Протести низ Македонија (Генерална дискусија)

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Тоа си е твое мислење. Вмро не го криеше проектот, имаше цел куп презентации пред да се гради а народот ги гласаше, така да реално повеќето не мислат ко тебе.
Јак аргумент ти е овој со повеќето. На тие повеќето да им покажеш слика од Пикасо ќе мислат дека некое дете си чкртало. Посебно овие со сендвичите, сите тие се врсни критичари на уметноста.
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Нема што да ти опишувам, направено е иди и види. Мене воопшто не ми смета, мислам дека е малку пренатрупано али во секој случај повеќе ми се свиѓа вака него порано.

За материјалите кој ги користеле, колку пари толку музика. Ако издржуваат воопшто не ми прави разлика што материјали се.

Заебанциите на „светско ниво“ углавно ни се режирани благодарение на гласноговорниците на опозицијата и нивни новинари и медиуми. Ни најмалку не ме тангираат нивните критики, експерти ко Мирослав Грчев и компанија го сјебаа Скопје па сега они ќе критикуваат.

Отепан сељак е некој што си го уништува градот и жали по празен плоштад кој имаше елка за нова година и тезги на улица Македонија... Вака да не требаше? Плоштадот во Новосибирск...

[DOUBLEPOST=1462734806][/DOUBLEPOST]

Тоа си е твое мислење. Вмро не го криеше проектот, имаше цел куп презентации пред да се гради а народот ги гласаше, така да реално повеќето не мислат ко тебе.

Во право си , колку пари толку музика само работава овде е многу пари а ич музика
 
Член од
20 април 2012
Мислења
3.678
Поени од реакции
9.692
На спомениците и на македонската историја им се исмеа најмногу тој што ги нарача вакви, лошо изработени од тотално анонимни неуки уметници, со катастрофална уметничка естетика и лошо позиционирање во просторот. Украдената пара на сметка на истите неќу ни да ја коментирам.
А албанските споменици ти се свиѓаат,добро се изработени???Ако забележиш некоја аномалија на Скендербег на пример би отишол со боја да го подотераш?
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.626
Поени од реакции
25.003
1. Ако е така, никој не излезе да протестира против ФИРОМ, дали по твојата аналогија им се допаѓа на граѓаните тоа име?
2. Ај што не ми се допаѓа, ама па и со мои пари не направено. Е тука имаме конфликт веќе.
3. Викаш во друг пост дека во време на СДС си се отселил, ќе бидеш така добар да споделиш колку барокни згради и споменици се кренати во државата кај што си се отселил во последните 30 години?
1. СДСМ го излажа народот. Киро ни кажа дека тоа име ќе биде неколку месеци.
2. Со државни пари се правени. Тука се и твој и мој и на ред други. Таман работа ако на секој мора да му се удоволи.
3. А што има врска тоа? Споменици има сигурно неколку илјади изградено а барокни згради не би можел да ти кажам, не се замарам со броење згради и проекти. Можам да ти кажам дека има цел куп низ градот а станува збор за град во новиот свет кој не е ни 200 години стар.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Куќата на мајка Тереза е сместена во листа на културно наследство. За општествово да си ја врати честа треба и на авторот (кој има душевна болест) да му се одземат сите можни лиценци и овластувања и дипломата да му се прогласи за неважечка. Да му се извини на народов за бламот со туѓи пари и она грдо ѓубре да се размонтира од таму. Овој објект е репер за се што се случи потоа и сите архитектонски чуда од анусот на засекогаш бившиот премиер. Во нетранспарентни, сомнителни постапки, најчесто без конкурс и анкета. Луѓето од Скопје ги презираат овие грдосии и радо динамит би им стаиле, не боја. Тоа е апсолвирано. Треба СЈО силно да протресе не само во финансиските неправилност при градењето на ѓубрево, туку и разноразните менувања дупови, гупови, прогласувања на гипсани срања за културно наследство и слично за да се подберат и тоа бескичмените третоешалонски војничиња како началници и директорчиња по заводи да мириснат затвор малку, да им дојде памет.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Колку очајно само ни треба трета опција, не можам органски да ги поднесам и двете партии, а верувам не е мала бројката на луѓе со став како мојот.
Баш ме интересира при евентуални избори колкава би била бројката на луѓе што нема да искочат на гласање, сигурно нема да биде мала.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.626
Поени од реакции
25.003
Јак аргумент ти е овој со повеќето. На тие повеќето да им покажеш слика од Пикасо ќе мислат дека некое дете си чкртало. Посебно овие со сендвичите, сите тие се врсни критичари на уметноста.
Ставро ако спроведен анкета и прашаш дали градот сакаш да ти наликува како Рим, Париз, Виена или како Бразилија, Билбао, Дубаи, Доха што мислиш што ќе избере рендом скопјанец?
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
А албанските споменици ти се свиѓаат,добро се изработени???Ако забележиш некоја аномалија на Скендербег на пример би отишол со боја да го подотераш?
Скендербег не беше платен од буџет и твојот ценет лижигз режисер, тогашен претседател на собрание на РМ Љубиша Георгиевски го предаде во употреба меѓу милион кечиња. Познат шалтач и бламатор како филип петровски со изјавите за сечење канџи на орли исл. Уствари обичен демагог, лажго и кукавица. Дпмне го одбри Скендербег и моментално го гради небулозниот плоштад исто без моја (наша) согласност, а споменикот го финансираше дуи од сопствени спонзори, како дел од програмата за поделба на Македонија со дпмне.
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.626
Поени од реакции
25.003
Во право си , колку пари толку музика само работава овде е многу пари а ич музика
Затоа ваљда некој ќе заглави во затвор.
 
S

silmarillion

Гостин
1. СДСМ го излажа народот. Киро ни кажа дека тоа име ќе биде неколку месеци.
2. Со државни пари се правени. Тука се и твој и мој и на ред други. Таман работа ако на секој мора да му се удоволи.
3. А што има врска тоа? Споменици има сигурно неколку илјади изградено а барокни згради не би можел да ти кажам, не се замарам со броење згради и проекти. Можам да ти кажам дека има цел куп низ градот а станува збор за град во новиот свет кој не е ни 200 години стар.
1. Абе веќе шо да ти кажам, иначе партал ќе напраевте.
2. Во која предизборна програма беше СК2014? Пошто сака да си удоволи на најсељачки начин знаеш кога Центар ќе го добијат? Никад а можда ни тад.
3. Еве ја ќе ти кажам. 0.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Ставро ако спроведен анкета и прашаш дали градот сакаш да ти наликува како Рим, Париз, Виена или како Бразилија, Билбао, Дубаи, Доха што мислиш што ќе избере рендом скопјанец?
Абе на кој Рим, Париз или Виена наликува Скопје?

:pos::pos::pos:

Ме пресмеа да не пукниш... :pos:
 

kano

Farang
Член од
27 ноември 2014
Мислења
13.626
Поени од реакции
25.003
Абе на кој Рим, Париз или Виена наликува Скопје?

:pos::pos::pos:

Ме пресмеа да не пукниш... :pos:

Скопје секогаш ќе наликува на Скопје.

Збориме за стиловите ставро... Не си толку глуп, сигурно сфаќаш што ти зборам. Народот во МКД едноставно преферира тоа. Ете истиот критичар погоре ти вика и куќата на мајка тереза не чинела што е модерно здание. Работава е што никогаш ништо нема да чини, секогаш некој ќе критикува. Ова на повеќето им се свиѓа сакал да признаеш или не. Е сега тоа со материјалите дали ќе издржат ќе видиме со тек на време...
 

k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
гаси интернет, темава можи слободно да оди под клуч , штотуку некој напрај споредба на скопје со дубаи

 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Скопје секогаш ќе наликува на Скопје.

Збориме за стиловите ставро... Не си толку глуп, сигурно сфаќаш што ти зборам. Народот во МКД едноставно преферира тоа. Ете истиот критичар погоре ти вика и куќата на мајка тереза не чинела што е модерно здание. Работава е што никогаш ништо нема да чини, секогаш некој ќе критикува. Ова на повеќето им се свиѓа сакал да признаеш или не. Е сега тоа со материјалите дали ќе издржат ќе видиме со тек на време...
Абе Кано, не знаеш што зборуваш, какви црни стилови. Париз, Рим и Виена изгледаат така како што изгледаат затоа што се работи за градби кои се правени низ вековите. Ова во Скопје изгледа како некој да сака да направи црква од 16 век. :pos: Како беше оној муабетот кога им се жалеле на Американците дека им ја урнале црквата, па овие им рекле, нема врска, ќе направиме уште постара.

Скопје моментално е архиктектонска гротеска, предмет за потсмев.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom