо да создаде постабилна атмосфера, техничкава влада уште толку ја разниша работава. Не ги бива заедно да работат. Вака на избори една партија ќе победи, ќе се официјализира, ќе се вратат некои работи во колосек. Мене сегашнава ситуација со пролонгирано статус кво повеќе ме плаши него ли изолациони ghost stories од некој си Ставро, Мафо, Викед итн. А овие ако се доследни на своите вредности, ќе ја спуштат наметката за друг да ја облече, од истата партија. Правеа refresh по администрација за нови кадри, ги зезаа левичариве дека се една иста гарда се, редно време ќе е после овој мандат да остават друг да дојде до израз, тука се согласувам. Само ситуацијата не е таква за тоа утре да се деси. Во ваква криза најмалку фали некои непознати лица да настапат.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
19 април 2013
Мислења
2.004
Поени од реакции
2.100
да им го простиме криминалот, крадењето на дпмне, ама да ветат дека нема повеќе да крадат? и нека си останат на власт
 
Член од
1 ноември 2005
Мислења
2.142
Поени од реакции
1.256
Nema potreba za izbori vo Makedonija, dzhabe farbanja i site sranja shto gi pravea. Ama pak zatoa ke ima referendum za BREXIT i shto pravime ako Brexitot se sluchi, ke pochneme da se farbame od glava do petici.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Изјава на жена шо го чисти дизниленд

Шо мислите за аболицијата на претседателот?
Ние дојдовме да чистиме не не интересира друго ! :pos::pos::pos:

Не бе, се заебава гарант со муабетов


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Toma

Корона стронг
Член од
22 април 2014
Мислења
4.180
Поени од реакции
3.428
Мислиш дека постои светски политичар (од повисоките кругови) што ќе седне со тежок криминалец на маса?
Хилари ако победи во ноември, ќе се советува со Грујо како да украде 5 трилијарди;)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom