Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Миљон пути ти напишав дека змијата не зборувала. така да ти си тој што фантазира дека ѓоамити зборувала.

Чудата Божји се случуваат по Божјата се‘ моќ и промисла, а не по нечија желба.

Пошто немаш одговор на ниту едно мое прашање, тоа само по себе е јасен доказ дека Телемата не можда да одговори на ништо конкретно.

И за крај: штом останеш без текст, при рака ти е арсеналот од навреди. Добро бе, кај ти отиде интелектуалната супериорност?...:sneaky:
И ја миљон пати те прашав од кај знаеш ти што правела змијата, како зборела, далу зборела?! Беше присутен ја виде? Или твојата фантазија е она што ти кажува што правела?
Како папагал повторуваш една иста глупост дека немало одговор на твоите прашања, а всушност за одговор го признаваш само тоа што ти си решил дека треба да ти биде кажано.
Ти за навреда ја сметаш вистината, и тоа си е твој проблем, не мој.
...треба и самиот да биде во вистината и со Вистината. Кој битисува во и со лагата, тој лаже.

Леле, ама било просто.
Сите вери тврдат дека баш тие се во вистината и со вистината. Вашиот збор против зборот на другите, ништо повеќе. Со верување можеш само да верглаш една иста фантазија и заблуда, реалноста не зависи дали и колку веруваш во некоја приказна.
„Вредностите„ од ООН се следните:

- давање легалитет на она кое веќе постои,
- давање легалитет на секое геноцидно, еретичко и демонско дејание.
Која глупост човече....!:tapp: Човековите права биле давање легитимитет на геноцидни, "еретички" и демонски влијанија?! :facepalm:
Во врска со црвениот болд!
Правото на слободно изразување било нешто кое веќе постоело? На пример изразуваш јавен став дека не веруваш во бог, и никому ништо...само малку ќе те каменуваат и малкј мртов што ќе бидеш. Родовата и полова рамноправност била нешто кое веќе постоело? На пример жената можела да гласа, да биде политичар, свештеник, учител... Правото на облекување исто така било нешто кое постоело нели? На пример девојка решава да облече кратко здолниште и тоа никој од трите староеонски религии не и го оспорува нели? Или можеби правото да биде во интимна врска со некој без разлика на неговата верска или етничка припадност? Се ова веќе постоело нели?
 
Истото беше со христијанските секташи пред скоро 2000 години ...
Како што и самата знаеш ХРИСТОС е СТАР и НОВ ЗАВЕТ, Света Тројца е објавена во Стар Завет преку пророците, а Воплотениот Бог Христос самиот се објави во овој свет објавувајќи го Новиот Завет со човекот, давајќи му спасение.[DOUBLEPOST=1462883691][/DOUBLEPOST]
Сите вери тврдат дека баш тие се во вистината и со вистината. Вашиот збор против зборот на другите, ништо повеќе.
..
Ние имаме и дела. Ај види датумот и запрашај се зошто денес велиме дека е 2016та година ПОСЛЕ ХРИСТА? (прос пример, нели...)
 
Да, навистина, сите религии нудат некое спасение, надевајќи се на нивните идоли, но не на воскреснатиот Богочовек.
Вашиот збор против зборот на другите. Ништо повеќе.
...а лагата Телемиткса со леснотија ја препознавам...
Еве колку ја препознаваш:
Навистина, Телемата не ја познавам...
Подобјасни ми го стихов, не го разбирам...:sneaky:
Ќе можеш? Јас велам дека не можеш.
Постапувај со другите како што сакаш тие да постапуваат со тебе. Ти и твојата црква упорно ги прогласувате другите за лажни, грешни и опасни, што значи дека и самите сте токму такви.
Од очигледноста ти бегаш, барајќи туѓ доказ за она кое е очигледно, а нејќеш да го испробаш на својата брада...:pos:
Најди ми правило или упатство во било кој телемитски текст каде е нагласено дека морам да пуштам брада. Јас веднаш ќе ти постирам каде во твоите евангелија пишува дека тој што верува ќе може да оживува мртви, да пие отров, да лечи болни итн, итн.
Хммм, да: да напишеше дека Телемата се појавили вчера, утре или пред 200г. пак ќе го погодеше „точниот„ датум: лагата е една и иста од кога е створена, пред некои 7500-8000г. така да секој твој датум ќе биде точен...:pos:
Лесно се утврдува кој лаже, кој не. Јас ниеднаш не се повикав на верување нечие, за се што кажав има веродостојни аргументи. Доволно е човек да има минимум разум и ќе ја препознае разликата.
 
how to hold fire in your hand (without getting burned)
...
ме радува фактот што некој се занимава со проблематиката на Светиот Оган 11 дена после видеата објавени тука, гуд хоумворк. Е сеа, ако забележа на видеата, луѓето таму имаа само обични парафински (ретко восочни) свеќи кои ги палеа еден од друг и не гореа. Никакви трикови, памуци, епрувети, работилници и сл. Ама нема везе, продужи си со домашната, блиску си до вистината. Кој бара ќе најде (вистината), рекол Христос!!! ;)
 
Ние имаме и дела. Ај види датумот и запрашај се зошто денес велиме дека е 2016та година ПОСЛЕ ХРИСТА? (прос пример, нели...)
Жити делата! Еве ви конкретно што треба да можеш ако веруваш:

Марко 16:
17.Оние што ќе поверуваат, ќе можат да извршуваат чуда: со помош на Моето име ќе изгонуваат демонски духови, ќе зборуваат на нови јазици,
18.со раце ќе фаќаат змии, ќе испиваат отрови и нема да се отрујат, ќе исцелуваат болни со ракополагање врз нив.“
 
Погрешно ги преставуваш христијаните. Знам дека мора да е се розево и прекрасно во вашите храмови и дека така сте убедени да верувате... но, верување и реалност - не се споредува.
Така христијаните го интерпретираат законот на Мојсеј, даден на евреите (или пак евреите го наследија од многу постари философии и ритуали). Како што ти си научен од твоите „свети отци“ да веруваш дека токму така е како што велат тие.

И христијаните затоа се вероодстапници според еврејскиот закон, кој што вие си го толкувате како сакате, поточно како го толкувале првите вероодстапници на Мојсевиот закон, вие денес секако сами не го толкувате новиот завет, ниту стариот, туку како рекле светите отци или некој старец...

Штом евреите рекоа: не е тоа Месијата, не гледам потреба една новопечена секта од пред скоро 2000 години да вели дека знае кој е спасителот.

Може да веруваат дека тој и тој Е спасителот и да бараат начини да го поврзат со ова или она, но тоа е нивно верување, далеку од евреите и нивиот закон. Затоа не се повикувај на еврејскиот закон и како таму се зборува токму за твојот Исус.

Не знам јас како така учени евреи дозволија група неписмени луѓе да успеат да го узурпираат и искасапат нивниот закон, па и со истиот да ги деградираат евреите од кој што и настанаа идните две религии кои сега го мачат светот...
Тоа ми големо прашање и можеби некогаш ќе создадам мислење на база на факти како успеа христијанската секта да постигне толку многу уништувања на стари учења и знаења...
 
Последно уредено:
ме радува фактот што некој се занимава со проблематиката на Светиот Оган 11 дена после видеата објавени тука, гуд хоумворк. Е сеа, ако забележа на видеата, луѓето таму имаа само обични парафински (ретко восочни) свеќи кои ги палеа еден од друг и не гореа. Никакви трикови, памуци, епрувети, работилници и сл. Ама нема везе, продужи си со домашната, блиску си до вистината. Кој бара ќе најде (вистината), рекол Христос!!! ;)

Во право си, кој бара ке најде, така да ги охрабрувам сите кои бараат, да гуглаат, или на јутуб да одат и да продолжат да бараат и со сигурност ке најдат многу повеке работи во врска со оган и трикови со оган кои се многу повеке интересни и “мистични“ од триковите со оган изведени од поповите во црквите :)
 
Освен оние што не сакаат да најдат. Им предложив да одиме во Ерусалим и да докажат на дело дека не се работи за измама. Да ја стават раката или лицето под пламенот и да ја чуваат само десет секунди без да ја движат. Ако не им биде ништо, дадов збор дека сите трошоци ќе ги платам јас. Понуда што само луд човек може да ја одбие доколку е сигурен во тоа што го тврди. Знаеш каков услов ми постави еден од нив? Да сум пуштел брада иста како таа на попот што е на видеото. Значи иако не сум јас тој што треба да докажува било што, мене ми поставува услов што е смешен!
Дали има логика некој да бара изговор или услови за шанса со која може да докаже еднаш засекогаш дека не се работи за измама?
 
Погрешно ги преставуваш христијаните. Знам дека мора да е се розево и прекрасно во вашите храмови и дека ...
Не очекувам ништо друго од некаков нововерец, чие учење е оформено 1904 и кој се обидува да ми каже дека 19те еони (или векови, по грчки) пред неговото битисување се ништо? Па самиот не си постоел 19 века и тоа само од доаѓањето на Христос, а кај се вековите пред тоа? Старозаветната Црква? Па како ти ќе кажуваш што чини а што не чини кога едвај постоиш стогодини!??? Смешно, нели?
http://daily.mk/balkan/chudo-slepo-dete-izmi-sveta-voda-progleda-majka-mu-shok-video

Eve uste edno cudo...ama allahovo...sea so prajme? Znaci i allah postoi ili posto slovenia e izvorot katolicki e automatski? Ili lazat ovie site?
Заради падот човечки Бог делува на секаков начин и ги допира луѓето онака како што Тој сака. Незнам колку е веродостоен изворот на Курир, лично се сомневам, ама еве да го земеме во предвид, значи што имаме тука? Дете се мие на некаков извор во Босна (нит го чател оџа нит ништо, пошто такво нешто не се наведува во изворот) и прогледува. Па според милост божја колку пати чуда се имат случено од страна на лекари, кои благе везе немале со вера нит со Бога? Не е до човекот, до Бога е. Човек сам по себе неможе да ствара чуда, све е до Бога!
 
Go ima na site bosanski i srpski portali. Nego deteto i majkamu se bosanski muslimani....koj bog im pomognal u slucajov? Jesus ili Allah?
 
Go ima na site bosanski i srpski portali. Nego deteto i majkamu se bosanski muslimani....koj bog im pomognal u slucajov? Jesus ili Allah?
Колку богови мислиш дека постојат?
П.С. Пишувај кирилица пошто такви се правилата на форумот. Следниот пат ќе падне пријава
 
Во право си, кој бара ке најде, така да ги охрабрувам сите кои бараат, да гуглаат, или на јутуб да одат и да продолжат да бараат и со сигурност ке најдат многу повеке работи во врска со оган и трикови со оган кои се многу повеке интересни и “мистични“ од триковите со оган изведени од поповите во црквите :)

mister blue,

како разликуваш „чудо„ од „трик„? Јас велам дека не можеш.
 
Колку богови мислиш дека постојат?
П.С. Пишувај кирилица пошто такви се правилата на форумот. Следниот пат ќе падне пријава
Nieden spored mene! Sea odgovori ti!
PS: Prijavuvaj\placi ti kolku sakas!
 
mister blue,

како разликуваш „чудо„ од „трик„? Јас велам дека не можеш.

секое чудо е чудо додека не се пронајде начинот како чудото настанало, функционира. После тоа, тоа истото чудо ако се изведува во контролирана средина со цел да се извлече некаква корист од страна на изведувачот се наречува трик.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom