Shorty напиша:
Da receme deka prvo postoel eden vampir. Sekoja vecer toj pretvoral po eden covek vo vampir. Znaci za dva dena 2 vampira so nekolku mrtvi lugje(zosto vampirite mora da se hranat) Znaci za eden den ima 5 mrtvi lugje.
Nareden den ce ima 4 vampira. Tie isto taka ce se hranat ama povece lugje ce umrat zosto se 4 vampiri a ne 2. Posle 3 dena ce ima 8 vampira. tie uste pojce lugje ce ubijat i uste nekolku lugje ce pretvorat u vampiri bidejci malku se 8. Eve da receme deka konecen broj na vampiri da e 16. 16 vampiri vo edna godina ce ubijat 5840 lugje(365*16 a da ne zborimo ako nekoj vampir ubie i po dvajca u noc) Vampirite da se sozdale vo 200 i nekoja godina do 2007 ce umrele.. 10 552 880 . 10 milioni lugje... Znaci NE postojat vampiri
Тоа ти е експоненцијално зголемување на бројот на вампири, ама мислам и дека вампирот кога ќе те исцица целиот ти не постануваш вампир, туку треба да направи некако ритуал во кој ти треба да си напола жив и да ја пробаш крвта од вампирот. Значи со ова твојата теорија со дигитрон паѓа во вирче.
Вампирите се представени во стотици различни серии и филмови во стотици различни начини така да човек не знае ни што е вампир. Се верува дека Грофот Дракула е првиот вампир и од него излегле сите други. Сум бил во Трансилванија во замокот на Дракула односно Влад Тепеш (ова му е вистинското време), замокот се вика Бран и се наоѓа блиску до градот Брашов во Романија. Таму имавме водичи што ни ја објаснија историјата на Дракула.
Дракула на романски јазик значи "синот на змејот", и исто така може да се преведе и како "синот на ѓаволот" бидејќи на романски зборот "drac" има повеќе значења како змеј, ѓавол... Дракула бил многу суров владетел и бил познат по тоа што ги набодувал оние што биле против него на колец и ги оставал така да умираат. Се велело дека и ако само криво го погледнеш грофот Дракула дека ќе те надене на колец. Во еден случај кога собирал војска и кога градот Брашов одбил да му даде војници, Дракула отишол и 30000 луѓе наденал на колец не поштедуваќи ни жени ни деца. Затоа Брашов сега се знае како град маченик.
Заради неговата суровост дури ни Отоманската империја не се осмелувала да му пријде на границите на неговото владеење. Постепено луѓето под негова власт почнале да викаат дека Дракула пие крв и дека е некое суштество кое не е човек и има надчовечки сили. Одтука започнува митот за вампирите. Како што гледате Дракула не бил вампир но бил еден од најсуровите луѓе кои чекореле на нашава планета.
И на крајот од мојата посета во Трансилванија не однесоа на местото каде што е закопан Влад Тепеш ака Дракула. Тоа беше многу морничаво место, тогаш кога бевме таму имаше голема магла и требаше да се помине езерото со брод за да се стигне до манастирот во кој што беше погребан. Езерото се вика Snagov исто како и манастирот што е на неговиот брег. Дракула е закопан внатре во манастирот и неговиот гроб е на средина во црквата, свештениците што се таму секој пат го газат неговиот гроб под казна за неговата суровост.