Вие може не знаете, ама оваа работа се влечка од 1893та кога се одржала последната средба на тогаш обединетите Четиринаесетмина, тајна група највлијателни луѓе што го контролираат светот, а тема била отоманската империја и иднината на Македонија. Овде бројот четиринаесет не е случаен, ама тоа во друга тема. На тој состанок за првпат се појавува раздор помеѓу учесниците за тоа како најдобро да се подели Македонија за да и понатаму се крие тајната за првото просветление на човештвото и за тоа кому првите гости на планетава му ја пренеле цела своја мудрост и му дале задолжение да се грижи за Земјата. Заради сериозноста на задачата, таа шизма меѓу четиринаесетмината стигнала до точка на вриење, по што тие се поделиле на две спротиставени групи кои војувале во балканската војна и двете светски војни. Во тој натпревар победила страната која инсистирала дека најдобро е да се подели Македонија на неколку делови, како што тоа административно се правело во Рим и Отоманската империја, за полесно да се менаџира и да се разнебитува населението. Другата страна, која тврдела дека Македонија, како колевка на цивилизацијата мора да остане цела, била уништена низ војните. Така настанал новиот светски поредок, а Македонија била поделена.
Да не должам. Ова денес е втората голема шизма. Додека новиот светски поредок го реорганизирал теренот, се јавуваат тројца битни Македонци што го менуваат текот на работите. Методија Андонов - Ченто, Јордан Мијалков и Никола Груевски. Со овие тројца, а последниот особено, Македонија автентично бива претставена од луѓе свесни за своите корени, своето наследство и своето место во светот како кладенец на цивилизацијата. Никола Груевски, вие може не знаете, потекнува од античката лоза на Македонски благородници, познати (на малкумина) како династијата Mih-ТekNah, од чиј род е и Александар Македонски и низ чие поколение тајно се пренесува Вистината за Македонија.
Заради ваквото позиционирање и создавање цврст темел, осуммината наследници на дел од четиринаесетмината, како увертира создадоа неколку пробни терени каде би тестирале ново, идно рушење на македонскиот фундамент. Во Украина го тестираа експериментот улична демократија, а во Сирија експериментот увезена граѓанска војна. Во меѓувреме, на нивниот сателит Џорџ Сорос му беше дадена задача да пронајде меѓу македонскиот народ барем тројца предводници на една идна, слична на тие во Сирија и Украина или фузија од двете, револуција. Заради единството на народот, Сорос најмногу од својата енергија и средства потрошил на албанците, за кои вие може не знаете, ама се племето филистини кои потекнуваат од југот на денешен Израел и имаат извршено неброени злосторства, за што и редовно биле протерувани од многу земји, за да на крај избегаат западно од степите и бидат донесени од четиринаесетмината на балканот и во Македонија, како семе на раздорот. Меѓу македонците, избрани биле Владимир Милчин, Зоран Заев и Катица Јанева, одродени луѓе без кредибилитет, двојни и тројни агенти на повеќе служби и предавници на својот народ. Исплашени од слабиот капацитет на нивните избраници и од единството на македонците, морале да ги активираат сите свои тајни служби, да вршат притисоци, да прислушкуваат разговори, да сечат, лепат и монтираат, да носат луѓе од странство за да протестираат на улица, да активираат амбасадори и европски пратеници, да носат платеници од блискиот исток за да глумат бегалци и да прават проблеми на граница, сето тоа под шифрата Шарена Револуција.
Нема да навлегувам во детали за сегашнава состојба и главните играчи во таканаречената Шарена револуција, затоа што ќе се повторувам со колешката Мирка Велиновска, која во целост ги има наведено сите главни играчи на оваа последна од многуте хајки против Македонија.