Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.515
Поени од реакции
9.363
Шарен протест ПРОТЕСТОЈ 12.05.2016 имал само 100тина посетители?

Зарем протест се прави со 100тина? Или поарно шарено собирче да се нарече.
abe sedi miren ko pojma nemas, 100tina bile, abe izbroj gi na forum I fb da vidis kolku se, a po kafani tek kolku gi ima, ne lupaj ko ne znaes.
 

DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
19.758
Поени од реакции
17.669
Ех колку само ќе се изнасмеам ова да испадни сценарио на СДСМ и на ВМРО за промена на името. Тогаш ќе ве видам и едните и другите со кој камења ќе се мавате. Овај Германецов дојде ги седна на маса за уши, едните сега барат собрнието да се активира овај Германецот оди наеднаш за Атина а Турците барат да не примат на самитот ова година ако не се лажам. Сеа ќе испадни ете колку е климаво во државата ау мау и ќе не примат а Грција ќе ја уценат со бегалциве.

Искрено мене таквото ме боли дали ќе сменат име или не и вака и така одамна е сменето и не ме интересира кој го сменал цел свет не вика БЈРМ. 90% од светот не знај ни шо значи - Македонец. Мислите некој го боли таквото која националност е? Не бе батиња сегде во светот сите гледат прво џебот да им е полн, фамилија да има да им јади па после другите работи па дури и правата на животните и правата на растенијата ги бранат е до таму се стигнати, а ние тука измисливме топла вода - контра-протест кои идиоти човече. Ме боли таквото и за Заев и за Грујо и за балистите в парламент, треба сите со јамката на к***т да висат на коњот на Александар.

Кога живеев УСА стретнав 999999999 националности и никој не се замараше бре ни со политика ни го интересираше кое име го има државата. Зошто? Па сите си земат плати достојни, кој работи навистина има без разлика сеа на кој начин и колку даноци плаќат битно парата вреди, ја имаш те мотивира. Најлесно е сиромашен народ да контролираш и да го држиш прост и сиромашен на секое подбудење го лупаш да се пали на карта национализам, историја во нашиов случај - името, внуци на Ацета итн итн...

И патем едно нешто не разбирам бе како скревнарење на НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО (споменик стар година и пол :pos:) е шлакање со боја а не е скревнарење на обесвање на знамиња на статот во Битола и чкртање со спрејој на Безистенот - УМС БИТОЛА ВМРО ДПМНЕ, ГРУЕВСКИ Е ПРЕМИЕР- зграда која е стара од турско време?

Како не беше вандализам и хулиганство кога цело умс се собра во центар да кршат канцеларија на градоначалник а полицијата им се тргаше?

Абе шо побрзо прифатите дека и вие 'патриотите' и вие 'револуционерите' свесно или не свесно сте политички војничиња то полесно за вас ќе биди а богами и за сите. И не не сум ни соросоид ни овца едноставно преку ми дојде од вас од сите, поради вас секој млад, образован и здрав граѓанин гледа да ги запали патиките тука, остај шо ве учат по штабој и вие одвај чекате да си одите.

Да живее ВМРО и СДСМ :oeoeoe:
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.877
Поени од реакции
36.921
Многу ти е добар "тоестот" : )))) скроз неутрален : ))))
Кај го виде неутрален жити Бога. Човекот мисли ова е светски заговор од фашистите за да ни ја украдат Македонија.
Вика со 15 илјадарки во Демир Капија ќе си бил бог. Вика дека не е голема работа што купил Грујо мерцедес од 600 илјади евра оти за нас ќе останел посекако. Неутрален е колку што е Миленко неутрален.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.515
Поени од реакции
9.363
Искрено мене таквото ме боли дали ќе сменат име или не и вака и така одамна е сменето и не ме интересира кој го сменал цел свет не вика БЈРМ. 90% од светот не знај ни шо значи - Македонец. Мислите некој го боли таквото која националност е?
е ова почитувам, секоја чест, почитувам вакви напредни размислувања, само не зна кој курац запнале овие америве и европскиве демократи да ни бараат нови имиња, кој будали упм, кого го боли курац кој е и што значи Македонец , што кој се замараат дали ке бидеме Македонци, Македонија и т.н
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
И брат? Ја возам ML поскуп до X5ката со пари напраени у странство и? Имаш нешто да ми кажеш на таа тема или ќе се посветиш на дадениот сендвич како секое добро гдомче кое ќе ја наведне главата кога газдата ќе му свика?
и што и ? со здравје да си ја возиш бе пријателе, боли ме цевка мене, ама немојте со филмови за леб дека се немало, си глеам мој правец у живот, не сум на државна цицка и никад не сум бил, ама не застанувам рамо до рамо во име на шарени револуции со некој одроди како бабамовски, рамадани и остала шлајм багра
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
е ова почитувам, секоја чест, почитувам вакви напредни размислувања, само не зна кој курац запнале овие америве и европскиве демократи да ни бараат нови имиња, кој будали упм, кого го боли курац кој е и што значи Македонец , што кој се замараат дали ке бидеме Македонци, Македонија и т.н
Тебе па дека многу те заболе. Ти пуштаат разговор у кој паторот преговара за Средно Горна Лево Маде Народна Славо Македонија {[(Скопје)]} и мува не те лази - монтирано било. Монтирани ви се тоа главите празни на рамења што ги носите. Името нема да се промени колку што Косово ќе биде српско, само тоа на вас што лапате таблети не ви е јасно. Имаше порано некоја позиција државава - со оној коњон на коњ и цела антиквизација паторот ни го зачука за името до коска. И за тоа треба дополнително да си сноси одговорност.
 

пунтер

betfair trader
Член од
21 март 2011
Мислења
5.515
Поени од реакции
9.363
Тебе па дека многу те заболе. Ти пуштаат разговор у кој паторот преговара за Средно Горна Лево Маде Народна Славо Македонија {[(Скопје)]} и мува не те лази - монтирано било. Монтирани ви се тоа главите празни на рамења што ги носите. Името нема да се промени колку што Косово ќе биде српско, само тоа на вас што лапате таблети не ви е јасно. Имаше порано некоја позиција државава - со оној коњон на коњ и цела антиквизација паторот ни го зачука за името до коска. И за тоа треба дополнително да си сноси одговорност.
за што мене да ме заболе ? па кого го боли курот кој е Македонец и Македонија, освен америве и европскиве демократи ?
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.877
Поени од реакции
36.921
Тебе па дека многу те заболе. Ти пуштаат разговор у кој паторот преговара за Средно Горна Лево Маде Народна Славо Македонија {[(Скопје)]} и мува не те лази - монтирано било. Монтирани ви се тоа главите празни на рамења што ги носите. Името нема да се промени колку што Косово ќе биде српско, само тоа на вас што лапате таблети не ви е јасно. Имаше порано некоја позиција државава - со оној коњон на коњ и цела антиквизација паторот ни го зачука за името до коска. И за тоа треба дополнително да си сноси одговорност.
Тоа им се најјаките спинови.

Од криза за крадење, корупција и урнисување на судскиот систем сето тоа лудачки го вртат на федерализација и името.

Едното со другото немаат ништо поврзано ама од пусти очај за да избегнат затвор мораа да ги спојат двете работи.

И до ден денес на тој спин многу луѓе ловат.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Тоа им се најјаките спинови.

Од криза за крадење, корупција и урнисување на судскиот систем сето тоа лудачки го вртат на федерализација и името.

Едното со другото немаат ништо поврзано ама од пусти очај за да избегнат затвор мораа да ги спојат двете работи.

И до ден денес на тој спин многу луѓе ловат.
Па дали им е јак не знам, за кого како. Веројатно за глупацине што ги гласаат.

Урнисани се сите позиции: образование, здравство, судство, надворешна политика, внатрешна и надворешна безбедност, култура, спорт - во едно да имаа добар резултат, во едно...и цел свет ги мрзел дека биле најпаметни. Да не ја преплаќаат онаа пропагандна машинерија од „новинари“ - дебили, г'зишта продадени не би издржале на власт ни 2 недели.
 
S

silmarillion

Гостин
и што и ? со здравје да си ја возиш бе пријателе, боли ме цевка мене, ама немојте со филмови за леб дека се немало, си глеам мој правец у живот, не сум на државна цицка и никад не сум бил, ама не застанувам рамо до рамо во име на шарени револуции со некој одроди како бабамовски, рамадани и остала шлајм багра
Пријателе да ти кажам нешто, неприродно е секој да се задоволи со леб и пипер на маса. Поготово не, ако инвестирал време пари и знаење во нешто. Е сега откако ќе го инвестираш животот и ќе пркнеш малце и кога ќе ти тропне "другарот" од власта со понуда која несмееш да ја одбиеш е тука веќе се јавува револтот. Знаеш не беше успешно вбризгувањето во глава кај сите дека ако имаш леб на маса и пари за ладно макијато немаш потреба да се буниш.

Има дел од народот што вика камења и корења ќе јадеме името (а никој не го спомиња името, него станува збор за Грујо) не го даваме. Ок, додека има кредитче за буџетари сите сме јаки. Ама идат малце позаебани денови, па баш би сакал да видам како изгледа тоа корења и камења јадење. Плата и пензија ако закасни месец дена како што се испозаглавија со кредити за да можат на одмор да идат во Грчка, не влада не Грујо и име и знаме и се ќе сменат. Баш тие што сега проповедаат патриотизам.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.877
Поени од реакции
36.921
Па дали им е јак не знам, за кого како. Веројатно за глупацине што ги гласаат.

Урнисани се сите позиции: образование, здравство, судство, надворешна политика, внатрешна и надворешна безбедност, култура, спорт - во едно да имаа добар резултат, во едно...и цел свет ги мрзел дека биле најпаметни. Да не ја преплаќаат онаа пропагандна машинерија од „новинари“ - дебили, г'зишта продадени не би издржале на власт ни 2 недели.
Остај, протестите не биле поради тоа ги соголија властите и нивните криминали туку таен план за промена на името и федерализација. Нато толку многу не сака што ни прави револуција за да го смениме името а после ќе ја убеди и Грција што нејќе да преговара за да се согласи, се со една цел за да влеземе во Нато.
Шизофренија од највисок степен :ROFLMAO:
Мора да дадат малку од апчињата и ние да искусиме таква состојба на умот.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.780
Поени од реакции
8.235
Вие може не знаете, ама оваа работа се влечка од 1893та кога се одржала последната средба на тогаш обединетите Четиринаесетмина, тајна група највлијателни луѓе што го контролираат светот, а тема била отоманската империја и иднината на Македонија. Овде бројот четиринаесет не е случаен, ама тоа во друга тема. На тој состанок за првпат се појавува раздор помеѓу учесниците за тоа како најдобро да се подели Македонија за да и понатаму се крие тајната за првото просветление на човештвото и за тоа кому првите гости на планетава му ја пренеле цела своја мудрост и му дале задолжение да се грижи за Земјата. Заради сериозноста на задачата, таа шизма меѓу четиринаесетмината стигнала до точка на вриење, по што тие се поделиле на две спротиставени групи кои војувале во балканската војна и двете светски војни. Во тој натпревар победила страната која инсистирала дека најдобро е да се подели Македонија на неколку делови, како што тоа административно се правело во Рим и Отоманската империја, за полесно да се менаџира и да се разнебитува населението. Другата страна, која тврдела дека Македонија, како колевка на цивилизацијата мора да остане цела, била уништена низ војните. Така настанал новиот светски поредок, а Македонија била поделена.

Да не должам. Ова денес е втората голема шизма. Додека новиот светски поредок го реорганизирал теренот, се јавуваат тројца битни Македонци што го менуваат текот на работите. Методија Андонов - Ченто, Јордан Мијалков и Никола Груевски. Со овие тројца, а последниот особено, Македонија автентично бива претставена од луѓе свесни за своите корени, своето наследство и своето место во светот како кладенец на цивилизацијата. Никола Груевски, вие може не знаете, потекнува од античката лоза на Македонски благородници, познати (на малкумина) како династијата Mih-ТekNah, од чиј род е и Александар Македонски и низ чие поколение тајно се пренесува Вистината за Македонија.
Заради ваквото позиционирање и создавање цврст темел, осуммината наследници на дел од четиринаесетмината, како увертира создадоа неколку пробни терени каде би тестирале ново, идно рушење на македонскиот фундамент. Во Украина го тестираа експериментот улична демократија, а во Сирија експериментот увезена граѓанска војна. Во меѓувреме, на нивниот сателит Џорџ Сорос му беше дадена задача да пронајде меѓу македонскиот народ барем тројца предводници на една идна, слична на тие во Сирија и Украина или фузија од двете, револуција. Заради единството на народот, Сорос најмногу од својата енергија и средства потрошил на албанците, за кои вие може не знаете, ама се племето филистини кои потекнуваат од југот на денешен Израел и имаат извршено неброени злосторства, за што и редовно биле протерувани од многу земји, за да на крај избегаат западно од степите и бидат донесени од четиринаесетмината на балканот и во Македонија, како семе на раздорот. Меѓу македонците, избрани биле Владимир Милчин, Зоран Заев и Катица Јанева, одродени луѓе без кредибилитет, двојни и тројни агенти на повеќе служби и предавници на својот народ. Исплашени од слабиот капацитет на нивните избраници и од единството на македонците, морале да ги активираат сите свои тајни служби, да вршат притисоци, да прислушкуваат разговори, да сечат, лепат и монтираат, да носат луѓе од странство за да протестираат на улица, да активираат амбасадори и европски пратеници, да носат платеници од блискиот исток за да глумат бегалци и да прават проблеми на граница, сето тоа под шифрата Шарена Револуција.

Нема да навлегувам во детали за сегашнава состојба и главните играчи во таканаречената Шарена револуција, затоа што ќе се повторувам со колешката Мирка Велиновска, која во целост ги има наведено сите главни играчи на оваа последна од многуте хајки против Македонија.
 
Член од
9 јуни 2008
Мислења
1.380
Поени од реакции
804
Пријателе да ти кажам нешто, неприродно е секој да се задоволи со леб и пипер на маса. Поготово не, ако инвестирал време пари и знаење во нешто. Е сега откако ќе го инвестираш животот и ќе пркнеш малце и кога ќе ти тропне "другарот" од власта со понуда која несмееш да ја одбиеш е тука веќе се јавува револтот. Знаеш не беше успешно вбризгувањето во глава кај сите дека ако имаш леб на маса и пари за ладно макијато немаш потреба да се буниш.

Има дел од народот што вика камења и корења ќе јадеме името (а никој не го спомиња името, него станува збор за Грујо) не го даваме. Ок, додека има кредитче за буџетари сите сме јаки. Ама идат малце позаебани денови, па баш би сакал да видам како изгледа тоа корења и камења јадење. Плата и пензија ако закасни месец дена како што се испозаглавија со кредити за да можат на одмор да идат во Грчка, не влада не Грујо и име и знаме и се ќе сменат. Баш тие што сега проповедаат патриотизам.
Далеку од тоа дека леб со леб и супер се живее, далеку сме ние од некој европски стандарди и вредности, криминал има, корупција колку душа ти сака ама дека се умирало за леб, дека режим, утре нов ден немало да пркне, толку, крај све, црнила... па не е така

ама мене ако нешто не ми чини а на други 5 души им чини и иако мојто е исправно, па не можам јас со сила да им идам, побројни се и тоа е. дпмне очигледно се побројни и сеа ајде да ја раскурцаме државава за да им се удоволи на сдсм, не бива..
не може ликови со тешки црни биографии да ми држат говор и тераат револуции а јас да отидам да им дадам подршка, да е нешто искрено граѓанско има река народ да искочи, бидејќи преку кур му е од едните и другите...

За името..дека има некоа игранка, има сигурно...не го измислуваме јас и ти тој муабет, ете ги странциве сами си даваат изјави за тоа, во време на кризава

-Кери во Атина со порака: Време е за решение за името!
-Нимиц: Сега е време да се најде решение за името

фала богу не сакам да се смени, нема никој право да го мења ама ако те набутаат у ќош, ќе си потпишеш и кока кола да се викаш, јебига
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Колку се смешни овие што ја подржуваат власта..Америка,Европа,Австралија,Канада,Кина,Русија..сите империјалистички земји се здружени да ја поделат оваа златна и библиска држава Македонија бидејќи е многу голем фактор:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:..А Милчин,Заев и Јаница биле тајни шпиуни и агенти:tvg:..со какви глупости ве трујат режимските кучиња Миленко,Јанко,Мирка и Латас не сте свесни..неможам да си поверувам онака на очите дека постојат луѓе што веруваат во овие бајки за деца..

Онде Груевски и партијата се искрадоја милиони,за цели поколенија успеаа да направат тежок капитал од наши лични пари и не направија будали со споменици,барокни фасади и триста други глупости..а овде има личности што пишуваат дека имало заговор против Македонија и Заев со Катица биле шпиуни:pos::pos::pos:..човече па на какви медицински препарати или тешки заблуди треба да си за да веруваш во овие Курир глупости..неможам да се изначудам
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom